Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Шоу бизДуа Липа се соблече во мини бикини- фановите воодушевени (ФОТО)Светската поп-ѕвезда со косовско потекло Дуа Липа (29) моментално ужива на одмор во Австралија по серијата концерти, а на социјалните мрежи сподели неколку фотографии во бикини.На фотографиите таа носеше шарени мини бикини, а заедно со објавата испрати и бакнежи до своите обожаватели. „Бакнежи од Сиднеј во моето омилено боди“, напиша таа покрај објавата. Објавените фотографии ги воодушевија фановите кои ѝ дадоа многу комплименти. „Доаѓам, чекај ме на плажа“, „Убава си“, „Те обожавам“, „Колку си жешка“, „И јас ти праќам бакнежи“, „Само ќе речам - леле“, „Нашата кралица“, „Таа е едноставно совршена“, „Боже, омажи се за мене“, се дел од коментарите на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Се шушка дека е свршена. За потсетување, пејачката во декември минатата година на Инстаграм сподели серија фотографии на кои покажа како ги поминала празниците со семејството и момчето, британскиот актер Калум Тарнер (34). Обожавателите на една фотографија забележале дека 29-годишната пејачка носи дијамантски прстен на левата рака, што ги поттикна гласините за нивната свршувачка. View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Иако ниту таа ниту нејзиното момче официјално не ја потврдија свршувачката, извор за британски The Sun изјавил дека парот се верил. "Дуа и Калум се многу заљубени и знаат дека ова е засекогаш. Тие се свршени и не можат да бидат посреќни. Дуа ја имаше една од најдобрите години во нејзината професионална кариера и ова беше шлаг на тортата". Тие се во врска нешто повеќе од една година. Да потсетиме, парот е во врска нешто повеќе од една година, но врската официјално ја потврдија минатото лето. Британскиот актер претходно беше во врска со актерката Ванеса Кирби, додека пејачката со албански корени ја прекина врската со францускиот режисер Ромен Гаврас во декември минатата година.Тагови: бикини фанови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБитола денес беше град на трчањетоНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката. ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата. Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката. Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола. Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожарот на Брач сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓеПожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад. Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс. Milna. Bračani dragi, držite se! pic.twitter.com/UCbF18cH9f — JurMag (@jur_magud) September 12, 2026 Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух. Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.Тагови: пожар Брач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter