Дубровник Форум 2025: Муцунски на работна вечера посветена на Украина - Канал 5

Дубровник Форум 2025: Муцунски на работна вечера посветена на Украина

 Муцунски јасно ја истакнал континуираната поддршка и солидарност што Република Македонија ја дава за Украина.

Дубровник Форум 2025: Муцунски на работна вечера посветена на Украина

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, присуствуваше на работна вечера посветена на Украина - важен политички формат на кој, како регион, уште еднаш беше потврдена силната и недвосмислена поддршка за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во согласност со принципите на меѓународното право, соопшти Министерството.

Во обраќањето, министерот Муцунски јасно ја истакнал континуираната поддршка и солидарност што Република Македонија ја дава за Украина, како и подготвеноста да продолжи со оваа поддршка и во иднина, во партнерство со сојузниците.

Особено го поздравил усвојувањето на заедничката декларација со која беа потврдени заложбите за итно запирање на воените дејствија, пронаоѓање решение преку дипломатски преговори, ревитализација на енергетскиот сектор на Украина, како и обезбедување одговорност за извршените злосторства преку неодамна формираниот Специјален трибунал за злосторство на агресија против Украина.

Министерот Муцунски истакнал дека Северна Македонија останува цврсто определена за поддршка на Украина и нејзините напори за зачувување на слободата, демократијата и европските вредности. Во своето обраќање изразил увереност дека состаноци во ваков регионален формат можат да бидат од голема корист за Украина, особено во контекст на определување на следните чекори што би воделе кон постигнување праведен и траен мировен договор и ставање крај на руската агресија.

Инаку, Дубровник Форум изгради репутација на значајна платформа за меѓународен дијалог, нудејќи простор за размена на ставови и дебата за најважните геополитички и безбедносни предизвици. Секоја година, темите на форумот се поставуваат во контекст на актуелните глобални случувања, придонесувајќи кон формирање на посигурен, поправеден и поконструктивен меѓународен поредок.

На маргините на форумот, министерот Муцунски оствари одвоени билатерални средби со своите колеги – шефовите на дипломатија на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ; на Косово, Доника Гервала-Шварц; на Грузија, Мака Бочоришвили; и на Молдавија, Михај Попшои.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус.

Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења.

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. 

 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада

Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата.

-Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд

Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел.

-На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар

Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер