Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
КултураДТС ќе одбележи 80 години со премиера на „Мачкина глава“, монографија и гостувања на театри на неговата сценаВељановски рече дека ДТС работи интензивно деновиве. Драмскиот театар - Скопје (ДТС) ќе го одбележи 80-годишниот јубилеј со премиери, гостувања на други театари на сцената и со промоција на монографија. Централната прослава ќе биде на 21 април со премиера на претставата „Мачкина глава“ по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Подговотките за оваа премиера ДТС ќе ги почне на крајот на овој месец. - Овој авторски текст на Венко Андоновски, во согласност со стилот и начинот на кој пишува професорот, реферира на „Диво месо“ како една многу значајна референца во македонската драматика - рече на прес-конференција Роберт Вељановски, директор на Драмскиот театар. Соопшти дека ќе поканат десетина театри од Македонија, речиси сите скопски театари, да гостуваат на сцената на Драмски и да го одбележат неговиот јубилеј. Како што рече, веќе се во преговори со театарот од Ниш да игра една претстава, но не се во можност да финансираат гостувања и на други театри од странство. Вељановски рече дека ДТС работи интензивно деновиве. В петок ќе имаат премиера на монодрамата „Драми на принцезите - Џеки“ со актерката Трајанка Илиева-Вељиќ, а во тек се и подготовките на „Ова е само крајот на светот“ по текст на Жан-Лик Лагарс на режисерката Теа Беговска, која премиерно ќе биде изведена на 7 март. Програмата за 2026 година почнале да ја реализираат, рече тој, иако сè уште немаат официјално известување од Министерството за култура и туризам колкав ќе биде буџетот за театарот. - Лично сметав дека е предолг периодот што ќе го изгубиме до објавувањето на резултатите бидејќи сето тоа оди во согласност со законот - 45 дена по изгласувањето на буџетот и затоа подготовките за премиерата на 7 март ги почнавме многу порано - рече директорот на Драмски. По одбележувањето на јубилејот во април, во ДТС ќе работи босанскиот режисер Дино Мустафиќ, кој ќе ја постави претставата „Федра“ според делата на Жан Расин и Сара Кејн. Сè уште не е прецизирано дали ќе има две одделни претстави или спој на двата текста, но и во двете адаптации една актерка ќе ја игра Федра. Премиерата се очекува на фестивалот Охридско лето. До крајот на годината ќе излезе и монографија за 80-годишнината на Драмскиот театар - Скопје. Оваа година ќе има два броја од списанието на ДТС, „Театрски гласник“, од кој едниот ќе биде тематски и посветен на актерката и режисерка Тодорка Кондова-Зафировска. Првата претстава, која на 4 март 1965 била одиграна на сцената на ДТС во објектот во кој сега е сместен театарот, била „Богомилска балада“ во режија на Кондова-Зафировска, адаптација на романот „Она што беше небо“ на Владо Малески. Вељановски информира и за активностите на ДТС во рамките на РУТА (Регионална унија на театрите). Штотуку се вратиле од фестивалот РУТА Љубљана со две претстави – „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ и монодрамата „Кармен“ и рече дека публиката била одушевена од изведбите. Следно РУТА-гостување на ДТС е во Тиват во април. Во Драмски сè уште нема пристигнато драмски текст на конкурсот за наградата „Горан Стефановски“ наменет за млади автори до 30 години, кој е отворен до 28 февруари. Лани не беше избран добитник на наградата и ако тоа се случи и оваа година, рече Вељановски, со одлука на Управниот одбор на ДТС ќе ги променат пропозициите и веројатно ќе нема ограничување за возраста на авторот на текстот. -Ако наградата не се доделува, не ја разбирам смислата за нејзиното постоење, рече Вељановски во врска со оваа награда чиј добитник треба да биде соопштен во пресрет на 27 април - денот на раѓањето на Горан Стефановски. На прес-конференцијата Вељановски информираше и дека в петок, заедно со директори на други театри, ќе има средба со министерот за култура и туризам Зоран Љутков по реакциите во јавноста за зголемувањето на цената на билетите за претставите. Тагови: Драмскиот театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16