Драмскиот театар со претставите „Плејбои...“ и „Кармен“ утре гостува на фестивалот РУТА во Љубљана - Канал 5

Драмскиот театар со претставите „Плејбои...“ и „Кармен“ утре гостува на фестивалот РУТА во Љубљана

Драмскиот театар - Скопје утре гостува во Љубљана во рамките на фестивалот РУТА со две претстави - „Кармен“ и „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме - нашето не го даваме“.

Драмскиот театар со претставите „Плејбои...“ и „Кармен“ утре гостува на фестивалот РУТА во Љубљана

Во копродукциската претставата „Плејбои...“, работена по текст на Душан Јовановиќ, во режија на Иван Пеновиќ, играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ. По премиерата во август минатата година во Будва, претставата гостуваше на летните сцени на Охридско лето и на Бриони, а потоа се играше на фестивалите РУТА во Скопје и во Белград. Гостувањето во Љубљана ќе биде дванаесеттата изведба на оваа претстава.

Актерката Билјана Драгиќевиќ-Пројковска на фестивалот РУТА во Љубљана ќе ја изведе монодрамата „Кармен“, работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“, од шпанскиот писател Мигел Делибес. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Монодрамата од својата премиера во 2021 година има 47 изведби и учество на повеќе меѓународни театарски фестивали.

Како фестивалска активност и на словенечкиот фестивал РУТА, по изведбите на претставите, се организираат разговори со уметниците. Оваа година тркалезните маси ќе ги водат драматурзите Петра Погоревц и Нина Куцлар-Стиковиќ. Основната цел на фестивалот РУТА иницирана уште од самиот почеток на соработката се потврдува и на овој фестивал со зајакнувањето на културните врски и надминувањето на националните граници во создавањето простор за нови уметнички соработки. Со текот на годините фестивалот стана препознатлив настан, кој не е само прослава на театарот туку и можност уметниците, техничките тимови и театарската публика на едно место да ги разменат своите искуства и да иницираат нови проекти.

Местно гледалишче љубљанско (МГЛ) помеѓу 29 јануари и 4 февруари 2026 година петти пат е домаќин на РУТА - регионалниот театарски фестивал. Како што информира Драмски, овој ревијален фестивал од 2019 година секои два месеца обединува шест театарски куќи од регионот на фестивалската сцена. Драмскиот театар - Скопје, сараевскиот Камерни театар 55, Београдското драмско позориште, Казалиште „Улисис“ од Загреб, Центарот за култура од Тиват (Црна Гора) и домаќинот - Местно гледалишче љубљанско (МГЛ), пред словенечката публика ќе се претстават со копродукцијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме - нашето не го даваме“ и со претстави од драмската продукција на матичните куќи, во кои играат реномирани театарски и филмски имиња од регионалниот културен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно

Британскиот принц Хари, за првпат јавно се огласи по апсењето на таткото на неговата сопруга Меган Маркл, Томас Маркл . 

Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно

За време на посетата на Брисел – каде што тој и неговата сопруга присуствуваа на откривањето на спомен-обележјето „Изгубен екран“ (Lost Screen) во Европскиот парламент – тој се осврна на сè поактуелниот проблем со безбедноста на децата на интернет, истакнувајќи дека нивната заштита не би требало да зависи од земјата во која живеат.

Со Меган (45) покрај себе, Хари (42) одржа емотивен говор во кој укажа на еден парадокс на современиот технолошки развој: додека технологијата напредува со неверојатна брзина, заштитата на најмладите останува голем предизвик.

„Како стигнавме до точка каде што можеме да создадеме технологија способна за толку неверојатни работи, а сепак сè уште се мачиме да обезбедиме таа да биде безбедна за децата? Ретко бараме од технологијата да биде помалку амбициозна. Ни велат дека таа ќе го трансформира образованието, ќе лекува болести и ќе решава проблеми за кои некогаш сме мислеле дека се нерешливи. Зошто нашата амбиција би застанала тука?“ праша Хари.

Тој нагласи дека не се залага за свет без технологија, туку за интернет каде што децата можат слободно да истражуваат, да учат и да ги развиваат своите интереси, без страв од опасност.

„Сите деца треба да можат да пристапат до интернет и да откријат нешто прекрасно – пријател, интерес што прераснува во страст или место каде што се чувствуваат разбрани. Тие заслужуваат да се чувствуваат безбедно, каде и да се наоѓаат“, изјави принцот.

Тој особено нагласи дека заштитата на децата мора да биде заедничка одговорност на сите држави, предупредувајќи дека штетните содржини и практики не смеат едноставно да се префрлат во земји со помалку строги прописи.

„Европа не може да стане безбедно засолниште за децата доколку штетните практики само се преместуваат во земји со пониско ниво на заштита. Мораме да соработуваме со државите ширум светот за да осигуриме дека напредокот овде нема да значи оти децата на други места остануваат изложени на истите ризици. Безбедноста на едно дете никогаш не смее да зависи од земјата во која тоа живее“, истакна Хари.

Тој додаде дека е неопходно да се испита кој се спротивставува на мерките наменети за заштита на најмладите, кој ги финансира таквите активности и чии интереси се застапуваат.

Неговиот говор имаше и силен емотивен крај.

– Да ја прифатиме понудата на технологијата за изградба на свет што ги надминува нашите соништа, но да се согласиме дека во тој свет нашите деца, во најмала рака, би биле безбедни. И ниту едно семејство не би требало да изгуби дете, пред светот да одлучи да заштити барем едно – заклучи принцот.

Иако првично беше планирано Меган да ѝ се обрати на публиката, тоа беше откажано еден ден пред настанот.

Според британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph), извор близок до двојката изјавил дека таа во моментов не е доволно емоционално силна за да зборува во јавност.

Нивното појавување во Брисел се случи четири дена по апсењето на таткото на Меган, Томас Маркл Постариот (82), во Флорида.

Според американското обвинителство, тој е обвинет по една точка поврзана со поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна од 20 години затвор.

Томас Маркл Постариот не се изјасни за вината и беше пуштен на слобода врз основа на ветување дека ќе се појави на суд, по неговото појавување пред судот. Тој претходно негираше дека некогаш имал сексуални односи со малолетници или дека поседувал материјал за кој станува збор. Сè уште не е одреден датум за судењето – или, попрецизно, за следното појавување пред судот во Калифорнија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер