Дуа Липа ветува ноќ за паметење во Лондон на првото големо шоу пред публика - Канал 5

Дуа Липа ветува ноќ за паметење во Лондон на првото големо шоу пред публика

Brit Awards 2021 ќе се одржат на 11 мај во лондонската Арена пред публика „во живо“ - тоа ќе биде првиот голем музички настан во затворено по повеќе од една година заради пандемијата на коронавирус и организаторите ќе пуштат 4.000 луѓе во салата.

Дуа Липа ветува ноќ за паметење во Лондон на првото големо шоу пред публика

Дури 2.500 билети за спектаклот ќе бидат дистрибуирани бесплатно на клучните луѓе за да ги наградат за нивната неуморна работа за време на пандемијата - бесплатните билети беа достапни во четвртокот преку т.н. гласачки ливчиња на веб-страницата brits.co.uk.

Церемонијата, што ќе се пренесува во живо на ITV, ќе ја води Џек Вајтхол, а номинираната Дуа Липа вети дека дефинитивно ќе биде „ноќ за паметење“.

Овогодинешните Brit Awards 2021 се внимателно испланирани во соработка со британската влада, која го вклучила настанот како дел од нејзината научно-истражувачка програма - имено, подобрениот пристап за тестирање ќе испита како слични настани може да се случат без потреба од физичко дистанцирање. Секој ќе мора строго да се придржува до безбедносните упатства, а во О2 арената ќе имаат дозвола да влезат само 4.000 лица, наместо 20.000 колку што салата може нормално да ги прими.

Гостите нема да мора да бидат социјално оддалечени или да носат заштитни маски, но ќе мора да ги следат постојните владини упатства и да се придржуваат до правилата утврдени од организаторите на настанот. Доказ за негативен тест ковид-19 е задолжителен за сите, пишува Дејли меил. Како дел од пошироката научна студија, од сите присутни се бара да одат на тестирање по доделувањето на наградите за да се соберат дополнителни докази за безбедноста на одржувањетоп настани во затворено без физичко растојание и носење маски.

- Исклучително тешка година е зад нас и јас сум воодушевена да им оддадам почит на клучните работници, хероите кои толку добро се грижеа за сите нас, и тие продолжуваат да го прават тоа. Тие се едноставно инспирација. Brit Awards секогаш биле посебни за мене и ова навистина ќе биде ноќ за паметење - изјави 25-годишната пејачка Дуа Липа, која е номинирана во три категории.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“, научничката што го откри „Оземпик“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија во Вила Водно ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“... 

Сиљановска-Давкова ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“, научничката што го откри „Оземпик“

Станува збор за скопјанка која живее во Њујорк и е светски призната како научничка која придонела за откривање на современите лекови за дијабет и дебелина, како што е Оземпик...

Таму е Сања Трајковска Ставров... Сања, кои се заслугите на Мојсова за ореденот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втора дебата на Платформата 12.05: Очекуваат оставка од Филипче

Платформата 12.05 која бара оставка на раководството на СДСМ и формирање на широк опозициски фронт, денеска во Скопје ја одржува втората дебата, овој пат на тема „35 години независност“.. 

Втора дебата на Платформата 12.05: Очекуваат оставка од Филипче

Венко Филипче и актуелното раководство со нивното однесување станаа фракција во СДСМ, членството е на наша страна во огромно мнозинство, изјави Игор Ивановски, еден од организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, која денеска одржа нова средба насловена „Што по 35 години?“. И покрај одбивањето на Филипче да поднесе оставка од претседателската позиција на СДСМ , од платформата чиј дел се истакнати членови и поранешни високи функционери на СДСМ, не се откажуваат од нивните намери за конкретни чекори за смени на раководството во партијата и, како што велат, пораз на оваа Влада и ВМРО-ДПМНЕ. Планот за консолидација и структурни промени, за кои како што кажа Ивановски, многупати реагирале во партијата, ќе му го достават на Филипче деновиве, а од него очекуваат да ги прифати за доброто на партијата.

„Јас знам дека на Венко Филипче му е тешко. И ќе му биде уште потешко. Но не смее да и биде потешко на СДСМ. Тој има шанса макар на крајот да со своите постапки помогне да во овој момент заробена партија се отвори и се врати на членството. Низ една нормална, демократска постапка, процедури, членството на крај ќе одлучува. Но едно е јасно. Во ваква состојба како што е сега, во овие изминати 2 и пол години како резултат на активноста токму на претседателот Филипче и на таа една клика којашто во основа е бизнис профитерска, партијата не може да победи на избори. Таа група е најдобра инвестиција на власта во државата.“, изјави Игор Ивановски.

На денешната втора дебата на Платформата учествуваа и Амар Мециновиќ од Левица и Мирослав Јовановиќ, лидерот на Српска странка во Македонија, како и претставници од невладиниот сектор, јавниот живот и различни општествени чинители. Од Левица велат ќе дадат шанса на оваа иницијатива за опозициско окрупнување и промени, иако остануваат на своите идеолошки и партиски позиции.

„СДСМ триесет години се претставува како некаков антипод на ВМРО-ДПМНЕ но јасно е дека неказнивоста помеѓу овие две партии е единственото универзално правило кое ние го имаме во Македонија. Левица е парламентарна партија со јасни позиции кои ќе ги застапи на овие разговори и ние иамме одговорност да рзговараме со сите опозициски елементи во општетството за потенцијално мобилизирање на одговор против Владата на ВМРО-ДПМНЕ.“, изјави Амар Мециновиќ.

Лидерот на СДСМ Филипче вчера изјави дека нема да отстапи пред барањата на платформата, кои ги нарече платеници на власта, но е подготвен за средба со нив. Според него намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и оцени дека станувало збор за пуч во СДСМ, а тој, како што кажа, имал легитимен мандат да ја води партијата. Од платформата во 12 и 05, пак, тврдат дека тие нема да бидат нова политичка партија ниту, пак, ќе поднесуваат независни листи на парламентарните избори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија

Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија.

Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија

Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија, порача денеска австрискиот европратеник Томас Вајц, во обраќањето на Граѓанскиот форум „Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“..

Во спротивно, рече, граѓаните ќе го бараат подобриот живот на друго место.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер