ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата - Канал 5

ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог.

ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата

Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението.

- Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ.

Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите - за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“.

- Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести - Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот.

Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи - 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот.

- Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина норвешкиот крал Харалд Петти

Кралот на Норвешка, Харалд Пети, почина на 89-годишна возраст, една недела откако беше примен во болница на лекување поради ретка крвна состојба, потврди претседателската палатата.

Почина норвешкиот крал Харалд Петти

По 35 години на престолот, тој ќе остане запаметен како популарен и реформски монарх кој ја модернизираше круната и служеше како обединувачка фигура во најтешките моменти за Норвешка. Кралските набљудувачи велат дека бил приземјен, почитуван и омилен, честопати опишуван како „дедо на нацијата“ и „народен крал“, титула која му се припишуваше и на неговиот татко, кралот Олав Пети. Тој ќе биде наследен од неговиот син Хокон, кој има 53 години. Според норвешкиот уставен систем, промената на монархот настапува веднаш и нема класична церемонија на крунисување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното

Не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното во европскиот компромис од 2022 г. , вели во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“ министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.

Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното

„За жал, оттогаш до денес не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното. Ние не поставуваме нови услови и не бараме ништо надвор од веќе договорената европска рамка. Довербата се гради кога преземените обврски се исполнуваат и кога гледаме конструктивен пристап насочен кон изнаоѓање решенија. Конфронтацијата и антибугарската реторика не ја приближуваат Македонија до Еу – тие само водат кон губење драгоцено време, вели Петрова за Стандард.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ден на рударите – МАНУ повикува на одржливо рударство

Металите се предуслов за современите технологии, зелениот раст без пристап до суровини е неодржлив. 

Ден на рударите – МАНУ повикува на одржливо рударство

На Македонија ѝ е потребно рударство како предуслов за остварување на зелената транзиција, истакна научниот соработник во МАНУ, Александар Дединец на настанот посветен на Денот на рударите. Дединец нагласи дека во земјава прашањето не треба да биде „за или против рударството“, туку „какво рударство сакаме“, а ваквиот пристап отвора простор за развој на проекти со современи технологии и високи еколошки стандарди, при што економските придобивки од минералните ресурси би се комбинирале со одговорност кон животната средина. Во тој контекст, тој смета дека „Иловица-Штука“ може да биде еден од проектите преку кои „ќе се тестира примената на принципите на одржливото рударство во Македонија“.

„Имаме што да понудиме.. Стратегијата на МАНУ ги препознава бакарот,среброто, златото, оловото, цинкот, никелот, хромот, манганот, но и значаен број нанаметалични минерални суровини, како и јагленот и водата за пиење. Тоа е потенцијал кој не треба ниту да го преценуваме, но ниту да го игнорираме. Треба паметно да го истражиме, да знаеме со што располагаме и да знаеме под кои услови треба да се користи.“- Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ

Во земјава во моментов функционираат четири рудници за метални суровини, но само еден од нив произведува критичен и стратешки минерал – „Бучим-Боров дол“, каде се експлоатира бакарна руда. Кај новите инвестиции активен е проектот за ископ на критичен минерал – рудникот за бакар „Иловица-Штука“. Инвеститорот го најавува проектот како најголема странска гринфилд инвестиција од над 340 милиони евра само во првите две години и би можел да ја позиционира компанијата меѓу трите најголеми извозници во земјата.

„Не можеме да зборуваме за идниот економски развој без да зборуваме за енергија. Не можеме да зборуваме за иднина на енергетиката без да зборуваме за климатските промени, а се повеќе станува јасно дека не можеме да зборуваме за декарбонизација и зелена транзиција без да зборуваме за минералните суровини… За да изградиме нискојаглеродна економија ќе ни бидат потребни повеќе, а не помалку од одредени минерални суровини. Нема соларни електрани без минерални суровини, нема ветерни електрани без метали, нема електрични возила, батерии, мобилни телефони и современа електроника без суровини кои некаде треба да бидат истражени, ископани, преработени и ставени во функција. - Александар Дединец, научниот соработник во МАНУ

Македонија има минерални суровини и долгогодишна рударска традиција, а зелениот раст без пристап до суровини за зелените технологии е недостижен, вели научната фела.

Економското влијание на рударството не завршува на портите на рудникот. Еден рудник создава работа и за транспортни компании, градежништвото, машинската индустрија, лабораториите, инженерските и проектантските компании, локалните добавувачи и голем број мали и средни претпријатија, порача Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.

Инаку, според последните податоци, во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, а рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер