Дроновите за шпионажа со големина на топче, а поиздржливи се од големите (ФОТО) - Канал 5

Дроновите за шпионажа со големина на топче, а поиздржливи се од големите (ФОТО)

Британската армија одлучи да ги засили своите редови со 30 „бубачки“, мали шпионски беспилотни летала кои се големи колку дланка, и можат да летаат до два километри, како и да пренесуваат или да снимаат видео до 40 минути.

Дроновите за шпионажа со големина на топче, а поиздржливи се од големите (ФОТО)

„Бубачките“ се исклучително издржливи во однос на нивната големина. Според производителот, BAE Systems, може да издржи налети на ветер до 80 км на час, а може да издржи и на бурно време, пренесува Zimo.

„Дури и во најлоши временски услови,„ бубачката “може да обезбеди клучни тактички информации за тоа што се случува од другата страна на ридот или зад свиокот, за да им даде визуелна претстава на војниците“, рече Џејмс Џерард од BAE Systems.

Според Гардијан, британската армија се модернизирала и инвестира во, честопати, „етички сомнителни“ автономни роботи, како што се борбени беспилотни летала во последните неколку години, а неодамна еден од британските генерали сугерирал дека роботи некогаш би можеле да сочинуваат голем дел од војската.

Се разбира, тоа не го сакаат сите. Групата што ја следи употребата на беспилотни летала, „ Drone Wars“, предупредува дека податоците собрани од беспилотни летала не мора секогаш да одговараат на ситуацијата на теренот.

„Во минатото бевме сведоци на ситуации во кои командантите нарачуваа воздушни напади врз основа на податоци добиени преку беспилотни летала, за на крај да се покаже дека ситуацијата на теренот е сосема поинаква од прикажаната“, предупредува Крис Кол од „ Drone Wars“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

По повеќедецениски истражувања и меѓународна соработка, Турција успеа да врати 100 вредни културни артефакти од Соединетите Американски Држави, кои сведочат за богатата историја на Анадолија.

Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

Артефактите беа претставени во Археолошките музеи во Истанбул од страна на министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, кој истовремено ја отвори и изложбата „Нема излез: Бубон“, посветена на повторното обединување на бронзените статуи од истоимениот антички град.

Враќањето е резултат на правните и научните активности на Министерството за култура и туризам на Туркије. Особено значаен беше случајот од мај 2026 година, кога американска аукциска куќа понуди на продажба артефакти со потекло од Анадолија. По доставувањето научни докази и документација до Обвинителството на округот Менхетен и Службата за истраги на домашната безбедност на САД, продажбата беше запрена, а предметите беа вратени во Турција

На претставувањето присуствуваше и Метју Богданос, заменик-обвинител на округот Менхетен и раководител на Одделението за борба против трговијата со културни добра. Министерот Ерсој ја истакна поддршката на американските институции, Министерството за надворешни работи на Турција и Генералниот конзулат на Турција во Њујорк, упатувајќи благодарност и до „Туркиш ерлајнс“ за безбедниот транспорт на артефактите.

„Нашата цел не е само да ги преместиме артефактите од една изложбена витрина во друга, туку повторно да ги разгледаме во контекст на нивните приказни и културната средина на која ѝ припаѓаат“, изјави Ерсој, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи со борба против нелегалната трговија со културни добра.

Меѓу вратените предмети се издвојуваат 40 артефакти од локалитетот Хорозтепе, во покраината Токат, датирани меѓу 2300 и 2000 година пред нашата ера. Колекцијата опфаќа церемонијални музички инструменти, оружје и метални садови, кои сведочат за развиените металуршки вештини во Анадолија за време на раното бронзено време. Тие беа вратени речиси 70 години по ограбувањето.

Особено вредни се 44-те архитектонски плочи од теракота од селото Дивер, во покраината Бурдур, вратени од колекцијата на Музејот „Џ. Пол Гети“ во Лос Анџелес. По претходните враќања предмети од истиот локалитет од САД, Данска и Музејот на ликовни уметности на Вирџинија, овие плочи во претстојниот проект ќе бидат обединети со другите артефакти од Дивер што се чуваат во Археолошките музеи во Истанбул.

Изложбата „Нема излез: Бубон“, пак, ја раскажува приказната за бронзените статуи од античкиот град Бубон, во близина на селото Ибеџик, во покраината Бурдур, кои биле ограбени за време на нелегалните археолошки ископувања во 1960-тите години и незаконски изнесени од Турција. Статуите потекнуваат од Себастејонот, светилиште посветено на римските императори и царското семејство, а нивните делови со децении биле чувани во различни земји и меѓународни колекции. Нивното потекло и меѓусебна поврзаност биле потврдени преку споредување на трагите од спојување на стапалата со камените постаменти, како и анализи на почвата и анализи на изотопскиот состав на оловото. Деловите од статуите, чии глави, торза и екстремитети со децении биле во различни меѓународни колекции, повторно се обединети. Меѓу нив се и бронзените статуи на римските императори Луциј Вер, Септимиј Север, Каракала и Марко Аврелиј.

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози. Со враќањето на 100-те артефакти и повторното обединување на бронзените статуи од Бубон, Турција продолжува со напорите за зачувување, проучување и враќање на своето културно наследство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер