СветДронови од Русија и Белорусија навлегоа во воздушниот простор на Естонија и Лeтонија Беспилотно летало утрово навлезе во воздушниот простор на Естонија од насока на Русија и удри во оџак на локална електроцентрала, соопшти Службата за внатрешна безбедност на земјата.Естонските власти информираа дека нема повредени лица, ниту е предизвикана штета врз објектот на електроцентралата. Истовремено, локалните власти во соседна Летонија пријавија дека два дрона навлегле во нивниот воздушен простор – едниот од Русија, а вториот од Белорусија. Засега нема прецизни информации за потеклото на беспилотните летала, но западни медиуми посочуваат дека инцидентите коинцидираат со украинскиот напад со дронови врз руското балтичко пристаниште Уст Луга. Ова пристаниште, каде изби пожар, е клучен центар за извоз на нафта и се наоѓа на само 25 километри од естонската граница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМилошоски од Мечкин Камен: Демографијата е нашата нова борба за МакедонијаГенерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и саможртвата, генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава, а генерацијата од 1991 ја потврди самостојноста.„Генерацијата од 1903 ни ги остави непокорот и саможртвата, генерацијата од 1944 ја претвори слободата во држава, а генерацијата од 1991 ја потврди самостојноста. Нашата задача е оваа слободна Македонија денес, да има кој да ја наследи утре“, порача потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во илинденското обраќање на Мечкин Камен. Осврнувајќи се на жртвата на Питу Гули, Никола Карев и Илинденците, Милошоски истакна дека демографијата е новата борба на денешната генерација и прашање што бара долгорочна национална одговорност. Тоа е заедничка обврска кон идните поколенија и македонската држава. Потпретседателот истакна дека Крушево, симбол на борбата за слобода и државност, денес има неколкукратно помалку првачиња отколку во минатите децении, а со истиот предизвик се соочува целата држава. „Што ќе вредат спомениците ако нема детски раце што ќе положат цвеќе пред нив? Колку ќе вреди македонскиот јазик ако нема кој да го говори? Ќе вредат ли училиштата ако во нив нема детски џагор?“, запраша Милошоски. Според него, современата борба за Македонија не се води со пушка и Црешово топче, туку преку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца. „Демографијата не е само статистика. Таа е бебешкиот плач, родителските солзи радосници, полните училишта и семејствата што со надеж гледаат кон иднината. Демографијата е прашање на личен приоритет, семејна среќа и национален опстанок“, истакна потпретседателот. Милошоски нагласи дека Македонија мора да биде над политичките поделби. „Партиите доаѓаат и си одат. Владите се менуваат. Татковината останува. Можеме да спориме за патот, но не смееме да го изгубиме правецот. Може да имаме различни политички ставови. Тоа не е слабост — Тоа е демократија. Но, постојат работи што мора да стојат над нашите поделби. Македонија е првата меѓу нив. Бидејќи националното единство не е отсуство на разлики. Националното единство е присуство на заедничка одговорност за државата!” Потпретседателот додаде дека на младите треба да им се остави земја каде што ќе основаат семејства и ќе ги растат своите деца. „Слободата ја наследивме од предците. Иднината ја должиме на потомците. Македонија треба да им ја предадеме како жива татковина – со деца, полни училишта и млади што творат овде“, порача Милошоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраински дронови нападнаа 600 километри во Русија – во пламен база со стратешки бомбардериУкраинските сили ноќеска ја нападнаа руската воздухопловна база во Енгелс и рафинерија за нафта во Саратовската област, потврди генералштабот на Украина по претходните информации од каналите што ги следат воените дејства.Украинската војска соопшти дека погодила „цел“ во руската воздухопловна база Енгелс, при што избувнал пожар, но не прецизираше што точно било погодено. во базата се стационирани стратешките бомбардери ТУ-95мс и ТУ-160, кои Москва ги користи за ракетни напади врз Украина. Пожар наводно избувнал и во рафинерија во блискиот руски град Саратов, откако објектот бил погоден со украински беспилотни летала. генералштабот соопшти дека украинските сили го погодиле и складиштето за нафта „Људиновскаја“ во калушката област. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги потврди нападите во објава на социјалната мрежа „Икс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШпанија ќе гради 500 метри заштитна бариера на морската границаШпанија најави поставување бариера од 500 метри на морската граница помеѓу шпанската енклава Сеута во северна Африка и Мароко по масовниот прилив на мигранти оваа недела.Според шпанската влада, помеѓу 50.000 и 60.000 мигранти ја преминале границата. Бројот на жртви се искачи на 67, но властите во Сеута изјавија дека 86 лица загинале. Некои се удавиле, а други починале во стампедо. Шпанскиот премиер Педро Санчез ја критикуваше реакцијата на некои лидери на Европската унија на настаните во Сеута. Тој рече дека повиците за исклучување на Шпанија од Шенген зоната биле „водени од пристрасност, лажни вести, незнаење или политички интереси“. Во меѓувреме, неколку мигранти кои стигнале до плажата Тарахал во Сеута биле приведени од шпански војници и вратени до мароканската граница. Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќето од оние кои нелегално влегле во енклавата веќе се вратиле во Мароко. „Ние сме бескомпромисни во нашиот пристап кон оние кои го кршат законот“, рече шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка. Коментирајќи ги причините за големиот пробив, и покрај зголемената гранична безбедност, тој нагласи дека ситуацијата бара заедничка анализа од страна на Шпанија и Мароко. Во исто време, министерот нагласи дека токму соработката меѓу двете земји овозможила ситуацијата да се стави под контрола во рок од 24 часа.Тагови: мигранти Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35