ДСПДП: Отпорот во Тимјаник ги доведува во прашање хуманите вредности и солидарноста

 Државниот совет за превенција од детско прастапништво соопшти дека целосно го поддржува Министерството за труд и социјална политика во настојувањето за целосно имплментирање на планираната реформа за унапредување на социјалната инклузија.

И поддршка на преминот од институционална грижа кон поддршка на социјалните услуги во заедницата како и подобрување на квалитетот на социјалната грижа на децата во социјален ризик.

Советот, кој е орган при Собранието на Република Македонија, поддршката ја искажува поради настанатата и, како што посочува, зачудувачка и загрижувачка состојба со манифестираниот отпор од граѓаните на Тимјаник во општина Неготино, за непречено сместување на децата со посебни потреби.

- Поаѓајќи од принципот на најдобар интерес на детето, а во насока на превенција и рана интервенција, цениме дека политиките на министерството се насочени кон напуштање на праксата на сместување деца во установи и нивно понатамошно „институционализирање‘‘. На овој начин ќе се изгради еден проактивен, компетентен, отворен, одговорен и ефикасен фактор на општествена организација во областа на работа со децата и тој ќе овозможи минимална сегрегација и максимална инклузија и интеграција на децата во пошироката социјална средина, соопшти ДСПДП.

Оттаму очекувале целосна поддршка на овој проект од страна на граѓани од тој дел од Македонија со оглед на тоа дека се работи за деца со посебни потреби на кои, како што наведува во соопштението, повеќе од потребни им се насмевка, подадена рака и чувство дека не се сами.

- Со последниот отпор на граѓаните од Тимјаник, за жал, доведена е во прашање хуманоста и хуманите вредности како и солидарноста меѓу луѓето кои во овој случај се подгазени токму од возрасните кои ја покажуваат својата дволичност и себичност на сметка на својот комодитет и слобода. Овој немил чин испраќа лоша порака до сите млади за тоа, дали и колку денес треба да се почитува хуманоста и хуманите вредности и солидарноста, наведува Советот.

Во соопштението ДСПДП посочува и дека искуствата во земјава и во странство покажуваат дека задоволувањето на потребата од згрижување и заштита на дете кое се наоѓа во социјален ризик, дава поголем и подолготраен ефект доколку тоа е згрижено во помала заедница или група, која поседува структура и динамика на семејно живеење.

Катарската делегација пристигна во Каиро

Делегација на Катар пристигна во главниот град на Египет, Каиро, каде ќе продолжат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас.

Хамас вчера соопшти дека го одобрил предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, што го предложиле посредниците од Египет и од Катар.

Разговорите во Катар треба да доведат до итен и траен прекин на огнот во Појасот Газа. /МИА

До објавување во службен весник граѓаните ќе плаќаат поскапа полиса за автоодговорност

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник

Иако предлогот за враќање на старите цени на осигурувањето при регистрација на возилата помина на Влада минатата недела, до нејзиното официјално објавување во службен весник, на сила ќе остане новиот тарифник чии цени се од 840 па до речиси 1600 денари повисоки. Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски смета дека пред секое поскапување потребно е да се обезбеди период за прилагодување и кај граѓаните и кај компаниите, а одлуката за зголемување, па намалување на цената ја оцени како избрзана.

-Доколку некоја одлука е поништена по логика на нештата во тој меѓупериод мора да се најде одредено решение како овие граѓани или институции да се обештетат. Не навлегувам дали е избрзана одлуката за подигнување или за враќање на цените, сметаме дека треба да постои доволно подготвителен период да се најави било која одлука, да се направи припрема, а потоа да се имплементира. Вака ад-хок воведување, ад-хок укинување мислам дека има штетни последици кон сите,- Трајан Ангеловски – претседател на ССК.

Одлуката за зголемување на цената на задолжителната осигурителна полиса за 15%, осигурителните компании ја донесоа пред десетина дена со образложение дека повеќе од 10 години не е променета, а трошоците им пораснале.

Од друга страна анализите од Агенцијата за супервизија покажаа дека поскапувањето е неосновано, по што Комисијата за автоодговорност донесе препорака за враќање на цените назат. За тоа дали ќе има рефундирање на средствата, останува да одлучат осигурителните компании.

Специјално отворено студио на Канал 5

Претседателски и парламентарни избори 2024. Специјално отворено студио на Канал 5. Информации, анализи, директни вклучувања…

Кој ќе биде новиот македонски претседател? Која партија ќе биде најбројна во парламентот? Кои се можните постизборни комбинаторики. Над 10 политички експери ќе ги анализираат резултатите и кои се идните сценарија…

Горан Момироски, Љупчо Зиков, Драган Павловиќ, Љуљзим Фаризи, Зоран Бојаровски, Јован Донев, Никола Пановски, Петар Арсовски, Срѓан Керим, Борјан Јовановски, Алберт Муслиу.

Почнуваме веднаш по централните вести во 18 и 30 заедно со Александар Видиновски и Елизабета Галевска.

Утре Македонија одлучува – специјално отвoрено студио - претседателски и парламентарни избори на Канал 5!

притисни ентер