МакедонијаДрекслер за извештајот на ЕК: Македонија треба да работи на владеење на правотоМакедонија треба да работи на владеење на правото и борба против корупцијата.Македонија во иднина треба да постигне подобри резултати во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата, изјави амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер. Според амбасадорката Дрекслер, низ Извештајот на Европската Комисија е добра основа за идните преговори со ЕУ. - Извештајот за Македонија е многу важен и значаен бидејќи преку него се мери напредокот во различни области. Извештајот претставува добра основа за дискусија, добра основа за идните преговори и покажува во кои области што е постигнато, и во кои области во иднина што треба да се постигне. Тука ќе ги спомнам владеењето на правото и борбата против корупцијата, рече амбасадорката Дрекслер при денешната посета на Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Војна на улиците во Франција: 320.000 демонстранти предизвикаа хаос, сидири со полицијата...Во Франција синоќа, за време на протестите низ целата земја, приведени се 296 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според Министерството, на демонстрациите учествувале околу 320.000 луѓе, додека организаторите проценуваат дека бројката достигнала речиси 500.000. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во Париз се собрале околу 70.000 демонстранти, додека младинските синдикати тврдат дека во главниот град протестирале околу 200.000 луѓе, пренесува телевизијата БФМ (BFM TV). Plusieurs cocktails molotov jetés contre les forces de l'ordre à Paris. Situation très tendue porte de Charenton. #31octobre #Paris https://t.co/G32fnaDICG — Luc Auffret (@LucAuffret) October 31, 2026 Демонстрациите, кои претставуваат трет бран на социјална мобилизација во последните три недели, првично беа мирни, но доцна попладнето дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата во неколку градови, меѓу кои Париз, Лион, Марсеј, Бордо, Лил и Нант. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека радикални групи во неколку градови се обиделе да навлезат во градските центри за да предизвикаат немири, вандализам и грабежи, но полициските сили ги спречиле во тоа. Plusieurs lasers utilisés par les manifestants pour tenter d'éblouir les policiers à Paris. #31octobre #Paris https://t.co/z7SPWTxEmO — Luc Auffret (@LucAuffret) October 31, 2026 Во Париз во близина на Порт де Шарантон, дошло до судири при што маскирани демонстранти фрлале предмети кон полицијата, а биле забележани и запаливи направи. Полицијата одговорила со солзавец, а интервенирала и единицита за разбивање демонстрации. Во Марсеј, според проценките на префектурата, се собрале до 10.000 луѓе, а откако демонстрантите почнале да фрлаат предмети кон полицијата, безбедносните сили употребиле сила за да ги растераат групите што предизвикуваа немири. Во Лион, според податоците на префектурата, протестирале 19.000 луѓе, додека во Бордо полицијата изброила 11.000 демонстранти. Сепак, според проценките на синдикатите, во Бордо на улиците излегле околу 70.000 луѓе. Во Тулон, во протестот учествуваа околу 1.000 луѓе, при што осум лица биле приведени, додека во Ница, демонстрациите со околу 4.200 учесници завршиле без посериозни инциденти. Француските власти го оцениле синоќешните собир како настан со висок безбедносен ризик, поради што низ целата земја беа распоредени околу 70.000 полицајци и жандармиТагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДве години од трагедијата во Нови Сад: 16 жртви, три судски постапки без пресудаДенес се навршуваат две години откако 16 лица загинаа, а едно лице беше тешко повредено, кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица во Нови Сад, Србија. Иако во врска со овој случај се водат три одвоени правни постапки, судењето сè уште не е започнато. Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот. Во инцидентот загинаа четиринаесет лица – меѓу кои и четири деца на возраст од 6, 10, 16 и 17 години – додека три други лица беа тешко повредени; двајца од повредените подоцна починаа во болница. Денес во Нови Сад се одржува комеморативен собир, организиран од студентско движење; други собири се закажани на различни локации низ градот, со почеток уште од 9:30 часот. Во меѓувреме, во Храмот на Свети Сава во Белград, во 9:00 часот ќе се одржи помен што ќе го предводи патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфирије. Во врска со уривањето на настрешницата, во тек се три одделни постапки – кои ги водат Вишите јавни обвинителства во Нови Сад и Белград, како и Обвинителството за организиран криминал – но, и по две години, судењето за ниту еден од овие случаи сè уште нема започнато. Обвинението опфаќа 13 лица, меѓу кои се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ; неговата помошничка, Анита Димоски; поранешните директори на претпријатието „Инфраструктура на српските железници“ (*Infrastruktura železnica Srbije*), Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан; како и проектантите и други одговорни лица задолжени за реконструкцијата на Железничката станица. Во меѓувреме, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против само три лица: менаџер за развој во „Инфраструктура на железници на Србија“, претседател на Комисијата за технички преглед на железничката станица и член на истата комисија. Експерти од оваа област сугерираат дека оваа постапка служи за „попречување“ на предметот што моментално се води во Нови Сад. Трет предмет води Обвинителството за организиран криминал и тој сè уште е во истражна фаза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter