ДУИ: Балансерот донесе застапеност, ВЛЕН донесе исклучување - Канал 5

ДУИ: Балансерот донесе застапеност, ВЛЕН донесе исклучување

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на најновата пропаганда на ВЛЕН, којa се обидува да прикаже лажна реалност .

ДУИ: Балансерот донесе застапеност, ВЛЕН донесе исклучување

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на најновата пропаганда на ВЛЕН, којa се обидува да прикаже лажна реалност преку манипулирани статистики и вештачки триумфализам, додека на терен се случува спротивното: исклучување на Албанците од државните институции.

Народниот правобранител јасно потврдува дека порастот на застапеноста на Албанците се случувал до октомври 2024 година, односно додека беше во сила механизмот на балансерот. Секоја позитивна бројка во Извештајот за 2024 година е директен резултат на овој уставен механизам, изграден и заштитен од ДУИ, а не резултат на каква било политика или ангажман на ВЛЕН.

Во меѓувреме, по укинувањето на балансерот, реалноста во институциите зборува поинаку.

Само пред една недела, седум Албанци со решенија за трајно вработување беа отпуштени без никаква законска причина, под директна одговорност на министерот Стоилковиќ, додека ВЛЕН молчи. Уште поалармантно е што меѓу отпуштените има и воен инвалид, што претставува тешка законска, морална и национална неправда.

ВЛЕН вети дека ќе ги „заштити албанските службеници“. Денес е јасно дека нема ниту глас, ниту храброст, ниту политичка волја да застане во нивна одбрана. Нивното молчење пред овие арбитрарни отпуштања претставува политичко соучесништво.

Политичката иронија го достигнува својот врв кога ВЛЕН, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, го напаѓаа балансерот, а денес неговите придобивки,Влен, ги прикажува како сопствен успех. Одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот во октомври 2024 година, која тие ја прогласуваат за „победа“, не е ништо друго освен директна реализација на предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, копирана збор по збор и во владината програма поднесена во Собранието во 2024 година.

Што се однесува до т.н. „Закон за правична застапеност“ на Каракамишева, ДУИ јасно истакнува дека овој закон, во својата сегашна форма, не само што не гарантира застапеност, туку целосно ја поткопува. Тој:

• не предвидува етнички квоти;

• не предвидува етничка идентификација на граѓаните;

• нема механизми за спроведување на уставната вредност на правична и соодветна застапеност;

• и не содржи никакви санкциски одредби, со што законот станува неспроведлив и само политички декор.

Да се зборува за „пораст на застапеноста“, додека Албанците се отпуштаат од работа без причина и без институционална заштита, е политичко лицемерие.

ДУИ не зборува со пропаганда, туку со факти. Ние не браниме статистики, туку конкретни луѓе, конкретни семејства и достоинството на Албанците во оваа држава.

Денес е јасно:

Балансерот донесе застапеност. ВЛЕН донесе исклучување, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер