ДУИ: Ги промовираме успешните резултати од сеопфатните партиски реформи и антикорупциски мерки - Канал 5

ДУИ: Ги промовираме успешните резултати од сеопфатните партиски реформи и антикорупциски мерки

Демократската унија за интеграција ги промовира успешните резултати од спроведувањето на сеопфатните реформски и антикорупциски мерки како дел од нејзината континуирана заложба за транспарентност, отчетност и интегритет. 

ДУИ: Ги промовираме успешните резултати од сеопфатните партиски реформи и антикорупциски мерки

Овие иницијативи се дизајнирани да ги зајакнат демократските процеси во партијата и да ја вратат довербата на јавноста во политичките институции.

Сеопфатни партиски реформски мерки

Како одговор на зголемената потреба за модернизација и инклузивност, ДУИ реализира сеопфатна реформа на својата партиска структура и работење. Клучните елементи на оваа реформа вклучуваат:

1. ДУИ ја зголеми својата транспарентност со спроведување на нови политики за да обезбеди поголем кредибилитет во процесите на донесување одлуки. Реформата вклучува отворени состаноци, редовно јавно известување и достапни канали за комуникација за членовите на партијата и јавноста.

2. Инклузивното учество е дел од заложбите на партијата за поттикнување на инклузивна средина каде што се слушаат и почитуваат различни гласови. Иницијативите за промовирање на родовата еднаквост и учеството на младите се приоритетни за ДУИ со цел да се обезбеди порепрезентативна партиска структура.

3. Воведувањето на новиот кодекс на однесување, кој ги наведува стандардите и очекувањата за сите членови на партијата, ги промовираше етичките стандарди на ДУИ. Овој кодекс служи како основа за подигање на свеста за интегритет и одговорност кај членовите на партијата и пошироката јавност.

Преземени конкретни чекори за ветинг

Како дел од својата реформска агенда, ДУИ воведе ригорозни процедури за ветинг на сите партиски кандидати и членови. Овие чекори вклучуваат:

1. Членовите на ДУИ кои претендираат да бидат избрани на партиски позиции подлежат на сеопфатни проверки на нивното лично и професионално делување, проверки кои сега се задолжителни за сите партиски кандидати. Овој процес има за цел да се осигура дека поединците со историја на неетичко однесување нема да добијат позиции на влијание.

2. Воспоставени се посебни процедури за скрининг за да се оцени соодветноста на кандидатите. Овие процедури имаат задача да ги проценат квалификациите, интегритетот и посветеноста на партиските вредности на кандидатите.

3. ДУИ воспостави механизам за повратни информација од јавноста, со цел собирање информации од граѓаните и членовите на партијата во врска со потенцијалните кандидати. Оваа иницијатива има за цел да го зајакне вклучувањето на заедницата во процесот на проверка и да обезбеди решавање на грижите на јавноста.

Успешните резултати од спроведувањето на реформите и антикорупциските мерки веќе покажаа значајни резултати:

1. Зголемената доверба и ангажман на јавноста е евидентна на сите состаноци и настани на ДУИ, како доказ за зголемувањето на партиското членство и нивното учество во партиските активности.

2. Забележана е подобрена внатрешна одговорност, што резултира со идентификување на можностите и потенцијалот за етички прекршувања, вклучително и подготовка на мерки за тоа како истите успешно да се спречат.

3. Се спроведува стратешки акционен план за зајакнување на партнерствата со граѓанските организации и меѓународните институции, конкретно посветен на промовирање на транспарентноста и доброто владеење.

ДУИ останува цврсто во својата мисија да води со пример и да негува политичка средина која се карактеризира со интегритет, инклузивност и одговорност. Овие реформи се доказ за посветеноста на партијата да им служи на граѓаните и да ги поддржува демократските вредности.

ДУИ

Евростат: БДП на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 отст

Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 проценти споредено со претходните три месеци, објави денес Евростат.

Евростат: БДП на еврозоната се зголеми во првиот квартал од 2025 година за 0,3 отст

Резултатот е послаб од претходно проценетиот раст од 0,4 проценти, но сепак ги надминува очекувањата на економистите од јануари.

Меѓу големите економии, Германија оствари квартален раст од 0,2 проценти, Шпанија ги надмина очекувањата со раст од 0,6 отсто, а Италија 0,3 проценти, додека Франција забележа поскромен раст од 0,1 отсто.

Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети.

Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, досега се продадени околу 3.000 карти.

Натпреварот ќе се одигра во олимписката сала „Сунел Арена“, продажбата на билети започна во вторникот и како што објави МИА се по цена од 10, 15 и 40 евра во ВИП делот.

Денеска пак, два дена откако беа пуштени во продажба, голем дел од билетите веќе се распродадени, па домаќините отворија уште два блока од една од трибините, со што засега, отворени за гледачи се 12 од 44 блока од трибините во салата, а доколку бидат исполнети, ќе се отворат и дополнителни.

- Со брзо темпо продолжуваат да се продаваат билетите за првото европско финале на Европскиот куп на ЕХФ против Алкалоид, кое ќе се одржи во „Сунел Арена“ во недела, 18 мај во 19:00 часот. Поради големата побарувачка, АЕК информира дека се отворени и блоковите 3 и 10 од салата! Ве повикуваме сите да го поддржите нашиот тим на патот кон европскиот успех, соопштија од АЕК.

Извори од клубот за МИА посочија дека досега се продадени околу 3.000 билети.

Натпреварот АЕК-Алкалоид во Атина е закажан за 19 часот по локално, 18 часот по македонско време, а реваншот во Скопје ќе биде една седмица подоцна, на 25 мај во спортската сала „Борис Трајковски“.

Салата „Сунел Арена“ во западниот дел на Атина, изградена за Олимписките игри одржани во 2004 година, а реновирана пред четири години, има капацитет да прими околу 9.000 гледачи, а од 2019 година ја користи КК АЕК за натпреварите во грчката кошаркарска лига, но е приспособена за одржување и на ракометни натпревари.

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Шпанските аеродромски власти ќе го ограничат пристапот до аеродромот во Мадрид во одредени делови од денот како превентивна мерка за да се спречат бездомниците да спијат на неговите терминали. 

Шпанија го ограничува пристапот до аеродромот во Мадрид за да спречи собирање на бездомници

Само патници со авионски билети, вработени на аеродромот и оние што придружуваат некого со билет ќе имаат дозвола да влезат на аеродромот, соопшти Шпанската аеродромска управа.

Управата наведува дека ограничувањата ќе бидат спроведени во следните неколку дена, но не прецизираше точно кога или во кое време. Со месеци, на аеродромот во Мадрид на некои терминали се собираат бездомници. Локалните медиуми објавија дека станува збор за стотици бездомници.

„Аеродромите не се места наменети за живеење, туку се инфраструктури исклучиво за транзит, кои во никој случај не нудат соодветни услови за ноќевање“, се наведува во соопштението на Шпанската аеродромска управа.

Управата оваа недела соопшти дека побарала помош од градските власти на Мадрид за решавање на проблемот пред неколку месеци, но дека досега не добила доволно помош.

Префрлањето на вината меѓу властите на различни нивоа го остави нерешен проблемот пред почетокот на летната туристичка сезона. Во 2024 година, Шпанија прими рекордни 94 милиони странски туристи.

притисни ентер