3Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари
МакедонијаДУИ: Комесарката за проширување, Марта Кос, е искрен и значаен пријател на нашата државаМинистерот за интеграции Муртезани има суштинска одговорност: да го брани европскиот курс, а не да молчи кога тој е нападнат.Не само поради нејзината актуелна функција, која е клучна за нашиот пат кон Европската Унија, ниту само поради нејзината лична врска со регионот, што само по себе претставува уникатна можност за нас, туку пред сè поради нејзиниот длабоко европски пристап кон почитување на различностите и заштита на етничките посебности во Европа. Наместо Владата да ја препознае оваа можност и да ги зајакне овие врски, го пропушти шансата да го искористи Самитот на лидерите на Западен Балкан со Европската Унија, и на најнегативен можен начин покажа недостиг на гостопримство и нетолеранција, дури и кон најискрените пријатели на државата. Не смееше да се дозволи изјавата на Комесарката,дека „идентитетот не е предмет на политички условувања, туку суштина на човековото достоинство и израз на неговата посебност“, да стане цел на кампања на омраза и потсмевање. Уште помалку, таа реакција да биде поттикната од извори блиски до власта. Особено загрижува фактот што Министерот за европски интеграции Орхан Муртезани не сметаше дека е потребно јавно да го одбрани овој став, ниту да го истакне значењето на вредностите кои се темел на институцијата што ја раководи. Напротив, со своите неточни и релативизирачки ставови, тој стана дел од една линија на однесување која ја доведува во прашање односот со еден од најсилните гласови што ја поддржуваат нашата европска перспектива. Во време кога државата има потреба од стабилни партнерства и јасно раководство во процесот на интеграција, оваа тишина, и во одредени моменти оправдување на националистичките ставови, не претставува технички, туку политички неуспех. Министерот за интеграции Муртезани има суштинска одговорност: да го брани европскиот курс, а не да молчи кога тој е нападнат. Граѓаните заслужуваат посериозно и подостоинствено претставување во овој процес, а нашите меѓународни пријатели, почит, а не организирано потценување одвнатре. ДУИТагови: ДУИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Трета економија во Европа, прва по празни фрижидериХристијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ со месеци зборуваат за „трета економија во Европа“ и „прва по туризам“.Реалноста на граѓаните е сосема друга. Платите стојат. Инфлацијата продолжува. Цените растат секој месец. Во буџетот нема пари за зголемување на платите, а наскоро нема да има ни за пензии. Владата сака да го национализира вториот пензиски столб - да ги земе парите на граѓаните за да покрие дупките што самите ги создадоа. Есента доаѓа. Во септември почнува училиште. Зимата е блиску. Веќе се најавува недостиг на струја поради нискиот водостој на Дунав. Увоз на струја значи ново поскапување. Централното греење поскапе. Ќе поскапи и огревното дрво. Владата не е способна да води економска политика. Освен бајките на Мицкоски, граѓаните добиваат само поскапувања. Земјоделците се во најтешка состојба. Нафтата и ѓубривата поскапеа. ИПАРД фондовите ги нема поради корупција. ЕУ фондовите ги нема поради изолацијата што ја спроведува оваа Влада. Нема мерки, нема откуп, нема субвенции. Наместо да го хранат регионот и да имаат отворен пристап до европскиот пазар, земјоделците едвај врзуваат крај со крај. Ова е економската политика на Мицкоски: празни ветувања, празни фрижидери и полни џебови на тендер-коалицијата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општинаПо последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата. Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен. „Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, вели во видеото членот на ИО на ЛДП, Јанкоски. Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаФинансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денариПрвопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Македонија. Првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484,00 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198,00 денари. Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664,00 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003,00 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677,00 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846,00 денари. Исто така, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18% во износ од 12.630.670,00 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177,00 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267,00 денари. Со наведените дејствијаСо наведените дејствија првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари. Управа за финансиска полицијаТагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter