Драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација

Во последните четири дена доставени се 7.500  решенија за изолација на лица зразени со Ковид-19 и на лица кои имале контакти со позитивни.

Од разговорот со инспекторите бев информиран дека драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација на лица заразени со Ковид 19 и лица кои биле во контакт со заболени. Тоа е показател дека влегуваме во можеби најкритичниот период од пандемијата, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Тој нагласи дека е факт оти здравственот систем е оптоварен и затоа, како што рече, повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања.

– Само така, заеднички ќе ја надминеме оваа здравствена криза, која притиска и врз економијата. На тој начин, ќе им помогнеме и на инспекторите, здравствените лица, полицијата, армијата и сите други чинители што се вклучени во битката со овој вирус. А ние како Влада, и јас како вицепремиер под чија надлежност е координацијата токму со Инспекцискиот совет ќе направиме се што е во наша надлежност да им помогнеме на инспекциските служби, потенцираше вицепремиерот.

Николовски истакна дека информацијата за кадровската екипираност во и инспекторатите е веќе влезена во владина процедура.

– Евидентно е дека им е потребен значитено поголем број луѓе и ресурси и онаму каде што има потреба, за следната година ќе се овозможи да има нови вработувања со цел да се обезбеди непречено функционирање, рече вицепремиерот.

Тој посочи дека ги охрабрува инспекциски служби да продолжат со интензивните контроли.

– Ја имаат поддршката од Владата, нема да дозволиме заради поединци да биде загрозено јавното здравје, нема толеранција кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните. Секоја инспекциска служба во рамки на своите надлежности, има подеднакво значење и придонес во справувањето со пандемијата од Ковид 19 и вакви средби ќе спроведам и со другите инспекторати, изјави Николовски.

Директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова нагласи дека инспекторите веќе девет месеци наназад секојдневно се на терен со вршење на вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи, школи, детски градинки козметички салони, старечки домови, секаде каде што е потребно.

Таа наведе дека само во последните четири дена доставени се 7.500 решенија за изолација на лица зразени со Ковид-19 и на лица кои имале контакти со позитивни.

– Последниот надзор во Клиничка болница Штип го завршивме за 48 часа. Исходот понатаму е иницирање на вонреден надзор за да се потврди или отфрли евентуална грешка во здравствениот систем. Надзорот во Клиничка болница Битола го завршивме за 24 часа со епилог издавање решение по кое директорката мора да постапи веднаш. Инспекторите ќе останат на терен, будно ќе моноторираат било какво отстапување од протоколите и од законските норми кои се пропишани. Борбата е заедничка, непријателот е невидлив меѓутоа е тука за нас, потенцираше Сотирова Бухова./МИА

Медиуми: Барса ќе го отпушти Чави ако сезоната во Примера не ја заврши на втората позиција

Барселона би можела да го отпушти тренерот Чави Ернандес по завршување на сезоната, пренесува денеска весникот АС.

Според истиот извор, тоа ќе се случи доколку тимот заврши под второто место во тековната сезона во Ла Лига.

По 34 одиграни кола, каталонскиот клуб е третопласиран на табелата со 73 бодови, бод помалку од второпласираната Жирона. На 4 мај Барселона загуби од Жирона (2:4) на гостински терен, а Реал Мадрид веќе ја обезбеди шампионската титула.

Чави во јануари објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона, но минатиот месец 44-годишниот стратег рече дека се предомислил и ќе продолжи да работи во клубот.

Пендаровски:Не постои таков хибрид,почитувам Преспанскиот договор,Северна нема да употребувам

„Вие имате пратеници што заговараа промена на име, со две додавки, со две загради, го знаеме тоа од снимнките, па зошто не го решиле?“

Невозможно е да кажете дека како легалист ќе го почитувате Преспанскиот договор, а Северна нема да употребувате. Може да го направите тоа по дома, со друштво, но како претседател не смеете да не го употребувате уставното име на државата. Овде, на МАНУ, на факултет како претседател мора го употребувате уставното име. Не постои таков хибрид, го почитувам Преспанскиот договор, Северна никогаш нема да употребам. Постоеше безбедносен апсект за влез во НАТО, а по руската агресија се виде дека сме биле во право. Вие имате пратеници што заговараа промена на име, со две додавки, со две загради, го знаеме тоа од снимнките, па зошто не го решиле? Мислам не би требало да ви вадам слики на лидери кои стојат позади вас на бина кои се сликани со тој нарко-барон и се сликани со неговите пријатели и не стојат, не се на поминување туку тераат гозби во кафеана. Вашето опкружување и човекот што ве предложи седи, тера ќеифови, со тој. Сликите не се измислени, туку се доказ. Фета Алими му го спаси животот на Зијадин Села, практично ја одби наредбата на својот претпоставен кој му наредил да остави што ќе сакаат насилниците тоа да прават. Не само што му помогнал и го однел во болница, но во текот на тој чин и се вмешал велејќи „немојте понатаму“, а никој друг од таа група не го стоил тоа. Најважно е да се каже дека судот го докажа случајот за 27 април дека е организиран чин од владејачката партија да не ја препушти власта на партијата која доби доверба од граѓаните.

рече

Хамас: Предлогот за прекин на огнот во три фази, Бајден посветен на спроведување на договорот

Според предлогот, секоја од трите фази би траела 42 дена: примирјето би започнало во првата фаза, што ќе вклучи повлекување на израелските сили од коридорот Нецарим, кој Израел го користи за да го подели Појасот Газа на северен и јужен дел.

Египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа со кој се согласи палестинската милитантна група Хамас вклучува три фази, од кои едната е постојан прекин на огнот, рече заменик-лидерот на Хамас, Калил Ал Хаија, додавајќи дека посредниците пренеле дека американскиот претседател Џозеф Бајден е лично посветен на спроведувањето на договорот за прекин на огнот, пренесува Ал Џезира.

Според предлогот, секоја од трите фази би траела 42 дена: примирјето би започнало во првата фаза, што ќе вклучи повлекување на израелските сили од коридорот Нецарим, кој Израел го користи за да го подели Појасот Газа на северен и јужен дел.

За време на првата фаза, раселените Палестинци ќе се вратат во своите домови, ќе им биде дозволена испорака на помош, гориво и материјали за помош на цивилите, а за секоја заложничка која би ја ослободил Хамас, Израел да ослободи 50 палестински затвореници.

притисни ентер