МакедонијаДУИ: ВРЕДИ е пред политичко распуштање ВРЕДИ е во слободен пад и на 19 октомври ќе претрпи вистински дебакл.Последните изјави на Христијан Мицкоски се јасен доказ за неговата паника пред 19 октомври. Кога еден политички лидер ја губи присебноста и измислува имагинарни сценарија за коалиции што не постојат, тоа значи само едно: тој знае дека поразот и неостварувањето на неговите антиалбански планови му чукаат на врата, се наведува во соопштението од ДУИ. Вистината е едноставна: проектот што тој го нарекува ВРЕДИ е во слободен пад и на 19 октомври ќе претрпи вистински дебакл. Наместо да зборува за визија и програма, Мицкоски се занимава со фантазии и се обидува да измислува сценарија за да ги избере сам претставниците на Албанците. Но граѓаните добро знаат: Албанците се обединети за правда и достоинство, додека неговата политичка алатка — ВРЕДИ — тоне сè подлабоко секој ден. Прашањата кои Мицкоски не се осмелува да им одговори: • Зошто на Мицкоски толку многу му пречи ДУИ? Дали случајно затоа што знае дека ДУИ не може да го потчини и да го претвори во вазал? • Зошто СДСМ нема кандидати таму каде што не се натпреварува ВМРО, како во Чаир, Тетово, Гостивар и Струга? • Зарем ова не е доказ дека ВМРО и СДСМ спроведуваат заеднички план за политичка асимилација на Албанците и продолжување на деградирачкиот проект со вазалите на ВРЕДИ? • Дали мисли Мицкоски дека може самиот да ги одредува претставниците на Албанците, сведувајќи ги на фигури на сопствената политичка сцена? • Зошто беше толку вознемирен во Собранието кога изјави дека планот на ДУИ е „да не се дозволи Македонците да избираат кој ќе раководи со албанските општини“? Реалноста е следна: Мицкоски сфати дека ДУИ не може да се елиминира. ДУИ не е само партија — туку е политичка организација на Албанците, темел и основа на еднаквоста и архитект на најголемите достигнувања на оваа држава: Охридскиот договор, членството во НАТО, преговорите со ЕУ, јазичните и институционални права. Секоја негова реченица за „елиминација“ всушност е повик за укинување на политичкиот глас на Албанците. Тоа е опасна националистичка реторика — пропадна во 2001 година и ќе пропадне повторно. За жал, во оваа валкана игра, ВРЕДИ се согласил да биде инструмент, дури мал инструмент на Мицкоски. Со таа вазалска улога тие подготвуваат терен за враќање на „српскиот свет“ преку ВМРО. Но нека знаат: со вазали не се гради ниту стабилност, ниту пак држава. На 19 октомври Албанците ќе дадат најсилен одговор: ќе го урнат опасниот проект на Мицкоски и ВРЕДИ ке се распушта. Затоа што претставниците на Албанците не ги бира ВМРО —ги бираат самите Албанци, а нивниот избор е ДУИ. Ние не исчезнуваме, не се предаваме и не се продаваме. А уште помалку се купува албанското достоинство. Нашиот глас е посилен од секоја фантазија, и на 19 октомври тој глас ќе се слушне како никогаш досега. ДУИ е тука и ќе остане единствената политичка адреса на Албанците. ДУИТагови: ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook