ДУИ: Вината треба да се бара таму каде што треба,а не таму каде што е невозможно да постои вина - Канал 5

ДУИ: Вината треба да се бара таму каде што треба,а не таму каде што е невозможно да постои вина

Како што се обелоденуваат нови факти поврзани со трагедијата во Кочани, сѐ поизразени стануваат сомнежите во однос на професионалноста и кредибилитетот на институциите задолжени за спроведување на истрагата и самиот процес на утврдување на одговорност

ДУИ: Вината треба да се бара таму каде што треба,а не таму каде што е невозможно да постои вина

Како што се обелоденуваат нови факти поврзани со трагедијата во Кочани, сѐ поизразени стануваат сомнежите во однос на професионалноста и кредибилитетот на институциите задолжени за спроведување на истрагата и самиот процес на утврдување на одговорност, која мора да ја има.

И покрај тоа што МВР поднесува кривични пријави а Јавното обвинителство формално иницира истраги, нивната насока и обем предизвикуваат сериозна загриженост поради очигледното избегнување на неколку клучни аспекти од случајот, кои изгледа се свесно изоставени или намерно ограничени.

Во овој контекст, неопходно е да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на Управата за јавни приходи (УЈП) во целата оваа ситуација.

Според информации објавени од истражувачките стории на медиумите, кабарето „Пулс“ било официјално затворена и пломбирано од страна на УЈП во втората половина на декември 2024 година, поради утврдени прекршувања поврзани со неиздавање на фискални сметки.

Сепак, и покрај тоа што фирмата што ја управувала дискотеката, „МММ Кафе ДООЕЛ Кочани“, имала блокирана сметка уште од јули 2024 година, истата повторно започнала со работа многу бргу , без никакви институционални пречки или законски санкции.

Неповлекувањето на одлуката за забрана за работа односно недозволувањето за вршење на работа, би значело дека кабарето немаше да биде активно подолг период, а со тоа веројатно ни за кобната ноќ.

Овој потврден факт, отвора сериозни особено правни но и политички прашања во врска со тоа како било возможно повторното отворање на дискотеката во вакви околности и кој и како имал влијание врз донесувањето на таквата одлука.

Јавноста со право бара одговори на сомнежите дека повторното отворање било резултат на политички притисок од страна на член во актуелната влада.

Ако овие сомнежи се покажат како основани, тогаш тоа претставува директен атак врз владеењето на правото и демонстрира политичка интервенција во независноста на институциите.

Оттука, се поставува прашањето дали токму овој политички притисок е причината поради која Обвинителството и полицијата свесно ја игнорираат оваа линија на истрага и ја штитат по секоја цена?

Ваквите наводи упатуваат на можна злоупотреба на службената положба и политичко влијание врз институционалните процеси, што повлекува и потенцијална кривична одговорност на сите инволвирани страни.

Вината треба да се бара таму каде што треба, а не таму каде што е невозможно да постои вина и причинско-последична врска со трагичниот случај, се наведува во партиското соопштение.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер