ДУИ го избришаа видеото со Ахмети дека никогаш не изгубил ниту една војна

Видеото со Али Ахмети поврзано со 2001 и пораката дека никогаш не изгубил војна кое ДУИ го објави речиси во исто време откако американскиот претседател Бајден објави нова извршна наредба, неколку часа подоцна го избриша.

Истото за кратко време вчера масовно го споделуваа членови и симпатизери на ДУИ, на него се гледаа кадри од Ахмети облечен во униформа на УЧК а во јавноста беше протолкувано како повик за уривање на уставниот поредок. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, не одговори директно на прашањето дали ќе се преземе нешто околу пораките и реториката во видеото, но порача дека дошло времето кога секој треба да се соочи со правдата.

-Кога некој е кабает и тоа голем кабает, нормално е дека ќе пробува да дефокусира, да измислува теми кои не се тема, да наметнува прашања кои се затворени многу одамна. Ова само би го оценил како неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од тоа што е реалност, а тоа е дека заврши времето кога криминалците не одговараа. Заврши времето кога нивните предмети се буткаа под тепих и дојде времето кога секој еден треба да се соочи со правдата,- изјави – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Доколку МВР или било кој поднесе кривична пријава, обвинителството ќе постапи, брифираат оттаму за Канал 5.

Сепак дел од експертите препознаваат кривично дело во реториката на видеото.

-Споделување на видео со кое се повикува на насилно рушење на државните институции не може да биде наивно и не смее да се прикажува како минорна работа.

Смета универзитетската професорка Мирјана Најчевска според која:

Секој кој споделува видео со воена содржина со која се поддржува или повикува на насилно рушење на уставниот систем треба кривично да биде гонет врз основа на член 305 од Кривичниот законик.

..кој се однесува на кривичното дело велепредавство според кој:

Член 305

Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Ахмети го објави видеото кратко откако американскиот претседател Бајден ја објави извршната наредба за проширување на рамката за Американската црна листа со која се прошируваат условите за санкционирање на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан.

Почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија

Извршниот директор на австриската градежна групација Страбаг, Клеменс Хаселштајнер, неочекувано починал, јавуваат австриските медиуми.

Компанијата, една од најголемите во земјата, „со голем шок“ ја објави „ненадејната и неочекувана“ смрт на 44-годишниот вчера доцна вечерта. Австриските медиуми ја цитираа изјавата на портпаролката на компанијата дека Хаселштајнер починал од природна смрт.

Неговите претходни должности сега, како што соопштија од компанијата, привремено ќе ги преземат другите членови на одборот.

Страбаг е една од најголемите градежни групи во Европа. Според информациите, компанијата неодамна остварила годишна продажба од 19 милијарди евра и вработува околу 86.000 луѓе ширум светот, пренесува Bild.

Хаселштајнер е во одборот од 2020 година, а негов претседател од јануари 2023 година. Тој беше третиот најстар син на градежниот магнат Ханс Питер Халштајнер, студираше бизнис администрација во САД (Универзитетот во Чикаго), а потоа работеше за Страбаг во Русија пет години и уште пет години во Штутгарт за подружницата на Страбаг во Зублин пред да се пресели во Одборот.

44-годишникот зад себе остави три деца.

Компанија во Македонија е позната по изградбата на бројни патни делници, како онаа од коридорот 8 , потоа патниот правец Градско – Дреново, Штип- Радовиш , како и железничката делница кон Куманово.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапува во сила во недела во 8:30 часот по локално време

Прекинот на огнот во Појасот Газа договорен од Израел и палестинското исламистичко движење Хамас треба да стапи во сила во недела наутро во 08:30 часот по локално време, соопштија властите на Катар, кој беше посредник во постигнувањето на договор.

Од каратското Министерство за надворешни работи, исто така, упатија апел до жителите на Појасот Газа „да преземат мерки на претпазливост и да чекаат насоки од официјални извори“.

Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.

- Владата го одобри планот за ослободување на заложниците. Планот ќе стапи во сила во недела, 19 јануари 2025 година, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Нетанјаху.

Советот на министри го одобри планот и покрај противењето на екстремно десничарските министри.

Хамас веќе објави дека ги прифатил условите од договорот и се обврзува да ги почитува.

Според договореното, прекинот на огнот треба да започне утре.

Договорот во три фази предидува првичична шестнеделна пауза на борбите што го опустошија Појасот Газа во изминатите 15 месеци и, според здравствените власти на Хамас, загинаа повеќе од 46.000 луѓе на палестинска територија.

Во текот на оваа прва фаза, Хамас треба да ослободи 33 заложници кои ги држат милитантите во Газа, а Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници кои се држат во неговите затвори.

Во недела се очекува да бидат ослободени првите заложници.

Договорот беше постигнат по неколкумесечни индиректни преговори со посредство на Катар и САД.

Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога припадници на Хамас упаднаа во Израел и убија околу 1.200 луѓе.

РКЕ во 2024 година издала 299 лиценци за нови капацитети за струја од обновливи извори

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), во 2024 година издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори- Сонце.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), во 2024 година издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори- Сонце, со вкупно инсталирана моќност од близу 330 MW, соопшти нејзиниот петседател Марко Бислимовски.

- Трета година по ред како инвестициите во обновливи извори на енергија не губат на темпо. Само во 2024 година приватната иницијатива реализраше енергетски инвестиции кои по вкупната моќност се нешто повеќе од еден блок од РЕК Битола. Иако станува збор за различен тип на енергија, едната е од обновливи извори и карактеристично е што е достапна кога има услови (сонце, ветер, вода), а другата е базна енергија, сепак овие бројки се значајни кога ќе се погледне големата сликата. Со инвестицискиот циклус кој е во континуитет три години (2022,2023 и 2024 година) достигнат е инсталиран капацитет од близу 880 MW, а резултат е зголемено домашно производство на струја, еднаква за задоволување на потребите на семејствата од Скопје, Гостивар, Велес, Битола, Дојран, Свети Никола, Охрид и Струмица или вкупно 285 илјади домаќинства, вели Бислимоски.

Во 2022 година издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 152,2 MW, додека во 2023 година со 399 MW, што пак влијаеше нето увозот на струја од претходните 30 % да се намали на рекордно историско ниво од 2,75 %, се посочува во соопштението од РКЕ.

притисни ентер