Дуда: Полјаците им простија на Германците за воените злосторства, но не ги заборавија - Канал 5

Дуда: Полјаците им простија на Германците за воените злосторства, но не ги заборавија

Според полскиот премиер Доналд Туск, главните лекции за Полска на 85-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна се: никогаш повеќе осаменост без сојузници и никогаш повеќе слабост.

Дуда: Полјаците им простија на Германците за воените злосторства, но не ги заборавија

На 85-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна, со германскиот напад на 1 септември 1939 година врз полскиот град Вјелуњ и полскиот гарнизон во Гдањск, полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Полјаците им простиле на Германците, но тие не заборавиле и очекуваат оштета за уништувањето и злосторствата на Хитлерова Германија врз Полјаците.

-Едно е простувањето и признавањето на вината, а друго обештетувањето. И тоа прашање се уште не е затворено. Длабоко верувам дека ќе се реши бидејќи никој никогаш не се откажал од очекувањето дека ако некој дојде и ни уништи нешто, тие се должни да ни платат за тоа, рече полскиот претседател во Вјелуњ.

Централната комеморација по повод 85-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна почна во 4 часот и 40 минути во Вјелуњ, првиот полски град што беше бомбардиран, а пет минути подоцна на полуостровот Вестерплате во Гдањск, каде што се паднаа првите гранати од германскиот воен брод Шлезвиг-Холштајн што пукал врз полскиот гарнизон на овој полуостров на Балтикот и почнала Втората светска војна.

-Зборуваме никогаш повеќе војна. Никогаш повеќе светот не може да се согласи на војна. А тогаш имаше согласност. Хитлер се осмели поради таа согласност. Тој сфати дека светот не реагира кога ја анектираше Австрија, ја распарчи Чехословачка и порано започна со истребување на Евреите во Германија“, потсети претседателот Дуда.

Церемонијата на Вестерплате во Гдањск започна со ударите на камбаните Pax et Reconcilatio, (Мир и помирување) во црквата Света Катерина и сирените пред споменикот на хероите, неколкуте полски војници кои го бранеа полуостровот една недела со таква посветеност и храброст што германскиот командант на полски командант по предавањето од почит му одобрил да ја носи сабјата.

-Не е доволно да се зборува за помирување, не е доволно да ја наведнат главата со чуство на вина за оние кои ја нападнаа Полска и ја предизвикаа Втората светска војна. Денес главен доказ дека таа лекција е разбрана е целосната посветеност на одбраната, подготвеност да го организира западот на Европа, НАТО во одбрана од агресијата на која сме сведоци на боиштата на Украина, изјави полскиот премиер Доналд Туск на Вестерплате.

Според полскиот премиер Доналд Туск, главните лекции за Полска на 85-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна се: никогаш повеќе осаменост без сојузници и никогаш повеќе слабост.

-Денеска не велиме никогаш повеќе војна. Денеска мораме да кажеме никогаш повеќе осаменост. Во историјата веќе не може да биде случај Полска да стои сама против агресијата на овој или оној сосед. Мораме да кажеме гласно и никогаш повеќе слабост. Затоа ја создаваме најмодерната армија во Европа, една од најсилните во Европа, за повеќе да не ја ставаме на ризик нашата татковина, рече Доналд Туск.

Оваа недела полската Влада го усвои буџетот за следната година, во кој за одбрана, модернизација и зајакнување на полската армија беа издвоени рекордни 4,7 отсто од БДП, највисокиот во НАТО, што некои германски медиуми го коментираа прашувајќи дали Полска повеќе не смета на колективната одбрана на НАТО и ја зајакнува својата армија како повторно да е осамена и без сојузници.

Во Втората светска војна животот го загубиле околу шест милиони полски граѓани, од кои повеќе од половина биле полски Евреи.

Материјалното уништување било најголемо во Варшава, а според проценките, од вкупните трошоци на Хитлерова Германија од 12 милијарди евра за претворање на полските градови во урнатини, за Варшава биле пресметани 8,5 милијарди евра. Штетите во патниот сообраќај се проценети на 6,9 милијарди евра, во железницата на 16 милијарди евра, а штетите во земјоделството достигнаа 12,6 милијарди евра./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ ги повлече војската и полицијата од Пионирскиот парк во Белград во изборната ноќ, по притисокот од Европската унија, која се обиде да спречи судири што би можеле да прераснат во граѓанска војна.

Поранешна амбасадорка на Белгија во Србија откри што направила ЕУа во ноќта на поразот на Вучиќ

Ова го изјави Дениз де Хаувере, поранешната белгиска амбасадорка во Србија, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Според неа, Европската унија активно ги следела настаните во Србија пред парламентарните избори на 25 октомври, на кои „Студентската листа“ ја победи СНС на Вучиќ и стави крај на неговото долгогодишно владеење.

„Сигурно сте слушнале дека токму благодарение на Европската унија, Вучиќ ги повлече војниците и полицијата од Пионирски парк. Унијата изврши притисок врз него да не започнува нешто што би можело да заврши со граѓанска војна. Тоа значи дека ЕУ многу внимателно следи што се случува“, изјави Де Хаувере.

Во изборната ноќ, владата на Вучиќ распоредила голем број припадници на безбедносните сили околу зградата на Претседателството и Републичката изборна комисија во Белград. Ваквото распоредување на војската и полицијата го зголемило стравот од можни судири по објавувањето на изборните резултати. Де Хаувере смета дека Европската унија не само што ги набљудувала настаните, туку презела и чекори за да спречи насилство.

Поранешната амбасадорка изјави дека Европската унија е подготвена да им помогне на новите власти во Србија во спроведувањето на реформите и во зачувувањето на политичката стабилност. „Сега не е време за одмазда или за расчистување сметки со политичките противници, туку за работа на реформирање на институциите. Европската унија е тука и е подготвена да помогне“, рече Де Хаувере.

Таа ја истакнала важноста од одржување на функционирањето на економијата и обезбедување стабилна политичка ситуација за време на транзицијата на власта.

Де Хаувере, која служеше како белгиски амбасадор во Белград од 2006 до 2011 година, го обвини Вучиќ дека во Брисел зборувал поинаку за Европската унија отколку што со години им зборувал на граѓаните на Србија.

Според неа, на средбите со европските претставници тој се претставувал како политичар посветен на европските интеграции, додека во Србија тврдел дека Брисел поставува неправедни барања.

„Се разбира, тоа беше лага. Но, тоа функционираше некое време – сè додека критиките не станаа навистина пресилни“, изјави поранешната амбасадорка. Таа оцени дека ваквата политика придонела за назадување на демократијата во Србија и дека, со текот на времето, ЕУ престанала да прави отстапки пред Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Нов фанастичен меч на еден од најдобрите светски кошакари Лука Дончиќ во НБА. 

Видео: Дончиќ ја зема таблата од рацете на тренерот и ја нацрта акцијата за кош

Утрово Лука Дончиќ и Лос Анџелес Лејкерс го победија Феникс со 131–123. Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, предводејќи ги уште еднаш Лејкерс до нивната 12-та победа во сезоната, во вкупно 14 одиграни натпревари.

За време на натпреварот, Дончиќ повлече необичен потег. На еден тајмаут Лука ја зема таблата од рацете на еден од помошните тренери, Линдзи Хардинг и сам ја нацрта акцијата што сакаше Лејкерс да ја одиграат во следниот напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер