Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
1Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
1По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
Веб ТВДржавата за 6-години исплатила речиси 64,4 мил. евра по основ на судски постапки од работни споровиДржавата за шест години исплатила речиси 64,4 милиони евра по основ на судски постапки од работни спорови. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - КичевоСо специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски.Со специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски, кој денеска беше на увид на свлечиштата на овој дел од автопатската делница. Како што изјави Николоски тука има црна графитна земја која е најнестабилна и има многу вода, а зафатот за стабилизацијата се реализира во моментов со три од вкупно пет машини, сите доагаат од надвор, тешки по 130 тона. Со нив се влегува од 20 до 18 метри во длабочина, што е околу 7 до 11 ката од зграда.. Потоа таму се спуштаат арматурни кафези со железо , тешки по 30 тона. Оваа инженерска техника за првпат се користи кај нас, а ја изработиле најдобри домашни и странски умови. Во првата половина од наредната година ќе имаме автопат за првпат пуштен со употребна дозвола, изјави Николски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи судењето за деветмината полициски службеници обвинети во случајот со трагедијата во „Пулс“Сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, при една од полициските контроли не ја дал на увид лиценцата за работа, сведочеше денеска инспекторка од СВР Штип. Денеска продолжи судењето против 9те полициски службеници кои дале согласност дискотеката Пулс во Кочани да добие лиценца во 2022 и 2023 година. Таа како хаотична ја опиша сликата пред Пулс за време на акциските контроли, пристапот до објектот бил отежнат поради големиот број паркирани возила. -На барање на колегата Кузмановски кој таа вечер беше одговорен на акцискиот план, во мое присуство беше побарана лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“. Од страна на сопственикот Дејан Јованов, лиценцата не ни беше покажана, ниту дадена на увид со објаснување дека е многу доцна да го бара книговодителот бидејќи не е во просториите на дискотеката и ќе ја донесе во понеделник. Ги има поднесено документите за обновување на лиценццата пред 15 дена во Скопје и тврдеше во тој момент дека лиценцата има важност до 31 март 2023 година,- - Деспина Симеонова – Инспектор во СВР Штип. И сега пензиониран полициски службеник раскажа дека при конттроли во Пулс во периодот на 2023 година регистрирале повеќе нарушувања на јавниот ред и мир. Со денешните сведоци се исцрпува листата на докази на обвинителството. -Секоја една информација дадена од нивна страна по однос на поставени прашања има значење за она што се наведува во обвинението како терет на присутните обвинети. – Спасенка Андонова – Обвинител ОЈО ГОКК. Адвокатот на првообвинетиот и денеска реагираше дека иако побарале од институциите се уште не им даваат клучни докази кои треба да бидат дел од нивната одбрана. -Имавме барање до СВР Штип да се издаде и пронајде оригиналниот документ кој го имаше во фаза на истрага во претходната постапка, а сега го нема. Не знаеме од кои мотиви го крие тој доказ,- Емил Недков – Адвокат. Во овој предмет 9те полициски службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. За едниот случај со 3 полициски службеници е изречена условна пресуда а се уште е во тек судската постпка против 13 полициски службеници кои ноќта на 16 март лани биле во Пулс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпасовски: Гајдов фалсификувал документи за да ја спаси Марија МитеваПочитуван претседателе, почитувани колеги пратеници, господине Гајдов, ви благодарам и за воведното излагање и за ставовите што ги изнесовте во однос на работењето на Агенцијата, нејзиното значење и надлежностите што ги има.Со ефикасното работење на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер се создаваат услови институциите да бидат транспарентни, да ја јакнат довербата кај граѓаните и преку транспарентноста да се намалува корупцијата. Впрочем, и во воведниот дел од извештајот ги посочувате сите активности што Агенцијата ги презела во изминатиот период. Сега ќе отворам неколку прашања за кои сметам дека не одат во прилог на тоа што овде го говорите пред пратениците, ниту на начинот на кој се работи во Агенцијата, и ќе ви изнесам конкретни примери за состојбата. Ако јас се посомневам во работењето на Агенцијата, врз основа на одредени предмети и постапки, тогаш сериозно ќе се разниша довербата во институцијата. Во тој случај, зборовите што ги упатувате за транспарентност, ефикасност, борба против корупцијата и сè друго ќе паднат во вода. Од тој аспект, морам да кажам дека не може многу да се верува во тоа што го говорите. А зошто го кажувам тоа? Вие сте вработен во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, чинам, 21 година. Сте се вработиле на работното место помошник-раководител на Секторот за правни, општи работи и управни постапки, во рамките на Секторот за управно-правни работи, за кое се барал еден извршител. Ова е јавниот оглас врз основа на кој сте се вработиле. Во јавниот оглас е наведено дека предвиденото вработување, согласно со Годишниот план на институцијата за 2020 година, е за Албанец, односно Албанка. Од решението со кое е извршен изборот јасно се гледа дека сте биле избран за помошник-раководител на тоа работно место како етнички Албанец. Јас не навлегувам во тоа дали сте Албанец, Македонец, Кинез или нешто друго. Секој има право слободно да ја изрази својата национална припадност. Но, вие сте Албанец сè до моментот кога треба да конкурирате за директор на институцијата. Пред да конкурирате за директор на институцијата, давате изјава заверена кај нотар. Еве ја изјавата во која велите: „Јас, Петар Гајдов, со матичен број тој и тој, од Скопје, вработен во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, на работното место помошник-раководител на Секторот за управно-правни и општи работи, под целосна морална, материјална и кривична одговорност, изјавувам дека во моментот кога ја давам оваа изјава себеси се чувствувам како Македонец, со македонска национална свест, и му припаѓам на македонскиот народ.“ И ова воопшто не е спорно. Веројатно, и претходно, под целосна материјална, кривична и секаква друга одговорност, сте се чувствувале како Албанец и сте му припаѓале на албанскиот народ, само за да дојдете до работното место. Ова говори за кредибилитетот на човекот што ја води институцијата за која тврди дека треба да има кредибилитет, доверба, јакнење на институционалниот интегритет и така натаму. Јас не можам да верувам во работите што се случуваат таму. Тоа што тогаш сте биле примени во време на СДСМ не е важно. Ниту партиската припадност е важна. Важно е дали сте ги манипулирале фактите во врска со вашето вработување. Тоа е клучното прашање. Сега да продолжиме со работењето на Агенцијата. Во извештајот ги наведувате сите жалби и предмети по кои сте постапувале. Заради јавноста, вие добро знаете дека во тој период, пред да станете директор, сте бил претседател на Прекршочната комисија во Агенцијата. Претседател на Прекршочната комисија бил Петар Гајдов, а членови биле Василка Поп-Ѓорѓиева и Инџи Џоџа. Меѓу другите предмети, постои еден предмет што е интересен за јавноста. Но моето внимание не е насочено кон самиот предмет, туку кон начинот на кој сте го затвориле. Без да навлегувам во исправноста или неисправноста на тоа што сте го направиле, предметот се однесува на Марија Митева, тогашна портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, а денес портпаролка на Владата и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај другите институции, и политичките партии имаат обврска да поднесуваат извештаи за тоа на кого му одговориле, на кого не му одговориле и кому му овозможиле пристап до информации. Во врска со тоа била поднесена жалба до тогашната Агенција. Во Агенцијата било констатирано дека работата не е завршена и дека треба да се поведе прекршочна постапка. Предметот бил упатен до Прекршочната комисија, чиј претседател бил Петар Гајдов. Дотука нема ништо спорно. Но каде настанува спорот? Повторно ќе зборуваме за кредибилитетот. Немам ништо против да го затворите предметот, но треба да го затворите како што треба. Ако сте познавач на оваа област, ако сакате да ѝ помогнете на Марија Митева и на ВМРО-ДПМНЕ и ако поради таа помош сакате да добиете одредена позиција и да станете директор, тогаш барем треба да ги средите работите така што ќе покажете дека навистина сте добар експерт. Вие донесувате решение со кое, практично, се запира постапката, со образложение дека нема услови за изрекување прекршочна санкција. Еве го решението, донесено на 26 [датумот е нејасен во оригиналот]. Еве го решението. Во него стои дека постапката против Марија Митева, службено лице за посредување со информации од јавен карактер кај имателот на информации ВМРО-ДПМНЕ, се запира затоа што не подготвила и не доставила извештај до Агенцијата, согласно со член 115 став 2 од Законот за прекршоците. Потоа следува образложение во кое објаснувате како се одвивала целата постапка и, меѓу другото, велите: „Прекршочната комисија на 24.7.2025 година, по електронска пошта, го извести службеното лице за посредување со информации од јавен карактер“, односно Марија Митева, „дека има право, во рок од три дена од денот на приемот на известувањето, да се изјасни за фактите и доказите во врска со сторениот прекршок“, што е во согласност со процедурата. Значи, на 24.7.2025 година ѝ доставувате писмено известување по електронска пошта на Марија Митева за да се изјасни дали се чувствува виновна и дали има нешто да наведе во своја одбрана, за потоа Комисијата да донесе одлука. Но, што е чудно и што е невистинито? Овде имаме записник од одржана седница на Прекршочната комисија. Станува збор за записник од 21. седница на Прекршочната комисија при Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, одржана на 21 [недостига целосниот датум] 2025 година. Тоа е три дена пред да ја започнете постапката со доставувањето на писмото до лицето задолжено за слободен пристап до информации. Во записникот наведувате дека на седницата биле присутни членовите на Прекршочната комисија: Петар Гајдов, Василка Поп-Ѓорѓиева и Инџи Џоџа. Но другите двајца членови, Василка Поп-Ѓорѓиева и Инџи Џоџа, не присуствувале. Постојат нивни изјави дека не биле присутни. Значи, ова е записник што вие сте го составиле. Во записникот, меѓу другото, во точката 2 – „Постапување по прекршочни предмети“, ги наведувате сите предмети, меѓу кои и предметот за Марија Митева. Наведувате дека, по спроведената постапка за службените лица за посредување со информации од јавен карактер, треба да се донесе решение за глоба, односно да се утврди дека сторителот на прекршокот, како службено лице, не ја исполнил законската обврска во пропишаниот рок. Меѓутоа, за предметот што се однесува на Марија Митева, уште на 21-ви наведувате дека постапката ќе се запре. А на 24 јули ја започнувате постапката за да утврдите дали таа треба да се запре, преку прибирање одговори и спроведување на другите дејства. Според тоа, господине Гајдов, јас сум скептичен и апсолутно повеќе не верувам во ниту еден податок што сте го доставиле до Собранието. Ако можете вака да манипулирате со податоците што ги имате, притоа знаејќи дека на тој начин ги доведувате во прашање службената положба и овластувањата, а денес раководите со институцијата во која сте фалсификувале документи и факти, тогаш зошто некој би ви верувал дека истото не се случило и со другите шестотини и кусур предмети? Мислам дека е крајно некоректно да имате ваков пристап. Крајно некоректно. Како што кажав и на почетокот, личниот кредибилитет е многу важен. Од човек кој пред пет години се изјаснувал како Албанец за да добие работно место во Агенцијата, а пет години подоцна, кога треба да стане директор, се изјаснува како најголем Македонец, верувајте, очекувам сè. Поради сето ова, мислам дека треба да се срамите и вие, и партијата што ве поставила за директор. Не смеете да ја срамите и институцијата со која раководите. Со ова, мислам дека приказната завршува. Сте покажале дека сакате да завршите работа, но, очигледно, не знаете како правилно да го направите тоа. Ако веќе сте сакале да ја спроведете постапката како што треба, тогаш барем записникот требало да го составите по 24.7.2025 година. Ова се податоците и документите со кои располагаме. Имам уште неколку документи, но за нив ќе зборуваме во друга пригода,рече пратеникот и координатор на ПГ на СДСМ, Оливер Спасовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter