АвтомобилизамДС ги отвори пред-нарачките за новиот N°8 со почетна цена од 59.200 евра (ФОТО)Францускиот премиум бренд DS Automobiles отвори пред-нарачки за својот нов електричен модел DS N°8, технолошки напреден електричен фастбек со „вкус“ на кросовер, кој треба да стане предводник на компанијата.Во Франција, DS N°8, поточно неговата основна верзија Pallas со погон на предните тркала чини 59.200 евра, додека најдобро опремената верзија Etoile Long Range со погон на сите тркала чини 74.600 евра. Оваа поскапа верзија користи два електромотори со вкупна моќност од 375 КС и батерија од 97 kWh, што овозможува импресивен опсег од 686 километри. Неговиот систем за полнење од 160 kW може да ја наполни батеријата од 20 до 80 проценти од капацитетот за 27 минути, овозможувајќи опсег од 450 километри. Поддржува и 11 kW AC полнење преку еднофазни и трифазни полначи. DS N°8 е опремен и со технологија за осветлување DS Pixel Vision со опсег од повеќе од 500 метри, суспензија Active Scan, камера која го анализира патот за поудобно возење и многу повеќе. Системот Drive Assist 2.0 поддржува полуавтоматско менување лента и функцијата Predictive ACC, која ја прилагодува брзината според профилот на патот и ограничувањата на брзината. Првите испораки на DS N°8 се планирани за втората половина на 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter