„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
1„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
АвтомобилизамДрвен мотор вози до 220 км/час , а се знае и цената (ФОТО)Newron планира да произведе само 12 примероци од овој уникатен мотор.Пред-нарачките за електричен, дрвен мотор наречен ЕВ-1 се отворени откако францускиот производител Њурон го претстави своето интересно возило пред јавноста минатата година. Под беспрекорниот дизајн се крие голема цилиндрична батерија, а околу батеријата е поставено LED осветлување кое има можност да менува бои, истакнува Design Boom. Може да забрза до 220 км на час, а пред да истече батеријата ЕВ-1 може да достигне до 300 км. Батеријата поддржува технологија за брзо полнење која трае околу 40 минути. Моторот од 75 kW може да забрза до 100 км на час за само три секунди. Преку партнерство со француските компании Dassault systems и Advans, Њурон планира да произведе 12 примероци од овој мотор во 2020 година. Овие компании веќе соработуваа на програми за забрзување, а Њурон во моментов развива интелигентен систем што ќе им овозможи на возачите да ја постават посакуваната дестинација за моторите, така што возилото може да ја искористи достапната енергија на најефикасен начин. Оние што сакаат да резервираат копија од овој уникатен мотор треба да направат депозит од 2.000 евра, за вкупна цена од 60,000 евра. Во случај на откажување на набавката, депозитот ќе се врати, а испораката се очекува во 2021 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светотСлавниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери. Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот. „Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите. Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари. Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“. Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот. Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“. Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог. Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари. Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтрашен верижен судир во Бугарија, најмалку 12 загинати, меѓу кои и деца (ВИДЕО)Голем верижен судир, во кој учествуваа десетици возила, се случи утрово на автопатот „Тракија“ во Бугарија поради густа магла.Несреќата се случила околу 7:00 часот наутро во близина на клучката „Зимница“, на 290-тиот километар од автопатот. Според последните информации, 12 лица загинале, а 48 се повредени. Сообраќајот е целосно запрен во двете насоки, пренесува бугарскиот информативен портал „btvnovinite.bg“. Првата пријава за верижен судир во правец кон Бургас пристигнала околу 7:00 часот, а набргу потоа стигнала и пријава за несреќа во правец кон Софија. Во судирите учествувале патнички автомобили и тешки товарни возила. Еден од камионите се запалил. Поради несреќата, денешната седница на бугарската влада е откажана, а претседателот Румен Радев ги откажа своите планирани обврски во Варна. Tragedy in Bulgaria. 10 people have died and over 50 were injured in a series of major crashes involving around 50 vehicles on the Trakia motorway near Yambol. Dense fog caused extremely poor visibility. 😭 https://t.co/AYu4pjvqaL — една българка (@transbulgaria) November 10, 2026 Георги Чалаков, регионалниот гувернер на областа Јамбол, потврди дека има жртви и ја опиша ситуацијата како исклучително сериозна. Во регионот е активиран системот за рано предупредување на јавноста „BG-ALERT“. „Ова е исклучително тешка несреќа, не се сеќавам на ништо слично во Бугарија во последните години“, изјави Дијана Русинова“, претседател на Европскиот центар за транспортни политики. Русинова додаде дека во судирот учествувала и цистерна со пропан-бутан, што создало дополнителен безбедносен ризик. Според нејзините информации, луѓе – меѓу кои и деца – останале заглавени во некои од возилата. Еден од сведоците раскажа дека асфалтот бил многу влажен, а маглата исклучително густа. Тој опиша како видел камиони во пламен и автомобили што се превртувале во полињата покрај автопатот. На местото на настанот се испратени возила на итните служби од Јамбол, Сливен и Бургас, како и 14 противпожарни екипи. Повеќе од 20 војници, исто така, помагаат во расчистувањето на теренот. Медицински хеликоптери се во состојба на подготвеност, но одредено време не можеа да стигнат до локацијата поради густата магла. Состојба на повредените Осум пациенти се примени во болницата во Сливен. „Седуммина се во стабилна состојба, додека едно лице е во критична состојба“, потврди Михаил Кашеров, регионалниот гувернер на Сливен. Во болницата во Јамбол, тројца од повредените се во сериозна состојба, изјави заменик-директорот на болницата, д-р Валентин Валчев. Автопатот „Тракија“ ќе остане затворен во двете насоки подолг временски период, поради големиот број возила вклучени во несреќата и времето потребно за вршење увид на лице место. Полицијата го надгледува отстранувањето на камионите од местото на настанот за да се расчисти коловозот.Тагови: Бугарија несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛука Дончиќ прогласен за кошаркар на неделата во НБАКошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ , е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, е објавено на официјалната веб-страница на најсилната светска лига.Лука Дончиќ со неверојатен просек од 45 поени по натпревар заслужено го доби признанието за играч на неделата во НБА лигата. Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ (27), е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата, беше објавено на официјалната веб-страница на натпреварувањето. Минатата недела во НБА лигата, кошаркарите на Лејкерс остварија три победи на три натпревари. Во тој период, Дончиќ имаше просек од 45 поени, 8,3 асистенции, седум скока и 1,3 украдени топки по натпревар. Словенечкиот репрезентативец по 20-ти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА, а по петти пат како кошаркар на ЛА Лејкерс. Сезонава, Дончиќ има просек од 40,1 поен, 7,8 скока и 7,7 асистенции. До просекот од 45 поени по натпревар во текот на неделата тој стигна со постигнати 42 поени против Мајами, 40 против Сакраменто и дури 53 поени против Портланд во саботата. Меѓу номинираните за признанието кошаркар на неделата на Западот беа и : Дени Авдија (Портланд), Ламело Бол (Минесота), Стефен Кари (Голден Стејт), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио) и Остин Ривс (ЛА Лејкерс) Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Брансон, беше прогласен за најдобар играч на Источната конференција во НБА минатата недела. Тој имаше просек од 27,7 поени, 6,3 асистенции и 3,3 скока по натпревар. Кошаркарите на шампионот Њујорк остварија три победи на три натпревари минатата недела. Кандидати за играч на неделата на Истокот беа Никил Александер-Вокер (Атланта), Јанис Адетокунбо и Клеј Томпсон (Мајами), Џејлен Браун (Филаделфија) и Карл-Ентони Таунс (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter