Државата со нови дигитални услуги за граѓаните - Канал 5

Државата со нови дигитални услуги за граѓаните

Електронска адреса за секој граѓанин на која ќе добива известувања од институции и автомат за јавни услуги – ова се дел од новите дигитални решенија кои ресорното министерство наскоро ќе ги воведува.

Државата со нови дигитални услуги за граѓаните

-Електронска адреса на секој граѓанин на која што ќе може да добива информации, нотификации, документи и потсетувања од страна на институциите. Ќе тестираме со една најкористена, според мене, можност, при истекување на лична карта секој граѓанин на 3-6 месеци од рокот ќе добие нотификација во тоа сандаче дека му истекува личната карта и дека може со аплицирање на порталот да закаже термин да си ја обнови. Вториот дел се терминали за услуги, јас ги нареков банкомати или киосци за услуги ќе ги поставиме на неколку фреквентни локации на кои со скенирање на личната карта ќе можете да добиете услуга за помалку од една минута,- -Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Терминалите за услуги ќе бидат поставени на фреквентни места, а доколку има интерес кај граѓаните да ги користат, нивната бројка низ државата би се зголемила, посочи министерот Андоновски.

Овие дигитални алатки се дел од решенијата кои треба да и помогнат на јавната администрација да биде поефикасна и отчетна но најпрвин мора да се научиме да ги користиме, порача директорката на регионалната школа за Јавна администрација.

-Спроведувањето на оваа стратегија ќе изискува големи промени во начинот на работење, во административната култура и односот помеѓу јавната администрација и граѓаните и бизнисите. Ниту една технологија не може да создаде вистинска вредност доколку и граѓаните и јавните службеници го немаат знаењето, вештините, но и самодовербата и довербата да ја користат таа технологија,- -Маја Ханџиска Трендафилова, директорка на РеСПА.

Според последниот извештај на Светската банка за дигиталната созреаност на jавниот сектор, Македонија оваа година има раст од 22 позиции, и влезе во првата група - држави со напредна дигитална трансформација. Меѓутоа, како што забележува извештајот на ЕК во делот за јавната администрација - испораката на услуги за граѓаните и бизнисите мора да се подобри, веќе постојните алатки за е-идентификација и е-потпис сè уште не се лесни за користење а европските стандарди за интероперабилност на јавниот сектор не се достигнати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија!

Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Со велосипеди влегле во забранетата зона и „фотографирале“ руска територија!

Видео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија!

Двајца германски туристи, кои со велосипеди влегле во забранетата зона во близина на границата меѓу Полска и руската област Калининград и ја фотографирале областа, биле приведени од полските граничари.

Туристите, како што изјавиле, сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија, но поради влегувањето во забранетата зона и снимањето на руската страна, биле казнети со вкупно околу 280 евра.

Инцидентот се случи во заштитната зона на границата меѓу Полска и Калининградската област. Двајца германски државјани, кои патувале со велосипеди, влегле во граничната зона и покрај јасно истакнатите знаци за забрана, сакајќи одблизу да ја видат надворешната граница на Европската унија.

На видеото се гледа како туристите се приближуваат до граничната ограда, по што припадници на граничната полиција, кои патролирале во тој дел, им приоѓаат и интервенираат.

Според соопштението на полската гранична служба, 63-годишен германски турист фотографирал делови од регионот Калининград, кој е дел од Русија, иако тоа е забрането.

Надлежните потсетија дека и неовластеното влегување во граничната зона и фотографирањето на територијата на соседната земја се строго забранети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грузија во мрак: Третпат за две недели

Во вечерните часови во средата, Грузија повторно се соочи со прекин на електричната енергија на национално ниво – трет таков инцидент во последните две недели. 

Грузија во мрак: Третпат за две недели

Весникот „Цивил“ (Civil) објави дека снабдувањето со електрична енергија било прекинато околу 20:10 часот, што довело до застој во работата на метрото во Тбилиси, додека граѓани од целата земја известувале за прекинот на социјалните мрежи.

Снабдувањето со електрична енергија почнало постепено да се обновува околу 21:00 часот. Гиорги Пангани, член на Грузиската национална регулаторна комисија за енергетика и водоснабдување (GNERC), изјави дека прекинот настанал за време на „планирано тестирање“ спроведено од „Грузискиот државен електросистем“ (GSE) – оператор и сопственик на главната преносна мрежа во земјата.

Според него, тестирањето се одвивало во хидроелектраната „Енгури“ – најголемиот производител на електрична енергија во Грузија – и го опфаќало делот од системот што ја снабдува окупираната област Абхазија. Од GSE подоцна соопштија дека работата во електраната „Енгури“ имала за цел да се утврди причината за претходниот прекин на електричната енергија, што се случи на 24 и 25 јули.

Компанијата наведе дека, за време на тестирањето, електроенергетскиот систем морал да работи во изолиран режим и на невообичаени фреквенции, што резултирало со привремен прекин на струјата низ целата земја.

Медиумите претходно објавија дека директорот на GSE, Вано Зардиашвили, бил разрешен само неколку дена по големиот прекин на електричната енергија на 24 и 25 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.

Во владата потпишани се  договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир

Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата.

Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер