Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаДУИ: Власта целосно го отстрани Европското досие на земјатаВласта целосно го отстрани Европското досие на земјата и можноста за продолжување на преговорите со ЕУ.Демократската Унија за Интеграција изразува сериозна загриженост за погрешниот правец во кои Власта ја води државата, за што граѓаните сѐ погласно бараат ново политичко преиспитување. По клучните прашања од стратешки интерес, Власта се соочува со целосен пораз на приоритетите кои самата ги престави како државен интерес, што несомнено треба да резултира со предвремени парламентарни избори Водени од популистичките мотиви во пресрет на претстојните локални избори, Власта целосно го отстрани Европското досие на земјата и можноста за продолжување на преговорите со ЕУ. Во популистичките емотивни настапи, Премиерот не само што ја отфрла можноста за дополнување на Уставот со внесување на неколку малцинства, туку јавно се фали и го посочува како највисок политички успех на земјата изигрувањето серија од „Ерга омнес“ обврскитете кои произлегуваат од Стратешките договор со Грција или Преспанскиот договор. Тоа само укажува дека јавниот притисок што го создаваат изборите целосно ја оттргнаа оваа Влада од Европското досие, или како што самите го нарекоа „Приоритето број еден“. Власта со своите постапки ги прави сите напори за дерогирање на механизмите кои прозлегуваат од Охридскиот рамковен договор, што, пак, претставува сериозно наручување на мултиетничкиот карактер на државата - најсилниот и најважен темел на долгорочната стабилност и просперитет. Недостатокот од преговори, во исто време ѝ овозможи на Власта целосно да го зароби правосудниот систем, да го стави во лична и партиска фунција, и на јавна сцена да ја демонстрира дисциплина и надвластување и врз Јавното обвинителство, и врз Судската власт. Оваа неприродна состојба создава јасна и недвосмислена потреба кај граѓаните за политичко преиспитување на Власта. На државата ѝ е потребна долгорочна политичка стабилност што единствено може да се обезбеди преку одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Тоа ќе создаде и простори без изборно соочување од неколку години, што ќе им овозможи на политичките елити да влезат во суштински политички процес за спас не европското досие на земјата и фаќање на последната можност за приклучок назад на европскиот пат заедно со Албанија и Црна Гора. ДУИТагови: ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖерновски: Мицкоски и на Илинден избра да дели - го лаже и го третира својот народ како „талог“Денеска мораме да изреагираме на тоа што го видовме за време на илинденските празници, а тоа е еден говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот.Значи, на најголемиот државен празник, на Илинден, Мицкоски ја употреби, односно ја злоупотреби говорницата за повторно да ја продолжи својата политика на поделби, омраза и навреди. Мицкоски од говорницата повторно зборуваше за „талог“. Повторно своите сограѓани ги нарече „талог“. Кој е тој „талог“ за кој, всушност, зборува Мицкоски? Тоа се сите оние што не се согласуваат со него. Тоа се сите оние што знаат колку е Мицкоски неспособен. Тоа се сите оние што знаат колку Мицкоски лаже. Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние што се борат за европска перспектива на својата држава. Истиот човек кој со години нас, граѓаните, нè нарекува, цитирам, „талог на општеството“, „мекотели“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“, повторно, и тоа од говорницата во Пелинце, каде што требаше да се испрати порака за обединување, го користи истиот јазик на омаловажување. Повторно истиот јазик на етикетирање. На денот кога треба да се зборува за слобода, на денот кога треба да се зборува за достоинство, за иднина, Мицкоски повторно избра да ги навредува своите сограѓани. Мицкоски повторно избра да го дели народот. Ова веќе не е патриотизам. Ова е патолошка политичка омраза и тоа веќе треба јасно да се каже. И додека самиот Мицкоски за својот народ зборува како за „талог“, Македонија тоне во економска криза. Животниот стандард секојдневно опаѓа. Водата е отруена во сè повеќе населени места во државата. Државата е заглавена без напредок во евроинтеграциите. Реформите стојат во место. Или, како што и самиот Мицкоски кажува, тој ја клати државата, ги клати граѓаните во еден привиден воз, а возот всушност не постои, а богами не постои ни шина. Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената на неговата неспособност и секојдневно се уверуваат во начинот на кој Мицкоски ги навредува. Прво, во еден квазипатриотски вознес , ги повикуваше граѓаните летните одмори да ги поминат покрај прекрасните македонски езера, реки и планини, за неколку дена потоа самиот тој да изјави дека нема да оди на одмор во Македонија, туку ќе оди на друго место. Откако му стана јасно дека ги лаже граѓаните, на сите ни кажа дека тој, всушност, нема да оди на одмор, туку ќе оди на екскурзија. Така што, ако го видите Мицкоски на плажа, да знаете дека тој е на екскурзија. Почитувани, Христијан Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани сè додека нас нè нарекува „талог“. Сè додека македонските граѓани ги нарекува „талог“, ние, за жал, немаме премиер, немаме лидер. Ние имаме шеф на една организирана криминална група. Ете, тоа е Христијан Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработкаТагови: Жерновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски повторно лаже - нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанинВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа.Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта. Тоа не е точно. Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи - СВР Охрид, станува збор за 52-годишен жител на Струга (С.Г., роден 1974 година од Кочани) - македонски граѓанин со македонска лична карта. Нема странски агент. Има само незадоволен граѓанин. Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидоа да го претстават секојдневниот гнев на народот како „странска агентура“ и „бугарска провокација“. Ова е класичен модел: кога граѓаните се бунат - лажат дека се странци. Кога немаат резултати - бараат непријатели. Кога се критикувани - ги нарекуваат граѓаните „талог“. Реалноста е поинаква. Граѓаните се незадоволни. И тоа е целосно македонско незадоволство. Како и секогаш, Мицкоски и организираната криминална група ВМРО повторно лажат. Граѓаните веќе се навикнати - со ВМРО-ОКГ вистината не постои. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаПочна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри. Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри. По отстранувањето на стариот асфалт, на двете улици ќе се изврши замена на тампонскиот слој со дебелина од 30 сантиметри, со што ќе се обезбеди поквалитетна, побезбедна и подолготрајна патна инфраструктура. Овие активности се дел од проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром. Општина Аеродром продолжува посветено да инвестира во модерна, безбедна и квалитетна инфраструктура, за подобри услови за живот на сите свои жители. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00