Дражен Петровиќ според „Спортске новости“ најдобар хрватски кошаркар во историјата

Хрватскиот весник „Спортске новости“ спроведе анкета меѓу кошаркарските авторитети во Хрватска за тоа кој е најдобриот играч во историјата.

Стручното жири составено од Невен Бертишевиќ, Пино Џерџа, Мирко Новосел, Жељко Павличевиќ, Велимир Перасовиќ, Јасмин Репеша, Петар Сканси, Невен Спахија и Славко Трниниќ.

Жирито гласало за по пет кошаркари, на кои им давале поени (од 1 до 5).

Изборот воопшто не бил лесен, а како што се очекуваше, главната борба се водела меѓу поранешните НБА ѕвезди  Тони Кукоч и Дражен Петровиќ.

Во изедначениот избор трагично загинатиот Дражен Петровиќ победил со само еден глас повеќе од легендата на Југопластика и Чикаго Тони Кукоч.  

Петровиќ на тој начин стана неофицијално најдобриот хрватски кошаркар на сите времиња.

ТОП 10:

1.Дражен Петровиќ 34

2.  Тони Кукоч 33

3.  Крешимир Ќосиќ 26  

4.  Дино Раѓа 16

5.  Бојан Богдановиќ 8,

6.  Пино Џерџа 5

7.  Миховил Накиќ 3

8.  Петар Сканси 2

9.  Стојко Вранковиќ 2,  

10. Дамир Шолман 1.

притисни ентер