Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
2Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
КултураДТС воведува награда „Горан Стефановски“ за драмски текст од млад авторДТС воведува награда „Горан Стефановски“ за драмски текст од млад автор, конкурсот отворен до 20 февруари. Од денеска до 20 февруари е отворен конкурс на Драмскиот театар Скопје за наградата „Горан Стефановски“ која ќе се доделува за драмски текст од млад автор, до 30-годишна возраст. Драмските текстови примени на конкурсот ќе ги оценува петчлена комисија и добитникот на нововостановената награда на ДТС ќе биде објавен најдоцна до средината мај годинава. Наградата се состои од паричен износ од 60.000 денари и обврска на Драмскиот театар да го постави наградениот текст на својата сцена во наредните две сезони. Директорот на ДТС Роберт Вељановски на прес-конференција денеска соопшти дека иницијативата за наградата е на претходната управа на театарот и со цел да се стимулира драмското творештво кај младите. Според него, се што е добро треба да продолжи и да се надградува. Како што рече, Горан Стефановски е „еден од амблематските автори коишто биле поставувани на сцената на Драмскиот театар“. - Горан Стефановски е неиздвоив дел од историјата на Драмскиот театар кој на својата сцена има поставено 15 претстави, од кои осум се праизведби, на драмски текстови на Стефановски. Токму затоа решивме во негова чест од оваа година да востановиме награда со којашто ќе го стимулираме драмското творештво на младите автори со цел и идеја да ни се роди нов Горан, да ни се родат нови претстави кои ќе живеат на сцената на Драмскиот театар и претстави кои ќе го отсликаат времето во кое живееме, рече Вељановски. Имињата на петте членови на жирито не ги соопшти затоа што треба да бидат одобрени од Управниот одбор, но рече дека се „исклучително сериозни луѓе, дел од нив универзитетски професори“ и оти ќе има „исклучително компетентна и квалитетна комисија која ќе ги проценува“. Конкурсот е анонимен и пријавувањето со шифра. Пропозициите се содржани во конкурсот што ДТС ќе го објави денеска на својата веб-страница. Подготвено е и визуелно решение за конкурсот, на авторите Бранко Прља и Дарија Пројковска. Вељановски соопшти дека на денот на објавувањето на добитникот на наградата „Горан Стефановски“ во мај ќе биде промовирана и книгата „Горан во Драмски“ од Александра Бошковска, издадена од ДТС во 2020, која досега не е промовирана зашто е објавена во време на короната. Во книгата се содржани податоци за 15-те претстави на Горан Стефановски поставени на сцената на Драмскиот театар. На новинарско прашање за буџетот што му е одобрен на ДТС за 2025 со Годишната програма за поддршка на проекти од културата, Вељановски информираше дека имаат поголем буџет од минатата година и неофицијално, како што рече, средствата се околу 100 проценти зголемени во однос на 2024. - Но, да не шпекулирам, денеска ќе имам средба со министерот за култура и ќе ми бидат соопштени детали за Годишната програма за 2025 година, додаде директорот на Драмски театар-Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетар Богојески во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Петар Богојески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во ГрцијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001. Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Шоу бизНикол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог. Брак на 22 години Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа. За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“. Кариера и љубов Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа. Деценија брак и развод Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“. „Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време. Нов живот и поглед назад Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз. „Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа. Извор: Индекс.хрТагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter