МакедонијаДСЗИ: Чиста е документацијата на починатата Елена Ѓорѓиевска Инспекторите што влегоа во болниците каде што била третирана 37-годишната Елена Ѓорѓиевска што починала дома на истиот ден кога била испишана од Дигестивна хирургија, не најдоа грешки и пропусти во нејзината медицинска историја и записите.Инспекторите што влегоа во болниците каде што била третирана 37-годишната Елена Ѓорѓиевска што починала дома на истиот ден кога била испишана од Дигестивна хирургија, не најдоа грешки и пропусти во нејзината медицинска историја и записите, потврдува за Канал 5 Директорот на ДСЗИ Кирил Лазов. Тој вели дека инспекторите влегле и на Гастроентерохепатологија и на Дигестивна бидејќи подолг период сега веќе починатата млада мајка, била хоспитализирана во овие две клиники. Иако, не нашле пропуст од нивна надлежност Инспекторатот бара Министерот да формира комисија од стручни лица што ќе го проследат патот на лекување од медицински аспрект и ќе можат да заклучат дали при третманот имало лекарска грешка или не. -Во документацијата стои дека пациентката била испишана на 1.11.2025 година во добра општа состојба со уреден локален наод и даден совет за терапија и хигиенодиететски решим. При вонредните вонредни надзори не се констатирани недостатоци во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Поднесена е иницијатива до Министерот за здравство за формирање на комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката,- - Кирил Лазов – Директор на ДСЗИ. Директорот на Дигестивна хиругрија Д-р Огнен Костовски за Канал 5 вели дека имало стручен колегиум внатре во самата клиника кој веќе го разгледувал постапувањето на хирурзите кои ја оперирале пациентката што била дијагностицирана со автоимуна Кронова болест, хронична воспалителна состојба на цревата која може да влијае на кој било дел од дигестивниот тракт. Директорот Костовски вели дека иницирал и комисија за дисциплинска постапка. -Станува збор за изолиран случај по кој се постапува. Ќе ги почекаме сите извештаи и ќе се формира комисија за дисциплинска постапка, која според формално-правните регулативи не ми дозволува лично да бидам инволвиран бидејќи сум Директор. Комисијата ќе биде сочинета од тројца лекари, двајца од нив од Медицинскиот факултет,- - Проф. Д-р Огнен Костовски – Директор на Клиника за дигестивна хирургија. Семејството на Елена смета дека има лекарска грешка во постапувањето на еден од хирурзите што првично ја оперирал и според нив, таа интервенција за која велат, е изведена без дренови според шведски систем, е резултат на погрешна медицинска постапка, особено, со оглед на тоа што состојбата драстично ѝ се влошила по оваа операција. Тие велат дека ако треба правда за прерано згаснатиот живот на младата мајка на две дечиња, од една и четири годинки, ако треба, ќе ја бараат и на суд. Тагови: ДСЗИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Граѓаните веќе гледаат: Платформата ЗНАМ 2.0 со писмо за дефокус токму пред Фон дер Лајен Кога стигна документот од Платформата-ЗНАМ 2.0? Вчера, токму пред прес конференцијата на Фон дер Лајен на која кажа дека македонските јазик и идентитет се добредојдени во ЕУ, на која кажа дека нема патокази за Македонија и го упати Мицкоски во Бугарија. Иако најавија дека два дена порано ќе го донесат писмото го донесоа токму еден час после нашиот прес за Лаура Ковеши и пред прес конференцијата на Фон дер Лајен. Уште еден дефокус. Да го тргат вниманието од главниот проблем: застанувањето на Македонија кон ЕУ . Далечинско кога болат фактите. Кога се случува? Кога СДСМ објавува дека услов за кандидатите е прво да се пушти во работа европското обвинителство. Еден час по прес-конференцијата каде се потврдува целата вистина којашто ја говори СДСМ, кога се потврдува целата вистина зошто Мицкоски не сака во Унијата. Кога имаме целосна потврда од Фон дер Лајен. Со месеци го говориме. Сега се потврдува. Лаура Ковеши пред членство. Не после. Кога се јави Платформата минатиот пат? Закажаа собир во хотел. Тргна медиумската поддршка од Орбан–Вучиќ медиумско небото. Кога беше тоа? Токму кога објавивме кој му плаќа на Мицкоски лобирање за состаноци. Кога објавивме за антимонот. Кога објавивме план за пет нови рудници за распродажба на Македонија. Кога откирвме дека Дејвид Гета не е „нула денари“ туку 5.53 милиони евра. Кога го откривме тендерот за фирмата поврзана со Ќуркчиев вреден 1,6 милиони евра. Кога ја откривме големата пљачка на Македонија. Кога го откривме тендерот Адамовиќ–Мицкоски, преку Божиновска, Лазаревиќ и Руднап. Од вчера има најава за нови таканаречени „паметни“ броила. Паметни се. За арамијата и екипата. Не за сметката на граѓанинот. Сега граѓаните гледаат дека повеќе не е чудно како работи Платформата знам 2.0. На далечинско. По потреба. Секогаш во важен момент, кога откриваме работи за иднината на земјата и на граѓаните - баш тогаш се јавуваат шемаџиите. ЗНАМ 2.0. Истите што седат со руската Левица. Анти-НАТО. Анти-ЕУ. Против стратешкиот партнер Америка. Баш со нив прават сојуз. Ете вчера Левица објави, средба во Москва, со Комунистичката партија на Русија. Немаат програма. Имаа тајминг. Нема антикорупција. Има корупција и дефокус. Писмото не е за СДСМ. Писмото е да не се зборува за признатиот македонски идентитет, заглавениот европски пат, Лаура Ковеши, за скандалите на власта, за рудници и за броила. СДСМ не влегува во шемата. Останува со граѓаните и ќе продолжи да се бори за нив и интересите на државата. Бандата бега од европски обвинител. Сателитите бегаат од темата. Народот веќе гледа кој кога се јавува! Наското доаѓа времето на вистина и правда. А бандата ќе одговара пред европско обвинителство! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter