ДУИ ќе предложи отворени листи на следните парламентарни избори, најави Османи - Канал 5

ДУИ ќе предложи отворени листи на следните парламентарни избори, најави Османи

Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, денеска на својот Фејсбук-профил најави дека за следните парламентарни избори неговата партија ќе предложи отворени листи.

ДУИ ќе предложи отворени листи на следните парламентарни избори, најави Османи

Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува“, напиша Османи.

Според него, тоа е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во собранието.

Оваа изјава на османи доаѓа откако во земјава се актуализира идејата за една изборна единица. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат една изборна единица во која право на глас ќе има и дијаспората, а ЛДП и Демократскиот сојуз веќе поднесоа и конкретни предлог-закони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

В недела бесплатен превоз за Трново

В недела на 2 август организиран ќе биде бесплатен автобуски превоз до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново каде ќе се одржи 55-та Семакедонска средба.

В недела бесплатен превоз за Трново

Ова е распоредот на поаѓања.

Автобус број 1

09.15 Кукуречани пред продавници

09.30 Горно Оризари (Стадион)

Автобус број 2

09.15ч с.Бистрица(село)

09.30ч Буковски Ливади (Постојка)

Автобус број 3 и 4

09.10ч Ат Пазар(пост)

09.20ч Карпош (Св.Тома постојка)

09.30ч Ракометно (Пост)

09.40ч Симпо (Пост)

09.50ч Болница(пост)

10.00ч Довлеџик пред Јосифов (постојка)

Автобуси број 5 и 6

09.10ч Бела Чешма

09.20ч Шехерзада(постојк)

09.30ч Црн Мост

09.40ч Веро (Постојка)

09.50ч Маркет Анџела(Брусничка)

Враќањето е во 13:00 часот.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна

Новото зголемување на температурите, кои во одредени региони се очекува да достигне и над 40 степени, го зголемува ризикот од труење со храна, предупредува Агенцијата за храна и ветеринарство.

АХВ: Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна

Високите температури, како што велат од АХВ, се погодни за размножување на микроорганизми во храната, поради што особено внимание треба да се посвети на начинот на купување, транспорт и чување на лесно расипливите производи.

Од таму препорачуваат храната да се купува од проверени места, каде што производите, особено месото, млекото и јајцата, се чуваат на соодветни температури. А за во објектите за брза храна препораката е да се избегнуваат додатоците што не стојат во ладилник, како што се мајонез, кечап, крем-салати, сосови, преливи.

-Да се избегнува купување храна со оштетена амбалажа, разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како месото, млекото и јајцата, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се избегнува купување разладена или замрзната лесно расиплива храна, која се чува надвор од ладилник или замрзнувач - велат од АХВ.

Професор Жанина Переска од клиниката за токсикологија алармира дека пациентите кои примаат хронична терапија треба да бидат особено внимателни за време на високите температури. Покрај општата препорака за избегнување престој на отворено во најтоплиот дел од денот и носење лесна и светла облека, д-р Переска советува лицата кои примаат редовна кардиоваскуларна, психијатриска, невролошка и антиалергиска терапија, да посветат внимание на задоволителен внес на течности.

Топлотниот бран претставува ризик и за животните, предупредува АХВ. Високите температури, особено во комбинација со влага и недоволна вентилација, може да предизвикаат топлотен удар, кој доколку не се третира навреме може да има и фатален исход за животните. Од АХВ советуваат да се реагира доколку се забележи исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија влегува во период на екстремно високи температури – расте опасноста од нови пожари

Аларм! Тревога! ве молам бидете внимателни - доволна е само една искра за катастрофален пожар и страшна трагедија!

Македонија влегува во период на екстремно високи температури – расте опасноста од нови пожари

Македонија ја зафаќа силен топлотен бран што создава висок ризик за брзо настанување, ширење и тешко гаснење на пожарите на отворен простор, алармира првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Освен инструкции за превенција од потпалување, тој упати и апел до граѓаните да го пријават секое сомнително однесување на лица кои на отворен или шумски простор се забележани со лесно запаливи материјали и течности.

-Половина Европа гори, затоа ве молам не фрлајте отпушок од цигара на отворен простор, особено не од возило во движење. Не палете скара или оган на отворен простор или во шума, исчистете ја тревата од дворовите на вашите викендици и куќи. Пријавете доколку забележите лабави електрични жици помеѓу две бандери во ЕВН или на 112. Земјоделци, ве молам не палете ги вашите стрништа. Сточари, ве молам не палете ги вашите пасишта,- -Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов уверува дека во оваа сезона на пожари, ДЗС настапува со засилен технички и човечки капацитет – има поголем број на противпожарни возила, меѓу кои 20 пинцгауери, 15 БТРи И 5 хермелини а низ државава работат 900 професионални пожарникари како и 200 доброволци, изјави Ангелов.

-За прв пат после долги години, имавме три функционални ер трактори со три пилоти, кои навистина одлично ја вршат својата работа. Имаме три функционални хеликоптери, еден пола-хеликоптер кој ќе го користиме за извидување како и два хеликоптери кои ќе ги користиме за транспорт на луѓе. На располагање имаме и еден армиски хеликоптер со ведро со носивост од три тона,- -Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов додаде дека во случај на големи пожари низ територијата на државава, на располагање се и припадниците на армијата и полицијата, меѓутоа, како што вели човечкиот фактор останува најчеста причина за пожарите, за кое е предвидено и кривично дело, со парична или затворска казна од 1 до 10 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер