Дресираното куче Пончо од Мадрид го воодушеви светот, изведувајќи кардиопулмонална реанимација на полицаец за време на вежба - Канал 5

Дресираното куче Пончо од Мадрид го воодушеви светот, изведувајќи кардиопулмонална реанимација на полицаец за време на вежба

Во Мадрид, дресирано полициско куче по име Пончо привлече големо внимание откако видеоснимка од неговата обука беше објавена онлајн, прикажувајќи го како изведува кардиопулмонална реанимација на полициски службеник за време на вежба. 

Дресираното куче Пончо од Мадрид го воодушеви светот, изведувајќи кардиопулмонална реанимација на полицаец за време на вежба

Додека полицаецот лежел на земја, Пончо се стрчал кон него и веднаш започнал со постојани, ритмични компресии на градниот кош со шепите, внимателно следејќи ја својата обука и инструкции. Прецизноста, брзината и усогласеноста на неговото реагирање оставија силен впечаток кај гледачите ширум светот.

Снимката, која ја објави општинска полиција во Мадрид, пренесе една важна порака која многумина не ја сфаќаат, а тоа е дека кучињата за помош можат да бидат обучени да даваат поддршка во спасување животи.

Обуката, дисциплината, повторувањето и внимателната подготовка создаваат неверојатни вештини кај животните, а во критични моменти, кога секоја секунда е важна, нивниот придонес може да биде од суштинско значење.

Гестот на Пончо потсетува дека овие животни се многу повеќе од обични придружници. Тие се партнери, заштитници, а понекогаш и вистински спасители кои ги посветуваат своите животи за помагање на луѓето. Дресирањето, лојалноста и природниот инстинкт кај кучињата можат дури и една наизглед едноставна вежба да ја претворат во моќен потсетник за значењето на тимската работа, за правилната координација и за довербата меѓу човекот и животното во ситуации од животно значење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка Мурму

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија  Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје

Втор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка Мурму

Претседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто се обратија на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид.

Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последната порака на Олександр Сирски

Во контраофанзивите оваа година, Украина успеа да поврати 700 километри од својата територија, соопшти денес началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина во заминување, Олександр Сирски.

Последната порака на Олександр Сирски

Тој на својот канал на платформата „Телеграм“ потврди дека ја напушта функцијата началник на Генералштабот и истакна дека на својот наследник, Михаил Драпати, му ја препушта армијата која „не само што ја одржува одбраната, туку и дејствува офанзивно“, пренесува „Ројтерс“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека денеска ќе биде официјализирана неговата одлука Михаил Драпати да биде назначен за нов главен командант на Вооружените сили на Украина, со што ќе го замени Олександр Сирски.

„Заедно со Михаило, Јевгениј Хмар и Павло Палис, утврдивме како треба да се реорганизира Генералштабот на вооружените сили на Украина. Факт е дека Олександр Сирски постигна резултати за Украина во одбраната на Киев, офанзивата кај Харков и операцијата во Курск. Изминавме долг пат, одбраната на Украина продолжува и кон секој борец мора да се постапува достоинствено“, изјави Зеленски во објава на платформата X.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тепачот“ Паредес конечно проговори по хаосот во финалето против Шпанија

Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес даде изјава по драматичното финале на Светското првенство.

„Тепачот“ Паредес  конечно проговори по хаосот во финалето против Шпанија

Паредес беше иницијатор на агресивните напади на Аргентинците кон шпанските фудбалери по последниот судиски свиреж.

Тој ја шокираше јавноста со своето прегрубо и „валкано“ однесување, физички напаѓајќи го Гави и упатувајќи навреди кон другите фудбалери од противничкиот тим.

Сега, тој се огласи на социјалните мрежи. „Ти благодарам, Аргентина; Те сакам сега и засекогаш. Денес пишувам со длабока тага во душата, бидејќи не успеавме да ја донесеме радоста што нашата земја толку многу ја заслужува, но сепак срцето ми е полно со гордост знаејќи дека го дадовме максимумот и уште еднаш гордо го кренавме нашето знаме! Ви благодарам на сите што беа дел од оваа репрезентација – на оваа група играчи кои дадоа сè од себе за да го претстават овој дрес, борејќи се до последната секунда од секој натпревар! Беше чест да се биде дел од најдобрата аргентинска репрезентација во историјата!“, напиша Паредес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер