Драстично е намален бројот на смртност кај предвремено родени бебиња - Канал 5

Драстично е намален бројот на смртност кај предвремено родени бебиња

Драстично е намален бројот на смртност кај предвремено родени бебиња во последните неколку години, велат од здружението „Лулка“. 

Драстично е намален бројот на смртност кај предвремено родени бебиња

Од 25% бројката на бебиња кои не преживеале е спуштена на 8%. Спред дел од лекартите причина за позитивниот тренд се современите технологии, опрема и начин на работа на медицинските лица. Сепак, и покрај позитивниот тред, простор за подобрување има.

-На предвременото породување до некаде влијаат социоекономските и демографските фактори, како што се возраст на мајката, националност, некои навики во однос на пушење, користење алкохол, брачната состојба, вработеност-невработеност, сиромаштијата многу влијае. Тоа се фактори на кои може да се делува, едукација, превенција, подобар третман, подобар пристап до лекување, подобар пристап до матичниот гинеколог и подобра обука за текот на следењето на бременоста.Др- Денис Алхалили – Педијатар – Претседател на „Лулка“.

Но, негата за предвремено родените деца не треба да заврши со напуштањето на болницата. Оние кои се раѓаат пред време можат да се соочат со разни здравствени проблеми, како проблемио со видот и слухот, но и со кардиоваскуларни заболувања. Здравствените работници треба да бидат обучени според современите методи и протоколи, со цел последиците кај овие деца да се сведат на мионимум, а тука пред се се клучни редовнитепрегледи на дефектолозите, логопедите и физиотерапевтите.

Инаку, од 10 до 17 ноември, здружението „Лулка“ кое се занимава токму со педвремено родените бебиња, организира донаторска недела наречена „Родителска прегратка, моќна терапија“, а средства кои ќе бидат собрани ќе бидат насочени за средби и групи за поддршка на семејствата кои имаат предвремено родени дечиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион

Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени.

Министерот Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион

Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури.

Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, ги обиколи погодените земјоделски површини во Дабиље, а со градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, и површините во Пиперово. Земјоделците ги запознаа министерот и градоначалниците со штетите врз градинарските култури и пластениците, како и со последиците врз тековното производство и очекуваните приноси.

„Зад секоја оштетена градинарска култура стојат многу работа, знаење и вложување. Затоа внимателно ги слушаме земјоделците и врз основа на точни информации да добиеме целосна и реална слика за обемот на последиците што невремето ги остави врз производството“, истакна министерот Серафимовски.

Во разговорите со градоначалниците Јанков и Андонов беа договорени натамошните координирани активности со локалните самоуправи во двете општини, неопходни за спроведување на постапките за евидентирање, процена и надоместување на штетите.

„Нашата обврска е земјоделците да не останат сами кога временска непогода го загрозува нивниот труд и производството. Институциите мора да бидат присутни, достапни и одговорни. Треба да бидеме вистински партнери со земјоделците во текот на целиот процес“, порача министерот Серафимовски.

Во услови на сè почести климатски ризици, министерот Серафимовски ги повика земјоделците редовно да ги следат известувањата и предупредувањата на Управата за хидрометеоролошки работи, како и специјализираната веб-платформа „Агрометео“, на која се достапни временски и агрометеоролошки прогнози и податоци значајни за планирањето на активностите и навременото преземање превентивни мерки, соопшти МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комплетно реновираното одделението за трауматологија во стара градска болница

Пуштено во употреба комплетно реновираното одделение за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски" во Скопје.

Комплетно реновираното одделението за трауматологија во стара градска болница

Одделението е опремено со со нови кревети, комплетно нова електрична и водоводна мрежа, нови тоалети, како и нови врати според стандардите за превенција од ширење инфекции.

Директорот на болницата информираше дека одделението за трауматологија располага со капацитет од 26 кревети и дека во него на годишно ниво се вршат над илајда оперативни интервенции со девет хирурзи трауматолози.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застој

Евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас обраќајќи се пред Националниот совет за евроинтеграции, ја пофали Македонија во нејзината способност да испорача реформи и ја поздрави работата на Собранието .

Седница на Националниот совет за евроинтеграции: Пофалби за реформите, загриженост за европскиот застој

Евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас обраќајќи се пред Националниот совет за евроинтеграции, ја пофали Македонија во нејзината способност да испорача реформи и ја поздрави работата на Собранието во однос на реформските закони, притоа повикувајќи на консензус при донесување на клучните закони. Рокас вели дека Брисел несомнено сака да ја види државава како дел од Унијата, а владеење на правото останува клучен предуслов за сите земји кандидатки.

-Партиите гледаме дека покажуваат конструктивен пристап, постои добра демократска атмосфера и мора да постои заедничка добра волја и многу работа со цел ова да се постигне. // Кога се работи за овие точки, многу е важно секако со наша помош, да се постигне консензус, најмногу за Изборниот законик, потоа и Кривичниот законик. // Владеење на правото е главна област каде ќе се проценува прогресот на секоја земја. Суштинско е законодавството но исто така и јавната администрација да биде добро поткована. Најважно е испразнетите позиции во јавната администрација и судството да бидат пополнети.-Михалис Рокас амбасадор на ЕУ во Македонија.

Ресорниот министер Беким Сали оцени дека државава е една од водечките во спроведување на реформите. Осврнувајќи се и на последниот Извештај за владеење на правото, Сали вели дека се превземаат законски мерки кои што треба доследно да се спроведат.

-Во судството има стратегија за реформата 2024 – 2028, новиот закон за Судски совет и измените во законот за јавни обвинители. Но предизвиците во судството се автономијата, обвинителството, кадровските, финансиските капацитети и опасностите од политизација. // Со последните оценувања на ЕУ, се доделија 65,7 милиони евра додека вкупниот број на ослободени средства е 128,1 милион евра. На 15ти јули доставивме и четврто барање за два чекори со бруто вредност од над 112 милиони евра. - Беким Сали, министер за европски прашања.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции – Венко Филипче е на ставот дека додека регионот напредува на европскиот пат, а Македонија е во состојба на „статус кво“. Оваа стагнација, според него, значи опасност од губење на европските фондови како и перспективата.

-Се поставува прашањето – дали намерното запирање на европскиот пат не е форма на државен удар? Кога се знае што треба да се направи и кога ниту едно поглавје не е отворено а четири земји кандидати за ЕУ беа на меѓувладини конференции во Брисел? // Очигледно е дека немаме алтернатива, очигледно е дека не одиме напред и ние сме единствена земја која што нема отворено поглавја за преговори, додека овие четири кандидатки очигледно е дека ќе бидат следните земји членки. -Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

Дел од претставниците од албанскиот опозициски блок во Националниот совет за евроинтеграции, повикаа на уставни измени што е, како што велат, неопходен чекор во деблокада на преговорите со ЕУ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер