Државната комисија за жалби по јавни набавки решила над 91 отсто од жалбите во 2025 година - Канал 5

Државната комисија за жалби по јавни набавки решила над 91 отсто од жалбите во 2025 година

Нерешени останале 130 предмети, односно 8,5 проценти, при што Комисијата бележи континуитет во високата ефикасност во решавањето на жалбите и зголемување на бројот на решени предмети во однос на претходните години.

Државната комисија за жалби по јавни набавки решила над 91 отсто од жалбите во 2025 година

Државната комисија за жалби по јавни набавки во текот на 2025 година постапувала по вкупно 1.535 предмети, од кои 1.405 биле решени, што претставува 91,5 проценти од вкупниот број, покажува годишниот извештај за работата на Комисијата за 2025 година, кој денеска беше разгледан од Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.

Нерешени останале 130 предмети, односно 8,5 проценти, при што Комисијата бележи континуитет во високата ефикасност во решавањето на жалбите и зголемување на бројот на решени предмети во однос на претходните години.

Во текот на 2025 година најголем број предмети биле решени во последниот квартал. Само во декември биле решени 212 предмети, што претставува 15,1 проценти од вкупниот број решени предмети за целата година. Просечно Комисијата решавала по 117 предмети месечно, што е зголемување во споредба со 2024 и 2023 година.

Од вкупно решените предмети, 637 жалби биле усвоени, 475 биле одбиени, а 151 жалба биле отфрлени, покажуваат податоците од извештајот. Кај усвоените жалби најчесто била поништувана одлуката на договорниот орган, а во помал број случаи целата постапка.

Најчеста причина за отфрлање на жалбите била нивната неуредност, која учествува со 68,2 проценти, по што следуваат ненавременост со 22,5 проценти, како и недозволеност и недостиг на правен интерес.

Во извештајниот период биле евидентирани и 119 управни спорови поведени против одлуките на Државната комисија. Од одлуките на Управниот суд, повеќето од тужбите биле одбиени како неосновани, што, како што се наведува во извештајот, укажува на стабилна и издржана пракса во постапувањето на Комисијата.

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет на седницата едногласно ги усвоија и годишната програма за работа, и финансискиот и стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето

Министерот Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Утринава, на денот на летната долгодневица, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите.

На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, археологот Дејан Георгиевски, пратеникот Бране Петрушевски, директорот на Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и бројни гости и посетители.

Локалитетот Кокино, стар околу четири милениуми, претставува едно од најзначајните археолошки и археоастрономски наоѓалишта во Република Северна Македонија. Токму овде древните жители внимателно ги следеле движењата на Сонцето и небесните тела, оставајќи сведоштва за нивното извонредно познавање на природните циклуси и нивната улога во секојдневниот живот и духовната култура.

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино. Токму оваа уникатна поврзаност на природата, науката и културното наследство му дава исклучителна вредност на локалитетот.

Посетата е дел од активностите на Министерството за култура и туризам насочени кон афирмација и промоција на културното наследство, како и кон подготовките за одбележување на значајниот јубилеј – 25 години од откривањето на Кокино, кој ќе биде одбележан во 2026 година со повеќе научни, културни и промотивни настани.

Министерството за култура и туризам останува посветено на зачувувањето, валоризацијата и промоцијата на културното наследство како темелна вредност на националниот идентитет и значаен потенцијал за развој на културниот туризам, се навддува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинар

Снимателот на Ал Џезира, Ахмед Вишах, беше убиен во израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Буреиџ во централна Газа.

Во Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинар

Најмалку десет лица беа убиени во денешните израелски напади низ Појасот Газа.

Неговата медиумска компанија Ал Џезира во соопштение изјави дека остро го осудува убиството на својот дописник кој работеше за каналот Ал Џезира Мубашер. „Ова претставува ново и флагрантно кршење на сите меѓународни закони и норми и одразува континуирана систематска политика на таргетирање на новинарите и замолчување на гласот на вистината“, се додава во соопштението.

Брат му беше убиен пред два месеци

Смртта на Ахмед се случи само два месеци откако неговиот брат Мохамед Вишах беше убиен во израелски напад врз истиот бегалски камп. Според Палестинската цивилна заштита, Мохамед беше убиен на 8 април во својот автомобил додека се враќал дома.

Израелската војска еден ден подоцна, без да даде никакви докази, соопшти дека убила „клучен терорист во одделот за производство на ракети и оружје на Хамас“.

Ахмед Вишах, роден во 1986 година во истиот бегалски камп, се приклучи на мрежата Мубашер на Ал Џезира на арапски јазик во 2018 година. По смртта на Мохамед, колегите на камерманот Ахмед во Газа организираа бдение во негова чест.

Повеќе од 260 новинари се убиени од почетокот на војната

Според Комитетот за заштита на новинарите, повеќе од 260 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година. Најмалку дванаесет од убиените работеле за мрежата Ал Џезира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандскиот крал и кралица танцуваа во соблекувалната заедно со победниците (ВИДЕО)

Сцената на кралот и кралицата во соблекувалната по натпреварот од Светското првенство би била невообичаена под какви било околности, особено кога холандската репрезентација, за која тие навиваат, играше во град оддалечен 1.200 километри.

Холандскиот крал и кралица танцуваа во соблекувалната заедно со победниците (ВИДЕО)

Да не беше за репрезентацијата на Курасао, малку е вообичаено на ова првенство. Малиот карипски аутсајдер победи нерешено против Еквадор (0:0) и со тоа го освои првиот историски бод на светските првенства.

Еквадор доминираше во текот на целиот натпревар и упати дури 27 удари кон голот, но топката не влезе во мрежата. Херојот на натпреварот, 37-годишниот голман Елој Рум, беше најзаслужен за тоа. Голманот, кој вообичаено брани за Мајами ФК во втората американска лига, направи 15 одбрани. Некои беа резултат на неговата извонредна вештина, а други беа потпомогнати од лошата концентрација на еквадорските напаѓачи. Погледнете го резимето на натпреварот ТУКА.

Курасао на крајот постигна историски резултат. Островот со само 160.000 жители, кој беше тешко поразен од Германија со 7:1 во првото коло, слави голем подвиг. Еквадор, од друга страна, е во тешка ситуација пред последното коло, во кое игра против Германија.

Кралското семејство во соблекувалната

По натпреварот, се случи сцена што го обиколи светот и збуни многу набљудувачи: холандското кралско семејство славеше во соблекувалната на Курасао. Објаснувањето лежи во уставното уредување на Кралството Холандија.

Кралот Вилем-Александар го гледаше натпреварот со кралицата Максима и неговата ќерка, принцезата Аријана. Како крал на Холандија, тој е официјален шеф на тој карипски остров. Иако Курасао има свој парламент и премиер, тој е составен дел од Кралството Холандија. Ова значи дека кралската двојка всушност има две национални селекции за поддршка на ова првенство.

Кралското семејство направи вистински навивачки маратон. Прво, во Хјустон, ја гледаа убедливата победа на Холандија против Шведска од 5:1. Веднаш по натпреварот, тие се качија на авион и прелетаа 1.200 километри до Канзас Сити за да пристигнат на историскиот состанок на репрезентацијата на Курасао.

Кога драмата против Еквадор заврши, кралот и кралицата не останаа во свечената ложа. Тие се упатија директно кон играчите и тренерскиот персонал и го прославија историскиот бод со нив и танцуваа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер