ДУИ: Пад од 61% на странските инвестиции,економска последица на неспособно и антиевропско владеење - Канал 5

ДУИ: Пад од 61% на странските инвестиции,економска последица на неспособно и антиевропско владеење

Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Македонија.

ДУИ: Пад од 61% на странските инвестиции,економска последица на неспособно и антиевропско владеење

Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Македонија: пад од 61% на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година, со вкупна вредност од само 468 милиони евра.

Ова е еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата.

Странскиот инвеститор бара правна сигурност, функционални институции, политичка стабилност, професионална администрација и јасна евроатлантска перспектива.

Кога државата создава неизвесност, политички тензии и недостаток на стратешка насока, капиталот избира други дестинации.

Додека земјите од регионот се натпреваруваат за нови инвестиции, Северна Македонија губи чекор со алармантно темпо.

Падот од 61% значи помалку работни места, помало производство, помали можности за повисоки плати и помалку шанси за младите.

Актуелната влада го доби мандатот со ветувања за економски развој и рекордни инвестиции. Денес билансот е целосно спротивен.

Внатрешната политичка изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, затегнатите односи со меѓународните партнери и застојот на европскиот пат создаваат директни економски последици.

За оваа состојба мора да има јасна политичка одговорност. Влада која за кратко време ја носи државата на дното во регионот по странски инвестиции, нема кредибилитет да бара трпение од граѓаните.

Оставката на оваа влада е првиот неопходен чекор за враќање на довербата, стабилноста и развојната перспектива на државата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Посетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“.

Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници.

На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување.

Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. 

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“

На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.

Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.

Македонија е наша татковина.

Независноста е наше наследство.

Иднината е наша заедничка обврска.

Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Честит 8-ми Септември!

Честити 35 години независна Македонија!

Движење ЗНАМ за наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер