Државниот совет на Грција го прогласи за противуставен законот за неинформирање - Канал 5

Државниот совет на Грција го прогласи за противуставен законот за неинформирање

Државниот совет на Грција го прогласи за противуставен законот за неинформирање на лидерот на ПАСОК за прислушувањата.

Државниот совет на Грција го прогласи за противуставен законот за неинформирање

Денеска е ден на победа на владеењето на правото врз парадржавата на прислушувањата на Нова демократија, истакна лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, откако Државниот совет на Грција соопшти дека е противуставен законот за негово неинформирање за прислушувањата, јави дописничката на МИА од Атина.

Државниот совет, што воедно е највисокото судско тело за проверка на уставноста на законите, смета дека регулативата од законот од 2021 година спроведена во случајот со лидерот на ПАСОК, со која се забранува информирање на прислушуваниот „претставува прекумерно ограничување на неповредливоста на комуникацијата“.

Паралелно, делумно го усвои барањето за поништување на актот на претседателот на Управата за обезбедување на приватноста на комуникациите, со кое беше одбиено барањето на Андрулакис од септември 2022 година да биде информиран за декласификација на неговите комуникации.

Лидерот на ПАСОК порача дека е „историски ден“ и ден на победа над парадржавата организирана од Премиерската палата.

- Утрово пленарното собрание на Државниот совет го прогласи за противуставен законот што го донесе владата на Нова демократија за да го прикрие парадржавното прислушување и законот што забрануваше информирање на жртвите на прислушувањето. Секако, според одлуката на Државниот совет, Управата за обезбедување на приватноста на комуникациите е повикана веднаш да ме извести. Институционално, законски, како што требаше да биде од почеток, рече Андрулакис

Во текот на летото 2022 година, Андрулакис поднесе пријава до Врховниот суд на Грција за обид неговиот мобилен телефон да биде следен со софтверот „Предатор“, а подоцна беше откриено и дека бил прислушуван и од Националната служба на Грција кон крајот на 2021 година во периодот додека беше европратеник и пред да стане лидер на ПАСОК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир Капија

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч .

Србин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир Капија

На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите.

Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС?

Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка.

Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија.

Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче.

Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е Албанец- бил фатен додека пали пожар во прилепско

Лишен од слобода албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено

Уапсен е Албанец- бил фатен додека пали пожар во прилепско

На 23.10.2026 во 14:20 часот на место викано „Коливади“ во атар на с.Житоше, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода М.Џ.(38) од Република Албанија. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и за настанот бил известен јавен обвинител.

Лицето било предадено во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување на општа опасност“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер