Државната фитосанитарна лабораторија со официјална интернет страница - https://dfl.mzsv.gov.mk/ - Канал 5

Државната фитосанитарна лабораторија со официјална интернет страница - https://dfl.mzsv.gov.mk/

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), орган на државната управа во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), зачекори во дигиталната ера, со лансирање на официјалниот вебсајт https://dfl.mzsv.gov.mk/.&nb

Државната фитосанитарна лабораторија со официјална интернет страница - https://dfl.mzsv.gov.mk/

Како што соопшти, дигитализацијата ќе овозможи повисоко ниво на напредни и квалитетни лабораториски услуги, со цел обезбедување заштита на здравјето на растенијата, безбедноста на храната и контролата на квалитет на семе преку акредитирани, сигурни и научно засновани лабораториски анализи.

-ДФЛ обезбедува напредни и квалитетни лабораториски услуги за дијагностицирање и детерминирање штетни организми, биолошки тестирања, испитување на физички и хемиски својства на производите за заштита на растенијата, резидуи од пестициди во растително производство, анализа на активна супстанца, анализа на семенски и саден материјал, земање примероци од семе и параметри за одредување квалитет на земјоделски производи.

Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) е формирана во рамки на МЗШВ, 2005 година, согласно Законот за здравје на растенијата, а има статус на биро – орган во состав на Министерството.

Во 2005 година, со средства од националниот буџет и преку CARDS програмата 2001, беше финансирано реновирањето на лабораториските простории во Земјоделскиот институт УКИМ, каде е сместена ДФЛ. Беше набавена и современа опрема. Дополнителна значајна поддршка беше обезбедена преку Проектот за Национален интегриран фитосанитарен систем (NIPS), финансиран од Европската унија и управуван од тогашната Европска агенција за реконструкција (ЕАР), а денес од Европската комисија. Овој проект обезбеди техничка помош за воспоставување и јакнење на ДФЛ како клучен столб на националниот фитосанитарен систем.

Официјалното отворање на Државната фитосанитарна лабораторија беше на 9 јуни 2006 година, во присуство на претставници на Владата и Европската унија.

Во изминатите години, ДФЛ континуирано добива поддршка преку бројни меѓународни проекти, кои значително придонесоа за зајакнување на институционалните и стручните капацитети на лабораторијата, преку трансфер на знаење, информации и практично know-how.

Статутарниот опсег на работа на ДФЛ подразбира континуирана едукација и професионален развој на кадарот, постојано следење и воведување нови методи за анализа и дијагностика на болести и штетни организми, како и активна соработка со реномирани меѓународни лаборатории и научни институции. Работата на ДФЛ има директно влијание врз квалитетот и безбедноста на домашното земјоделско производство, зголемувањето на извозот на земјоделски производи и обезбедувањето безбедна храна од растително потекло на домашниот пазар.

На 15 март 2013 година, Државната фитосанитарна лабораторија се стекна со Сертификат за акредитирана лабораторија издаден од Институтот за акредитација на Република Македонија. Со оваа акредитација, ДФЛ се позиционира како една од водечките фитосанитарни лаборатории во регионот на Југоисточна Европа, споредлива и конкурентна со фитосанитарните лаборатории во земјите членки на Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер