Еко свест: Граѓанските енергетски заедници стануваат реалност со новиот Закон за обновливи извори на енергија
1Еко свест: Граѓанските енергетски заедници стануваат реалност со новиот Закон за обновливи извори на енергија
МакедонијаДСЗИ не утврди грешка при третманот на починатото бебе на ГАК Државниот санитарен и здравствен инспекторат не утврди неправилности во случајот со починатото новороденче на 1 октомври во делот на водењето на медицинската документација .Државниот санитарен и здравствен инспекторат не утврди неправилности во случајот со починатото новороденче на 1 октомври во делот на водењето на медицинската документација од моментот на примање на родилката во болницата, раѓањето и начинот на кој било медицински третирано новороденчето. Директорот на ДСЗИ Кирил Лазов објасни дека на вонредниот медицински надзор било утврдено дека родилката на 28 септември била примена како итен случај и на клиниката била хоспитализирана на патолошкиот оддел. На 29 септември таа била породена со царски рез и родила живо машко дете кое четири часа по раѓањето морало поради средно тежок респираторен дистрес веднаш било однесено на интезивната нега каде било интубирано и му била дадена антибиотска терапија. По влошувањето на состојбата детето било повторно реинтубирано и бил повикан кардиолог и детски хирург. Од ДСЗИ објаснија дека побарале од министерството за здравство да се иницира комисија каде ќе се разгледа медицинскиот третман кон бебето. А она што е клучно во моментот е извшетајот од нарпавената обдукција што се уште не е готов. Лазов потврди дека по рекакцијата на началничката за можна грешка од страна на педијатрката која го интубирала бебето веднаш била оформена комисија и донесени мерки. Од Клиниката за гинекологија објаснија дека она што било во нивна надлежност било превземено и педијатрката била преместена на друг оддел. А на родителите им рекле дека за причината на смртта ќе бидат известени по добивањето на наодот од обдукција. Родителите изјавија дека не им било укажно на лекарска грешка и ќе поднесат кривична пријава за Клиниката за гинекологија. И јавното обвинителство отвори предмет за овој случај. Тагови: ГАК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕко свест: Граѓанските енергетски заедници стануваат реалност со новиот Закон за обновливи извори на енергијаНовиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори (објавен во Службен весник бр. 146/2026) воспоставува правна рамка за системот на производство, користење и поттикнување на обновливите извори на енергија (ОИЕ) во Македонија.Основната цел на законот е намалување на увозната зависност, подобрување на сигурноста во снабдувањето и исполнување на климатските цели, преку поттикнување на граѓаните и компаниите да произведуваат енергија за сопствени потреби. Со ова, за првпат се овозможува граѓаните, локалните власти и малите претпријатија заеднички да инвестираат во производство, користење и споделување на зелена енергија, т.е. енергија добиена од обновливи нефосилни извори. Според законот, енергетскатазаедница може: да произведува, складира, користи и продава електрична енергија; да ја распределува произведената енергија меѓу своите членови согласно меѓусебни договори; самостојно или преку агрегатор да учествува на пазарот на енергија; да стекне статус на повластен производител и да користи мерки за поддршка. При тоа, примарната цел на заедниците мора да биде обезбедување еколошки, економски и социјални придобивки за членовите и локалната заедница, а не остварување профит. Новиот закон ја дефинира енергетската заедница („заедница на обновливи извори на енергија“) како „правно лице основано согласно Законот за задругите, на доброволна основа и отворено учество, самостојно и независно, заеднички поседувано и контролирано од страна на основачите и/или членовите, со живеалиште, престојувалиште или седиште, во географско подрачје во близина на енергетскиот објект за производство на енергија кој е во сопственост или изграден од правното лице.“ Концептот овозможува широко локално учество и членство во енергетските заедници каде членови можат да бидат: физички лица (граѓани), единици на локалната самоуправа, микро, мали и средни претпријатија и јавни установи. Исто така, постои можност за различни комбинации на здружување: општина и група граѓани, станбени заедници (згради), граѓани и мали локални компании, или целосно приватни иницијативи без учество на локалната самоуправа. Општините можат да бидат клучни двигатели преку заеднички инвестиции во фотоволтаични системи на јавни објекти, училишта или соларни системи за централно греење и ладење. Иако законот ја поставува правната основа и ги дефинира правата на заедниците, тој не содржи детална процедура (чекор-по-чекор) за нивно основање. Во самиот закон сè уште не се прецизирани тмоделите за распределба и методологијата за пресметка на уделите меѓу членовите, ниту пак административната постапка за регистрација и приклучување. Овие прашања треба да се доуредат со подзаконски акти и прописи на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика и операторот на дистрибутивниот систем. „Ја поддржавме месната заедница во Белица со инсталација на фотоволтаични панели на едукативниот центар за развој во Белица. Нашите неодамнешни истражувања на перцепциите и ставовите на населението во општините Новаци и Вевчани за енергетските задруги се позитивни, при што главни мотиватори се еколошките и економските придобивки. Како клучни фактори при одлуката за основање или пристапување кон енергетска задруга се висината на почетната инвестиција и трошоците, поддршката од државата и општината и очекуваната финансиска корист. Главни пречки за граѓанско учество се финансиските ограничувања, недовербата, недостигот на информации и недоволната институционална поддршка од општините“ – изјави Жарко Конески, Програмски координатор за енергија од Еко-свест. Во својата работа, Еко-свест се залага за енергетски сектор кој е целосно заснован на децентрализирано одржливо користење на обновливи извори на енергија, со минимално негативно влијание врз животната средина и јавното здравје. Во овој систем граѓаните имаат можност слободно да учествуваат во производството на енергија од обновливи извори и слободно да се здружуваат за производство на енергија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаЈанчев: Детското игралиште во Михајлово омилено место за најмладите[🤸] Детската смеа е најубавиот доказ дека ова беше вистинска инвестиција.Детското игралиште во Михајлово веќе подолго време е омилено место за најмладите. Секојдневно е исполнето со дечиња, млади луѓе и семејства кои уживаат во играта, дружењето и времето поминато на отворено. Современите детски реквизити овозможуваат безбедна забава, но и придонесуваат за развојот на моторичките способности и физичката активност кај децата. Со вакви проекти создаваме простори кои живеат секој ден – места каде што се создаваат насмевки, пријателства и убави детски спомени. [💚] Продолжуваме да инвестираме во содржини што го подобруваат квалитетот на животот на сите генерации, напиша на својот фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачотВистинската драма се одвивала во Трст, кога автомобилот заедно со возачот завршил во Јадранското Море. Благодарение на брзата и одлучна реакција на припадниците на Воената академија од Модена, возачот бил спасен само неколку секунди пред возилото да потоне. Италијанското Министерство за одбрана објави дека членовите на Воената академија, кои во тој момент биле во посета на градот, без двоумење дошле на помош. Војниците скокнале во морето, допливале до возачот и го извлекле на брегот, каде што потоа го предале на екипите на брзата помош. Во официјалното соопштение беше истакнато дека оваа брза реакција е израз на вредностите што Воената академија им ги пренесува на идните офицери на италијанската армија и карабињерскиот корпус, имено храброст, чувство за должност, несебичност и дух на служба. Questa mattina a Trieste, durante una visita in città, alcuni militari in servizio presso l'#AccademiaMilitare di Modena sono intervenuti senza esitazione dopo aver assistito a un drammatico incidente: un'auto è precipitata in mare in Piazza Unità d'Italia con il conducente a… pic.twitter.com/3hjm6Arm9n — Ministero Difesa (@MinisteroDifesa) July 12, 2026 Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, исто така, ја пофали храброста и обуката на војниците. „Тие дејствуваа инстинктивно, ставајќи ги сопствените животи во служба на спасување на друг човек. Тоа е највистинското значење на воениот повик - да ѝ служите на вашата земја и да го заштитите човечкиот живот, секогаш, дури и кога тоа не е официјална обврска. Ви благодарам“, рече Крозето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook