Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план
1Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план
УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
2УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
СкијањеДресен ги шокираше и олимпискиот и светскиот шампионГерманецот Томас Дресен триумфираше во спустот во Квитфјел, Норвешка, оставајќи ги зад себе актуелниот светски шампион во оваа дисциплина Беат Фојц и олимпискиот шампион Аксел Лунд Свиндал.Дресен оствари време од 1:49.17 и за само осум стотинки успеа да го победи Фојц. Свиндал со задоцнување од 17 стотинки заврши трет. Со овој резултат, Фојц е се уште прв во генералниот пласман со 622 поени, а Свиндал е втор со 60 помалки. Тие остануваат единствените кои можат да ја освојат титулата од Светскиот куп во спуст./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаМиротиќ со изненадувачки трансфер во ВаленсијаЕден од најдобрите европски кошаркари во последните неколку години, досегашниот член на Монако, Никола Миротиќ останова во Евролигата и следната сезона ќе игра во Валенсија, потврди шпанскиот клуб.Миротиќ беше без клуб ова лето откако го напушти Монако, но пред почетокот на новата сезона постигна договор со Валенсија. „Здраво, Валенсија. Слушнав дека барате играч на позиција четири, па еве ме мене“, изјави Миротиќ во објавата за неговото доаѓање на социјалните мрежи. Триесет и петгодишниот кошаркар минатата сезона настапуваше за Монако и остваруваше просек од 11 поени, 4,3 скока и 1,4 асистенции на 31 натпревар во Евролигата. Тој имаше одличен процент на шут за три поени од 39,3 отсто и минуваше по 19,1 минута на теренот по натпревар. Неговата иднина беше неизвесна по големите финансиски проблеми на Монако. Миротиќ на крајот го напушти клубот, кој потоа остана без место во Евролигата по само една сезона помината во елитното европско натпреварување со искусниот крилен центар во составот. Миротиќ ја започна својата сениорска кариера во Реал Мадрид, а во 2014 година се пресели во НБА. Во текот на шест сезони во најсилната лига во светот, тој настапуваше за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс. На 319 натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА, тој имаше просек од 12,3 поени и 5,9 скока. Тој се врати во европската кошарка во 2019 година, кога потпиша за Барселона. Токму во каталонскиот клуб ја одигра една од најдобрите сезони во кариерата, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во сезоната 2021/22. По заминувањето од Барселона во 2023 година, Миротиќ помина две сезони во Олимпија Милано пред да се пресели во Монако минатото лето. И покрај големиот број индивидуални признанија и трофеи освоени на домашната сцена, на Миротиќ сè уште му недостасува највредната европска клупска титула – онаа на шампион во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор планКога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план.Со години гледаме како мал дел на корумпирани судии и обвинители работеа под принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето на СДС и ДУИ, предметот да заврши поинаку. На судиите и обвинителите кои мислат дека и понатаму можат да одработуваат за старите центри на моќ, треба да им биде јасно дека времето на СДС и ДУИ заврши, а мора да заврши и времето на нивната заштита во правосудството. Македонија заслужува независно судство и обвинителство, а не политички бастион. Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може за случајот Ласкарци да се укине пресудата. Не може за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Токму затоа довербата во правосудството е на дното. А правда мора да има. Одговорност мора да има и законот мора да важи еднакво за сите. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Toyota“ развива начин автомобилите да го фотографираат она во што гледате„Toyota“ патентираше интересен систем кој во иднина би можел да му овозможи на автомобилот автоматски да го фотографира она во што гледа возачот.Технологијата користи камера во кабината за да ги следи лицето и движењата на очите на возачот; потоа ја одредува линијата на неговиот поглед и ја насочува едната или повеќето надворешни камери на автомобилот кон објектот што му го привлекол вниманието. Патентот, насловен „Системи и методи за снимање информации за патната сцена релевантни за возачот“, опишува систем што поврзува внатрешна камера – насочена кон главата и очите на возачот – со камерите на надворешноста на возилото. На пример, ако возачот погледне кон интересен автомобил покрај патот и каже „сликај го тоа“ или притисне копче на воланот, компјутерот на возилото одредува каде гледа тој и ја избира соодветната камера за да ја сними фотографијата. Фотографијата не би се зачувувала во самиот автомобил, туку би се испраќала на поврзан мобилен уред. Ова значи дека возачот би можел да ги држи двете раце на воланот и да ги прегледа фотографиите подоцна, откако безбедно ќе запре, пренесува „Autoblog“. Патентот на „Toyota“ исто така прикажува и понапредни можности на системот. На пример, автомобилот би можел да ги користи информациите за интересите на возачот за да предвиди што тој би сакал да фотографира. Еден наведен пример е можноста возачот да даде претходно зададена инструкција, како на пример: „Ако видиш класичен автомобил во моја близина, фотографирај го“. Ваков систем би можел да биде особено корисен бидејќи би ја елиминирал потребата возачот да посегнува по телефонот додека вози за да фотографира нешто покрај патот. Наместо да се обидува истовремено да го следи сообраќајот и камерата на телефонот, возачот едноставно би гледал кон објектот и би му дал команда на автомобилот. Сепак, засега станува збор само за патент, па нема потврда дека „Toyota“ планира навистина да ја воведе оваа технологија во сериските возила. Патентот го илустрира концептот и потенцијалното функционирање на системот, но сам по себе не гарантира дека технологијата ќе се појави во идните модели на „Toyota“. Извор: Б92Тагови: Toyota Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter