Дресот на легендарниот бејзбол играч, Бејб Рут е продаден за рекордни 24,12 милиони долари - Канал 5

Дресот на легендарниот бејзбол играч, Бејб Рут е продаден за рекордни 24,12 милиони долари

Дресот што го носеше Бејб Рут, кој се смета за најдобар безбол играч на сите времиња, за време на третиот натпревар од Светската серија во 1932 година, стана најскапиот спортски предмет откако вчера беше продаден на аукција за 24,12 милиони долари.

Дресот на легендарниот бејзбол играч, Бејб Рут е продаден за рекордни 24,12 милиони долари

Дресот, носен кога Џорџ Херман „Бејб“ Рут од Њујорк Јенкис погоди дома против Чарли Рут од Чикаго Кабс, го собори претходниот рекорд што го држеше дресот на Мајкл Џордан што го носеше во финалето на НБА во 1998 година за 10,1 милиони долари.

„Ако ова беше уметничко дело, ќе беше како да ја купивте Мона Лиза“, рече Крис Ајви, директор на спортски аукции во Heritage Auctions. Јенкис ја освоија серијата со 7-5, седма и последна титула на Рут во светската серија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица.

ЈО: Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката. Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, придонеле за значително влошување на финансиската состојба на Еуростандард Банка АД Скопје. Со ваквото постапување придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари.

Според обвинителниот предлог, четвртообвинетиот, во својство на претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2013 до 2019 година, со несовесно вршење на своите овластувања и пропуштање на должен надзор, постапувал спротивно на обврските утврдени со Законот за банките. Со тоа овозможил одобрување на нефункционални кредити, преземање прекумерни кредитни ризици, неточно прикажување на финансиската состојба на банката и непочитување на законските и интерните процедури при кредитирањето, со што придонел за создавање видлива несолвентност, намалување на сопствените средства на банката и нејзино доведување во стечај по сила на закон, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото.

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

Европската иднина на Македонија, реформите и условите за продолжување на пристапниот процес беа во фокусот на заедничката прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Двајцата испратија пораки за потребата од забрзување на евроинтеграциите, но и за исполнување на обврските што стојат пред државата.

Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои е изградена Европската Унија – доверба, предвидливост, еднаков третман и почитување на достоинството на секоја држава кандидат.

Изминатиот период од две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, преку институционални промени, преку економски показатели и преку создавање подобри услови за живот на граѓани. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна јавна администрација, конкурентна економија и амбиент што ќе ја зајакне довербата на граѓаните кај инвеститорите.

Тоа не го правиме затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што веруваме дека тоа е единствениот исправен пат за развој на нашата татковина и за создавање стабилни институции кои ќе можат да одговорат на потребите на сегашните и на идните генерации.

Во тој процес ја цениме поддршката што ја добиваме од Европската комисија, како и стручната и финансиската помош што придонесува реформите да се реализираат побрзо и поквалитетно.

Истовремено, очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности и на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност кај македонските граѓани.

Граѓаните со години покажуваат јасна определба за европската идеја. Во тој период беа донесени тешки одлуки, беа преземени сериозни обврски и беа направени значајни чекори со уверување дека секој исполнет критериум ќе биде вреднуван на објективен и предвидлив начин. Затоа денес е важно да постои доверба дека процесот ќе продолжи според истите правила што важат и за сите други кандидати и за сите држави коишто биле кандидати.

Нашата определба останува непроменета. Ќе продолжиме со реформите, ќе ја зајакнуваме економијата, институциите и владеењето на правото, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и затоа што европските вредности ги разбираме како вредности што треба да бидат дел од секојдневното функционирање на институциите.

Истовремено, остануваме доследни на ставот дека секое трајно решение треба да биде засновано врз заемно почитување, заштита на националното достоинство и јасна, предвидлива европска перспектива.

Верувам дека денешните разговори ќе придонесат за подобро меѓусебно разбирање и за натамошно зајакнување на партнерството со Европската Унија, засновано врз доверба, почитување и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за здравство: Лекот Фостер повторно ќе биде достапен за пациентите во најскоро време

Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен

Министерство за здравство: Лекот Фостер повторно ќе биде достапен за пациентите во најскоро време

Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека овој лек повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата, во најскоро време. –Велат од министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер