3Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството
Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ЗдравјеДревна кинеска техника за намалување на крвниот притисокВисокиот крвен притисок, нарекуван и хипертензија, е еден од најчестите здравствени проблеми со коишто се соочува современото општество. Како брз и делотворен начин за намалување на притисокот без употреба на лекови, се препорачува следната древна кинеска техника... Фактори што доведуваат до висок крвен притисок Хипертензијата е сериозна болест што води до бројни компликации, како што се срцев или мозочен удар, доколку не се лекува соодветно. Научниците истакнуваат дека главни предизвикувачи на оваа состојба се: 1. Стрес. Современиот начин на живот е полн со стресни ситуации што може многу да влијаат на крвниот притисок. 2. Несоодветна храна. Исхраната богата со заситени масти, натриум и шеќер директно придонесува за развој на хипертензија. 3. Нередовно земање терапија. Многу пациенти со дијагностицирана хипертензија не се придржуваат до пропишаната терапија, што може да доведе до сериозни компликации. 4. Други фактори: Генетска предиспозиција, дебелина, консумирање алкохол и цигари, недостаток на физичка активност. За нормален крвен притисок, потребна е редовна контрола. Вредностите што се сметаат за „идеални“ се: Систолен притисок (горна вредност): 90 - 120 милиметри на живиниот столб, Дијастолен притисок (пониска вредност): 60 - 80 ммХг. Доколку притисокот е постојано над 140 / 90 ммХг, тоа значи дека е неопходно да се преземат одредени мерки. Сепак, пред каква било терапија, важно е да се консултирате со лекар. Кинеската техника за намалување на притисокот Ако Вашиот лекар утврди дека нема потреба од терапија со лекови, тогаш тоа е прилика да се испроба следнава древна кинеска техника за намалување на крвниот притисок. Според д-р Лу Хансен, лекар во рускиот фудбалски клуб „Спартак“ од Москва, клучот лежи во правилниот проток на крв во мускулите и ткивата. Имено, кога крвта се задржува во одреден дел од телото, тоа место станува ризично за развој на разни болести. Решението е да се овозможи непречен проток на крв во проблематичната област, давајќи му на телото шанса да се залечи. Во тоа може да помогне масажа на две одредени специфични точки на телото. Така, првата точка е линијата зад увото. Тоа е линијата што се протега од зад ушната школка до средината на клучната коска. Оваа линија не треба да се притиска додека се масира, бидејќи тоа може да предизвика контра-ефект. Наместо тоа, се масира со нежни движења од горе надолу. Повторете го тоа 10 пати од двете страни на главата. Важно е да се нагласи дека минувањето со прстот се изведува нежно, без притисок. Целта е само да се стимулира протокот на крв, а не да се предизвика болка или непријатност. А, втората точка е на точно половина сантиметар од увото во правец кон носот. Оваа област може да се масира посилно - една минута, од двете страни. Цврсто кружете со врвовите на прстите, но не до степен на болка. Треба да се почувствувате удобен притисок, но не и непријатност. Оваа масажа ја стимулира циркулацијата во пределот на лицето и главата, што ќе помогне да се намали крвниот притисок. Со редовно применување на оваа 10-минутна техника, во спој со приспособена исхрана и здрав начин на живот, може да се регулира крвниот притисок и без лекови. Дополнителни совети за намалување на крвниот притисок 1. Прилагодете ја исхраната. Се препорачува повеќе овошје, зеленчук, цели зрна житарици, риба и здрави масти. И, помалку преработена храна, заситени масти, сол и шеќер. 2. Редовно вежбање. Умерената физичка активност, како пешачење, пливање или возење велосипед, може многу да придонесе за намалување на крвниот притисок. 3. Опуштете се. Најдете начин да се справите со стресот, без разлика дали тоа е преку медитација, јога, длабоко дишење или некоја друг начин на опуштање. 4. Ограничете го алкохолот и солта. Прекумерното пиење алкохол и јадење сол може да ја влоши состојбата, па затоа се препорачува умерено консумирање. 5. Откажете се од пушење. Цигарите ја зголемуваат опасноста од кардиоваскуларни (срцеви) болести, па вклучително и хипертензија. Со примена на овие совети, во спој со кинеската масажа, може да се намали крвниот притисок и да се подобри целокупното здравје. Сепак, не заборавајте редовно да се консултирате со лекар и да ги следите неговите совети. Со правилен пристап, трпение и дисциплина, може да се држи крвниот притисок под контрола и да се ужива во квалитетен, активен живот и добро здравје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерот Исени прими висока делегација од ПолскаЗаменик-министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени денеска (02.09.2026) во Скопје прими висока делегација од Министерството за внатрешни работи и администрација на Република Полска, предводена од заменик-министерот Мациеј Дузчук. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Полска во Северна Македонија, Н.Е. Мариуш Брумора. На средбата, на која учествуваа претставници од повеќе области од двете министерства, беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста, со посебен акцент на миграцијата, борбата против организираниот криминал и трговијата со луѓе, како и зајакнувањето на институционалните и оперативните капацитети. Исени истакна дека искуствата на двете земји во справувањето со современите безбедносни предизвици се добра основа за развивање конкретни заеднички иницијативи и проекти. Двете страни изразија подготвеност за натамошна размена на искуства и добри практики и продлабочување на соработката во области од заеднички интерес. Во рамки на посетата, полската делегација вчера (01.09.2026) оствари работна посета и на Полициската академија. При посетата, делегацијата беше запознаена со работата и тековните реформи во областа на полициското образование и обуките, при што беше истакната подготвеноста за интензивирање на соработката и размена на искуства.Тагови: Астрит Исени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Очекуваме растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3,5% и 4%Мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, вели премиерот Мицкоски.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при промоција на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на БДП се очекува да продолжи и оваа година и тој да изнесува некаде помеѓу 3,5 и 4% проценти. „Очекувам трендот на раст да продолжи на бруто домашниот производ. Оваа влада беше избрана на 23 јуни 2024 година и 2024 година ја завршивме со раст на БДП од 3% реален, а номиналниот беше блиску 2 и пол пати поголем, близу 7% и бевме во горната половина од земјите од Европа. 2025 година ја завршивме со 3,5% раст на БДП, а номиналниот беше над 8% и бевме во првите 5-6 земји во Европа. Оваа година планираме до крајот на годината растот на БДП да биде помеѓу 3,5 и 4%, значи тој континуиран раст на БДП реален да продолжи, а номиналниот да се движи околу 8%“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски нагласи дека она коешто е предизвик повеќе е фактот што овој раст на БДП и овие податоци се случуваат во период кога имаме раст на европската економија помала од 1% на годишно ниво, а нас најголем трговски партнер ни е самата Европска Унија, но посочи дека Владата е избрана да ги решава проблемите на граѓаните и така и ќе продолжи без да создава нови. „Впрочем затоа ја добивме довербата од граѓаните да ги решаваме. Дали сме мотивирани да ги решаваме, да, мотивирани сме и ќе продолжиме да ги решаваме и да не создаваме нови проблеми“, изјави премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамУспешно го замени Пунто: Овој Фиат e продаден во 700.000 примероци!Фиат Арго достигна важна продажна пресвртница на бразилскиот пазар, каде што се продадени повеќе од 700.000 единици од овој модел од неговото лансирање.Арго е моментално четвртиот најпродаван автомобил во Бразил, со продадени повеќе од 54.000 единици од почетокот на 2026 година. Моделот е меѓу десетте најпродавани нови автомобили на најголемиот пазар во Јужна Америка повеќе од четири години. Овој модел беше лансиран во Бразил во 2017 година како замена за Фиат Пунто, и оваа година се покажа добро. Само во јули 2026 година, беа продадени 8.612 единици, што го сместува меѓу петте најпродавани автомобили во Бразил во текот на тој месец. Во текот на изминатите три години, Арго е втор најпродаван модел на Фиат на бразилскиот пазар. Дел од програма за поефикасни возила Фиат Арго е вклучен и во владината програма на Бразил за 2025 година за возила што ги исполнуваат одредени критериуми за ефикасност. Според програмата, автомобилите што ги исполнуваат барањата можат да добијат пониски даночни стапки. Тековната гама на модели на Арго вклучува четири верзии, а карактеристиките вклучуваат безжична поддршка за Android Auto и Apple CarPlay, дигитална автоматска контрола на климата, сензори за паркирање одзади и систем за влегување и стартување без клуч. Доаѓа Арго X Фиат потврди дека ќе го лансира Арго X во наредните месеци. Се очекува новиот модел да се продава заедно со постоечкиот Арго, наместо веднаш да го замени. Директорот на брендовите Фиат и Абарт за Јужна Америка, Фредерико Батаља, изјави дека резултатот од продажбата од 700.000 возила ја потврдува важноста на Арго на бразилскиот пазар. Според него, моделот привлекува клиенти уште од своето лансирање со својата комбинација од ефикасност, практичност и конкурентна цена, а Фиат очекува неговиот успех да продолжи и по пристигнувањето на новиот Арго X. Со повеќе од 700.000 продадени единици и повеќе од 54.000 продадени возила само во 2026 година, Фиат Арго останува еден од клучните модели на италијанскиот производител во Бразил, каде што наскоро ќе му се придружи и новиот Арго X. Извор: Б92Тагови: фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter