Драмските аматери од Кичево ќе ја подготвуваат „Грев или шприцер" кон крајот на летото - Канал 5

Драмските аматери од Кичево ќе ја подготвуваат „Грев или шприцер" кон крајот на летото

Драмските аматери при Центарот за култура во Кичево, единствената претстава која финансиски е подржана од Министерство за култура „ Грев или шприцер" од Сашко Насев ќе ја подготвуваат кон крајот на летото и почетокот на есента.

Драмските аматери од Кичево ќе ја подготвуваат „Грев или шприцер" кон крајот на летото

Дотогаш тие ќе се посветат на претставата која во претходната година ја подготвија и која во Кичево беше изведена само еднаш и тоа онлајн.

– Претставата „Грев или шприцер" од Сашко Насев е единствената на македонски јазик за годинава која финансиски е подржана од Министерството за култура со 100 000 денари. Бидејќи се работи за бројна актерска екипа, подготовките ги планираме за периодот август, септември, кога учениците се враќаат на настава, а најголемиот дел од актерската екипа ќе бидат младите од средните училишта во градот со дополна од двајца до тројца постари актери.Според нашите планови до средината на октомври планираме да ја подготвиме оваа драмска претстава, по што таа премиерно ќе биде изведена во Центарот за култура, истакна Михајло Петрески, дипломиран актер и режисер на претставата.

Тој најави дека драмската претстава„ Ако останеш дома" од Карој Сакони, која претходната година беше финансиски подржана од Министерството за култура на Македонија, на матичната сцена ќе биде изведена четири пати, бидејќи премиерната изведба во декември беше онлајн.

– Бидејќи драмската претстава „Ако останеш дома" од Карој Сакони ниту еднаш не ја изведовме на матичната сцена и им останавме должни на нашите гледачи планираме кон крајот на овој и наредниот месец да ја одиграме барем три до четири пати, со што сметаме дека ќе го задоволиме интересот на љубителите на драмската уметност од нашиот град, рече Петрески и додаде дека оваа драмска претстава ќе биде пријавена и за Драмскиот аматерски фестивал, што ќе се одржи во Кочани. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Максим Димитриевски - платениот сателит кој зеде сè, а не даде ништо

Максим Димитриевски нема право да зборува за Изборниот законик. 

СДСМ: Максим Димитриевски - платениот сателит кој зеде сè, а не даде ништо

Човекот кој не донесе ништо, а зеде сè, пари, позиции, тендери и заштита од Мицкоски, сега се обидува да прави дефокус по команда на својот газда.

Максим е класичен сателит.

Создаден и финансиран од Мицкоски за да ја растури опозицијата и да ја штити криминалната група ВМРО.

Денес ЗНАМ повеќе не постои. Остана само Максим, кој сега се обидува да ја наплати својата услуга.

Народот веќе го нарекува „Максим по дивизија“ - човек кој работи за пари и прави токму она што ќе му се каже.

Затоа што ако зборуваше искрено, ќе мораше да признае зошто не може да се донесе Изборниот законик.

Не може да се донесе затоа што ВМРО и Мицкоски сакаат неконтролирано гласање на дијаспората, електронско или по пошта, без никаква вистинска контрола.

Сакаат да отворат врата за масовна изборна кражба, токму онака како што правеа и порано.

Максим исто така го поддржува тоа. Затоа што знае дека повеќе никој нема да гласа за него и за неговата банда.

Неконтролираното гласање му е последната надеж.

Максим Димитриевски, како и секој добар сателит, се обидува да ја сврти приказната.

Но вистината е едноставна:

Не е проблемот во СДСМ.

Проблемот е во Мицкоски и криминална организација ВМРО кои сакаат да крадат избори, а Максим е тука само за да им ја чисти патеката со дефокус и лаги.

Народот веќе знае кој е Максим и за што е создаден.

Народот ќе победи!

Европска Македонија ќе победи!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на ДУИ во Tетово за заштита на Охридскиот договор

Во организација на Демократската унија за интеграција,  вечерва во Тетово се одржува граѓански марш за како што претходно најавија од партијата, заштита на Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност во државата.

Протест на ДУИ во Tетово за заштита на Охридскиот договор

Повод за протестот кој почна во 20 часот е одлуката на уставниот суд за именувањето на улиците во Тетово, но од партијата оценуваат дека незадоволството е пошироко бидејќи постои загриженост од намалување на правата и механизмите што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Според партијата на Ахмети, одлуката на уставниот суд отворал прашања за правната сигурност и за идното третирање на прашања поврзани со охридскиот рамковен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенечкиот амбасадор во ОН, Самуел Жбогар, поднесе оставка

Словенечкиот амбасадор во Обединетите нации, Самуел Жбогар, денес потврди дека поднел оставка и дека ќе ја напушти функцијата на 1 септември.

Словенечкиот амбасадор во ОН, Самуел Жбогар, поднесе оставка

Жбогар изјави за СТА дека поднел оставка од лични причини, но не сакаше да даде дополнителни објаснувања, истакнувајќи дека не ги навел причините во писмото за оставка до словенечкото Министерство за надворешни работи.

Некои дипломатски извори велат дека неговото заминување може да биде поврзано со најавената инспекција на работата на Постојаната мисија на Словенија во ОН во Њујорк, но Жбогар рече дека за инспекцијата дознал дури денес од медиумите и изрази надеж дека таа ќе биде извршена додека тој сè уште е на функцијата.

Други дипломатски извори тврдат дека Жбогар долго време размислувал да замине, додека некои ја поврзуваат неговата оставка со новите насоки за словенечката надворешна политика што ги воведе владата на премиерот Јанез Јанша. Жбогар е дипломат со повеќе од 30 години искуство. Тој беше државен секретар во Министерството за надворешни работи, шеф на Специјалната мисија за членството на Словенија во Советот за безбедност на ООН, амбасадор во ООН од февруари 2025 година, а претходно беше министер за надворешни работи на Словенија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер