СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
ЗдравјеДржавата влегува на листата на земји со висока стапка на дијабетесKако земја и како подрачје со 11,2 проценти заболени, влегуваме во групата држави со висока преваленца на дијабетес. Тоа е повеќе од алармантен показател за една динамична прогресија на оваа здравствена состојба. Потребни се системи на континуирано следење на гликемијата и нивна достапност за поголем број на пациенти, изјави денеска Димче Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија на Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот – 14-ти Ноември, насловен „Што не сторивме против Дијабетесот?", што денеска се одржа во Скопје. Во рамки на настанот, Министерството за здравство и Сојузот на дијабетичари потпишаа Меморандум за соработка, а беа одбележани и јубилеите „Сто години инсулин" и „20 години Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија". Велев истакна дека пред десетина години, не само кај нас, туку и во светот, речиси се урнати сите стереотипи, предупредувања и заблуди во врска со дијабетесот. – Проблемот на тие „шеќерашите" стана јавен, се осозна дека дијабетесот не го бира овој или оној и конечно, луѓето почнаа да разбираат дека таа чума на модерното живеење опасно и интензивно се заканува. Впрочем, секој 14-ти ноември, преку осмислено детектирање и таргетирње на трендови во борбата против дијабетесот, глобално се наметнуваат суштински неопходни прашања и теми во обаа област. А како да биде поинаку кога денес во светот над половина милијарда луѓе живеат со дијабетес. Притоа, не занемарувајќи го фактот дека бројките и предикциите на нациоанлните и глобални преваленции за дијабетес се нималку розови, рече тој. Според Велев, потребна е поголема едукација за дијабетесот, како и набавка на табеларната терапија глукомери, но не само за деца, туку и за возрасни. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека кога станува збор за пациент со дијабет, веќе не станува збор само за тоа како се третира дијабетот, туку секогаш мора да имаме предвид дека станува збор за начин на живот. – Што значи дека не е само инсулинот како инсулин, како препарат, туку како целокупната филозофија и целокупниот пристап кон овие пациенти со цел тие да имаа тшто понормален живот, посебно децата, за да имаат нормален раст и развој. Имаме интензивна комуникација со претставниците на здруженијата за дијабет. Најпрво успеавме да слушнеме што се вистинските проблеми, врз основа на проблемите со кои тие се соочуваат ги димензионираме нашите политики и секако сите претстсавници да бидат вклучени во процесот на креирање политики и поради тоа што не веруваме во наметнати политики или решенија, затоа решенијата треба да им служат на тие на кои што се наменети, рече Филипче. Тој истакна дека сега имаме три нови инсулини и два нови препарати што овозможуваат уште поголема контрола на гликемијата, а тоа се инсулини кои се и кардио протективни што го штитат срцето и крвните садови и сето тоа укажува како е зголемен квалитетот на животот. – Тоа што сега го правиме е постапката со цел првпат во земјава да се набават сензорите за мерење гликемија, а тоа значи наместо вообичаените боцкања како за земање крв и мерењето на шеќерот во крвта сега се ставаат специјални сензори на надлактицата и тоа се мери со електронска направа, што уште повеќе го зголемува квалитетот на живот на овие пациенти, пред се на децата, посочи тој. Филипче информира и дека утрово на Клиниката за ендокринологија е отворен нов Ендокринолошки дијагностички центар, кој овозможува интегрирана, сеопфатна дијагностика на пациентите со ендокринолошки заболувања. Доц. Др. Саша Јовановска Мишевска, директор на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизамот, се осврна на стогодишнината од пронаоѓањето на инсулинот, кои, како што рече, се сто години прогрес, сто иновации, што ни овозможуваат денес да имаме една генерација на современи, модерни инсулини кои спасуваат животи. – Новите технологии како што е преносливиот глукометар им олеснија на луѓето да ја следат својата состојба. Во 80-те години на минатиот век првпат беше развиен и хуманиот инсулин што беше високо прочистена молекула и можевме да го произведеме во неограничени количини, за нас тогаш беше битно пациентите да ни се живи, да не се во кома, дека имаме помалку ампутации. Во овој период беа развиени и инсулинските пенкала, немаше потреба од инсулински шприцеви, големи игли и тоа значеше дека веќе нема потреба и од редовна стерилизација на шприцевите па апликацијата на инсулинстака терапија да се илесни за пациентите, истакна таа. Јовановска Мишевска потсети дека во последниве години е достапна и нова генерација инсулински аналози, со што се создадоа услови да се редуцира секојдневниот товар од третманот, нудејќи уште поголема флексибилност во времето на аплицирање на инсулинската доза, и помагајќи им на луѓето да постигнат ниско ниво на шеќер во крвта и да го намалат ризикот од зголемување на телесна тежина. – Како ендокринолози, се повеќе обрнуваме внимание и на кардиопротективниот ефект што го имаат лековите што ги ординираме во секојдневната пракса. Кога зборуваме за лицата со дијабетес, во ниеден момент не смеме да заборавиме дека тие не се осамени во предизвиците со кои се соочуваат. Тука е и семејстото кое сериозно се носи со товарот на ова хронично заболување на поединецот, посочи Јовановска Мишевска. На Форумот се одржа и панел дискусија „Само заедно можеме и повеќе" на која панелисти беа д-р Зоран Гучев од Клиниката за детски болести и д-р Ирфан Ахмети, претседател на Национална комисија за дијабетес. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook