Државата за 5 години преку тендери исплатила милијарда евра на десет фирми - Канал 5

Државата за 5 години преку тендери исплатила милијарда евра на десет фирми

„Марковски Компани“е рекордер според заработката од тендерите во Македонија..

Државата за 5 години преку тендери исплатила милијарда евра на десет фирми

За 5 години има склучени вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра, покажало истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.. Од нив дури 66 тендери им се склучени со државното претпријатие АД Електрани, во вредност од 141 милион евра.

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации за Канал 5 вели дека огромни пари се одлеваат за користење на механизација од приватни фирми, каде што главно тоа е Марковски Компани меѓутоа во целиот тој процес се вклучени и други подизведувачи.

-Под притисок на јавноста Владата на Заев во 2017 година најави дека нема веќе да го користи овој модел кој сметаме дека е под силен корупциски притисок и дека на овој начин нерационално се одлеваат многу пари од АД Електрани во приватните компании, најави дека ќе купат нова механизација и дека нема веќе да се користат вакви фирми кои ќе ја ангажираат нивната механизација и работници, но од ветувањата не излезе ништо, бидејќи се набави многу мал дел од механизацијата и вредноста на договорите со Марковски Компани и со други копмании од година во година стануваа се поголеми, изјави Факиќ.

Второпласирана според заработката е веледрогеријата Д-р Пановски, која за 5 години склучила скоро 1.500 договори, вредни 144 милиони евра, а трета е Пуцко Петрол со склучени 1 776 договори за нафта во вредност од 137 милиони евра..

На годишно ниво, тендери добивале помеѓу 3.300 и 3.800 фирми, но анализата на фирмите добитници на тендерите и вредноста на тендерите открива висока концентрација на тендерите кај мал број фирми. првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда..

-Целта на ова истражување беше да укажеме дека најголем дел од парите завршуваат кај мал круг на фирми што секако е неповолно за нашиот економски развој, многу поповолно е кога поголем дел од тендерите би завршувале кај поголем број фирми. Надлежните институции да се инспирират да продолжат со истражување дали ова се должи можеби на тоа што одредени фирми се фаворизирани на централно и локално ниво и дали тука треба да се преземат мерки од наделжната Комисија за заштита на конкуренцијата во смисла на тоа дека можеби самите фирми се договараат меѓу себе, можеби нелојална конкуренција постои и во тој сегмент, вели Факиќ.

Директорот на термоелектраната Тони Петрушевски, вчера соопшти дека РЕК Битола раскинала еден од тендерите со фирмата „Марковски“, вреден 46 милиони евра поради неодговорно постапување и покрај, како што рече, сите опомени и укажувања. Според него Марковски Компани во континуитет не успевала да ги испорача договорените количини на јаглен и како што рече директно ја загрозила енергетската стабилност на државата.

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ многупати го повикуваше Обвинителството за ги провери тендерите во РЕК поради сомнежи за кроуптивни зделки, но досега конкретен исход нема.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

​Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС.

Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност.

Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните.

За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции веднаш ги демантираа. За Гостивар, последните испитувања покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење. Наместо овие информации да бидат поздравени, СДС продолжува со обиди да создава сомнеж.

Прашањето е едноставно, а тоа е зошто на СДС му пречи кога институциите ќе покажат дека системот функционира и дека проблемот е решен?

Очигледно е дека освен вештачко создавање на криза, страв и паника, немаат што да понудат.

Додека Филипче одмора со Заев на јахтата во Паљури, неговите пајташи се обидуваат од секоја тема да создадат какафонија. Граѓаните заслужуваат факти, а не сценарија за создавање страв и паника.

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, институциите ја следат состојбата, а СДС треба конечно да разбере дека со ширење паника не се гради доверба кај граѓаните.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген има план за преживување: Еве што ги очекува клиентите во наредните години

Крај на познатите модели? Фолксваген се впушта во најголемата реорганизација во последните децении.

Фолксваген има план за преживување: Еве што ги очекува клиентите во наредните години

Групацијата Фолксваген продолжува со својата голема деловна трансформација, а нов интерен документ открива како германскиот гигант планира да ги намали трошоците и да остане конкурентен во ерата на електрификација и зголемената кинеска конкуренција.

Компанијата веќе објави дека ќе ја намали својата гама на модели за дури 50 проценти на долг рок, додека бројот на различни верзии и конфигурации би можел да се намали за 75 проценти.

Според списанието „Automobilwoche“, целта е да се поедностави развојот и производството, а истовремено да се забрза лансирањето на нови модели на пазарот.

Финансискиот директор Арно Антиц нагласи дека Фолксваген продолжува да инвестира повеќе од повеќето конкуренти, но дека долгорочната конкурентност бара пониски трошоци по возило.

Сличен став изрази и директорот за развој Вернер Тих, кој нагласува дека компанијата ќе ја намали сложеноста на платформите и модулите, ќе ги забрза процесите на развој и ќе ја користи вештачката интелигенција сè повеќе.

Според достапните податоци, првичниот инвестициски план од 180 милијарди евра за периодот 2024–2028 година веќе е намален.

Најновите проценки зборуваат за околу 160 милијарди евра инвестиции помеѓу 2026 и 2030 година, додека на долг рок оваа сума би можела да падне на нешто над 130 милијарди евра по петгодишен циклус.

Сè уште не е познато кои модели ќе бидат прекинати. Потврдено е дека „Volkswagen T-Roc Cabriolet“ ќе исчезне од понудата до 2027 година, додека „Touareg“ постепено ќе биде повлечен без директен наследник.

Во исто време, Фолксваген ја разгледува и можноста за понуда на одредени модели развиени за кинескиот пазар на европските клиенти, што би можело дополнително да го забрза развојот и да ги намали трошоците.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања

Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања.

Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ потпишаа Меморандум за поддршка на пациентите со малигни заболувања

Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка.

Овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за превенција, рано откривање и навремено лекување на малигните заболувања.

Соработката предвидува широка палета на хуманитарни, едукативни и превентивни активности кои ќе се реализираат во директен интерес на граѓаните. Особено е значајно што претставници на Здружението „ХЕМА-ОНКО“ активно ќе бидат вклучени во консултативните процеси и работните групи при подготовката на локалните програми поврзани со здравството и социјалната заштита во општината.

-Здравјето и добросостојбата на граѓаните секогаш се во фокусот на нашата локална самоуправа. Борбата со малигните заболувања не е товар што треба да се носи поединечно, туку колективна обврска во која институциите имаат должност да бидат најсилен потпирач. Со овој Меморандум со „ХЕМА-ОНКО“, ја зацврстуваме рамката за континуирана едукација и превенција, но пред сè, испраќаме силна порака до пациентите и нивните семејства: не сте сами. Нашата цел е преку заеднички активности да обезбедиме уште поголема поддршка и конкретна помош за нашите сограѓани- истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Партнерството меѓу Општина Кисела Вода и „ХЕМА-ОНКО“ќе се реализира преку заедничко планирање и организација на едукативни трибини, работилници, јавни дебати и кампањи. Дополнително, документот отвора можност за здружено аплицирање на домашни и меѓународни повици за финансирање проекти кои се од заеднички интерес.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер