Државните службеници во Грција денеска во 24-часовен штрајк - Канал 5

Државните службеници во Грција денеска во 24-часовен штрајк

Државните службеници во Грција денеска излегуваат на 24-часовен штрајк, на повик од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ).

Државните службеници во Грција денеска во 24-часовен штрајк

Државните службеници во Грција денеска излегуваат на 24-часовен штрајк, на повик од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ), поради новиот нацрт-закон за труд кој предвидува воведување 13-часовен работен ден и други измени, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.

Минатата недела АДЕДИ повика на штрајк со барања за враќање на 13-та и 14-та плата, значително зголемување на платите, потпишување колективни договори во јавниот сектор, стабилна и постојана вработеност и укинување на новиот дисциплински закон.

Вработените во градскиот транспорт во Атина соопштија дека ќе се приклучат на штрајкот на почетокот и крајот на работниот ден, за да им дадат поддршка на државните службеници. Поради тоа, денеска метрото и трамвајот во грчката престолнина ќе сообраќаат од 9:00 до 17:00 часот, а автобусите и тролејбусите од 9:00 до 21:00 часот.

И железничките работници се приклучија на штрајкот, поради што денеска нема да сообраќаат возови низ целата земја, пренесува „Катимерини“.

Главниот протестен марш во Атина е закажан за 11 часот на централниот плоштад Синтагма.

На 1 октомври веќе беше одржан 24-часовен национален штрајк против новото трудово законодавство, организиран од најголемите синдикати во јавниот и приватниот сектор – АДЕДИ и ГСЕЕ – на кој учествуваа и морнарите, транспортните и железничките работници. Во Атина тогаш се одржаа масовни демонстрации со барање за повлекување на пакетот мерки што го менуваат работното време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва

Актуелниот директор на ФЗО Сашо Клековски неофицијално ќе биде новиот министер за здравство на местото на Азир Алиу од Вреди, дознава Канал 5 од партиски извори. 

Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва

Во пресрет на седницата на Извршниот комитет вечерва на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе им го соопшти и официјално предлогот, како потенцијални имиња се уште двајца директори од овој сектор- Синиша Стојановски од 8 Септември и Игор Мерџановски од Ургентниот центар.

Покрај здравство, владејачката партија ќе го преземе и ресорот социјална политика, а ккао нејсериозен канидат се споменува актуелниот заменик минстер Ѓоко Велковски. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира и вицепремиер за добро владеење, функција која досега ја извршуваше Арбен Фетаи, а партијата треба да потврди и дали Борко Ристовски останува во спорт.

Од друга страна целодневни консултации има и во Вреди. Оттаму за Канал 5 брифираат дека раководството одлучува кој ќе го замени Иван Стоилковиќ во односи меѓу заедниците, позиција за која во игра биле околу пет потенцијални имиња. Неофицијално, лидерите ќе ги потврдат министерските позиции на Беким Сали, Бесар Дурмиши и Мухамед Хоџа, а најверојатно во правда ќе биде предложен универзитетскиот професор по уставно право Јетон Шасивари. Во новиот ресор што го добиваат, на местото на Зоран Љутков во култура пак најголеми шанси има актуелниот заменик министер Седат Сулејмани, иако за истата функција се споменува и поранешниот пратеник Салим Сулејмани.

Доцна попладнево се очекува и епилогот од состанокот на ЗНАМ, по кој лидерот Максим Димитриевски на прес конфереција ќе открие кој е изборот за министер за земјоделство, ресор кој го добија во замена за правда од која се очекува да си замине Игор Филков. Неофицијално на оваа позиција со која досега раководеше Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе седне државниот секретар од истото министерство Борче Серафимовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тротинети ќе можат да управуваат само полнолетни, брзина за движење се ограничува на 20 км/час

Собранието ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот..

Тротинети ќе можат да управуваат само полнолетни, брзина за движење се ограничува на 20 км/час

Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ и се предвидува максимална брзина од 20 км на час на тротинетите во согласност со препораките на Европската унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип возила.

Се зголемува старосната граница, односно ќе може да ги управуваат лица со најмалку 18 години возраст. Се заострува и казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото ако се работи за малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување друго лице, возење под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотреси

Состојбата во Венецуела по двата катастрофални земјотреси останува крајно тешка, додека бројот на исчезнати лица достигнува над 43.000, според податоци објавени преку Службата за евиденција на исчезнати лица.

Катастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотреси

Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден.

Официјалните власти соопштија дека досега е потврдена смртта на 1.719 лица, додека над 5.000 се повредени, а речиси 16.000 останале без домови.

Обединетите нации предупредија дека конечниот број на жртви може значително да порасне, со проценки кои достигнуваат и до 10.000 загинати, додека спасувачките операции продолжуваат во екстремно тешки услови под урнатините низ погодените области..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер