Државниот врв и родителите на загинатите од „Пулс“ очи во очи во Собранието - Канал 5

Државниот врв и родителите на загинатите од „Пулс“ очи во очи во Собранието

Неполни три часа траеше седницата на постојната Анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права која расправаше за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, по барање на семејствата... 

Државниот врв и родителите на загинатите од „Пулс“ очи во очи во Собранието

Државниот врв, меѓу кои претседателката Сиљановска Давкова, премиерот Мицкоски и собранискиот спикер Гаши очи во очи со дел од родителите на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката Пулс на денешната анкетна комисија во Собранието.. Воведното обраќање на единствената точка на дневниот ред-претставката од Здружението „16 март“ започна со претставничка на здружението и родител на жртва од пожарот, која побара случајот да биде разгледан како сериозна повреда на човековите права, со акцент на правото на живот.. се пожалија и дека премиерот не одговорил на нивното барање за еднократна финансиска помош, што им било ветено дека ќе се разгледа по изборите..

„ Да покажеме грижа, солидарност и чувствителност кон семејствата кој претрпеа ненадоместлива загуба. Нашите деца го заслужуваат тоа. Нашата болка го заслужува тоа.“

„ Треба сите заедно колективно да осеќаме морална одговорност, сите за да биде и вашето дете безбедно и моето и нивното и сечие дете да биде безбедно..“

Претходно, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска побара изземање на Димитар Апасиев како претседател на комисијата, со образложение дека тој во неколку наврати со неговите изјави покажувал пристрасност и давал оценки за обвинението..Аласиев пак го отфрли нејзиното барање велејки дека уставните начела гарантираат вакви постапки во законодавниот дом..

„ Да се изземете и да не претседавате со постојаната анкетна комисија по ова прашање, бидејки имате предефинирано и јавно изразено правно мислење за суштинските елементи на предметната судска постапка.. “

„Согласно Уставот наодите на комисијата се основа за поведување постапка за утврдување одговорност на носителите на јавни фунции..Каква одговорност? Па се разбира дека политичка одговорност.“

Оливер Спасовски од опозициската СДСМ пак, дебатата во Собранието ја нарече клучна за тоа дали промените во системот ќе бидат декларативни или суштински и повика барањата на родителите да бидат разгледани и уважени..

„Игнорирањето на било кого во државата е најлошото нешто, а посебно сметам дека игнорантскиот однос кон семејствата на загинатите нема да биде во фунција на градење на систем.“

Премиерот Мицкоски, кој не се обрати од собраниската говорница, во изјава за медиумите посочи дека ќе стори се што е во негова моќ да ја даде подршката онаму каде е потребна, но нагласи дека според него правдата може да се добие само преку судски процес, а не преку анкетни комисии.. Тој не сакаше да коментира во однос на барањето за едноркатна финансиска помош на родителите..

На седницата поканет бил и Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но тој преку допис испратен во Собранието образложил дека нема да присуствува на Анкетната комисија, предупредувајки дека паралелни постапки пред Комисијата можат да ја компромитираат истрагата и судската постапка.

Седницата беше прекината по три часа, отакако беше исцрпена дискусијата, а Апасиев нагласи дека на продолжението што дополнито ќе се закаже, очекува да бидат усогласени и усвоени заклучоци...

Во меѓувреме се очекува и формирањето на анкетната комисија која беше предложена од парламентарното мнозинство, на која покрај пожарот во Кочани, ќе бидат опфатени и пожарот во модуларната болница во Тетово и сообраќајните несреќи во Ласкарци, Беса Транс и Дурмо Турс..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер