Државно првенство за бармени во Охрид

Триесет бармени од целата земја ќе учествуваат на осмото по ред Државно првенство на Македонија што ќе се одржи во кафе-барот „Ликвид“ во Охрид.

Во борбата за титулата тие ќе се претстават во две категории - класична подготовка на коктели и т.н. „флертендинг“. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ќе ги оценува стручна комисија составена од експерти од земјата и странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел, што ќе го приготвуваат со акробациски движења и елементи на жонглирање со барска опрема.

Според пропозициите на натпреварувањето, кандидатите ќе започнат со квалификации во кои секој ќе се претставува со свој коктел и ќе се бори за пласман во финалето, каде има место за 12-те најдобри. Инаку, во финалната фаза бармените за титулата ќе се борат пред изменет судиски состав.

Во рамки на Државното првенство во Охрид ќе се одржи и едукативен семинар, а темата е „Мастерклас Diageo Reserve by Soul Shakers“, со предавачи победници на светски манифестации, како и судии на национални и меѓународни натпревари. Целта на семинарот е да се едуцираат натпреварувачите за вискито воопшто, како и да се разбијат табуата дека вискито се пие само чисто.

Победниците на годинешното првенство автоматски обезбедуваат учество на Светското првенство на бармени што ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. Покрај натпреварувачкиот карактер, таквите манифестации се добра можност за унапредување на знаењата и познавањата во областа, оттаму што на светските собири семинарите ги водат најеминентните имиња во професијата.

- Ова светско збиднување, до сега е најблиску до територијата на Р. Македонија, затоа годинава имаме единствена можност да ги пратиме најдобрите од Македонија, а да проследиме повеќе од 60 земји од светот како на уникатен, креативен и иновативен начин го претставуваат најдоброто од себе, изјави Дарко Ангелески, претседател на Здружението на бармени на Македонија. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер