Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година извршил вкупно 699 ревизии - Канал 5

Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година извршил вкупно 699 ревизии

Државниот завод за ревизија во периодот од 2010 до 2019 година извршил вкупно 699 ревизии, од кои 513 се ревизии на регуларност, 165 на успешност и 21 ревизија на усогласеност.

Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година извршил вкупно 699 ревизии

Сите извештаи од извршените ревизии се собрани во една база, од страна на Центарот за граѓански комуникации.

Предмет на ревизија на Државниот завод во овие десет години биле вкупно 406 субјекти, а најмногу ревизии, по 63 биле направени врз здравствени установи и единици на локална самоуправа.

Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, повеќе од една петтина од општините во државава не биле предмет на каква било ревизија од Државниот завод во последните десет години.

Ниту една контрола не била направена кај точно 17 локални самоуправи, меѓу кои во Босилево, Пласница, Гевгелија, Демир Капија, Македонска Каменица и Новаци.

Кај 63 општини и градот Скопје биле направени 89 ревизии од кои 86 поединечни и три ревизии во кои биле опфатени повеќе општини.

Анализата на Центарот за граѓански комуникации, покажува дека сите 15 министерства биле предмет на ревизија во анализираниот период и кај нив биле извршени вкупно 85 ревизии од кои 69 поединечни и 16 ревизии на повеќе субјекти.

ДЗР, најмногу, десет пати правел ревизија кај Министерството за животна средина и просторно планирање и тоа шест самостојни ревизии и четири ревизии во кои покрај министерството имало и друг субјект. Од овие десет ревизии три биле на регуларност, а останатите седум на успешност. Најмалку ревизии, односно, само една ревизија на регуларност била направена кај Министерството за внатрешни работи во 2016 година.

Според Центарот за граѓански комуникации, 17 проценти од ревизиите биле извршени врз политички партии и коалиции, а дури 117 ревизии на усогласеност или регуларност биле направени на вкупно 56 партии и коалиции формирани за некои од изборите во државава.

Од 2010 до 2019 година предмет на ревизија биле и девет државни акционерски друштва. Кај нив биле направени 17 ревизии, од кои најмногу кај М-НАВ, четири ревизии, а 36 ревизии, пак, биле направени кај 25 јавни претпријатија.

Предмет на ревизија во периодот од 2010 до 2019 година биле 23 агенции кај кои биле направени 41 ревизија.

Секоја година, според анализата на Центарот за граѓански комуникации, односно десет години по ред била правена ревизија врз Агенцијата за вработување и тоа секогаш ревизија на регуларност, освен во 2014 година кога била направена ревизија на успешност. Врз останатите агенции во изминатите десет години биле правени по една или две ревизии, со исклучок на Агенцијата за храна и ветеринарство кај која биле направени три ревизии и тоа две на успешност и една на регуларност.

Базата на податоци е подготвена од Центарот за граѓански комуникации во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на УСАИД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. 

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот.

Дерби и амбиции за титулата

По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот.

„Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ.

Продолжување на договорот и планови за иднината

Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина.

„Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер