Драмскиот театар од Белград со „Лет над кукавичјото гнездо“ вечерва на „Охридско лето“ - Канал 5

Драмскиот театар од Белград со „Лет над кукавичјото гнездо“ вечерва на „Охридско лето“

 Култната претстава „Лет над кукавичјото гнездо“ во изведба на бројна актерска екипа на Драмскиот театар од Белград вечерва за сладокусците на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“.

Драмскиот театар од Белград со „Лет над кукавичјото гнездо“ вечерва на „Охридско лето“

Главниот лик во претставата Рендал МекМарфи го толкува актерот Драган Бјелогрлиќ, добро познат на овие простори зад кого стојат бројни театарски и филмски улоги. За овој лик, од вечерашната драма Бјелогрлиќ во изјавата дадена за МИА рече дека таа улога веќе е дел од него...

- Кога толкувате еден таков лик во претстава што толку долго е на сцената, тоа станува дел од вашиот живот. За оваа претстава повеќе не можам ниту да зборувам како за уметничко дело, туку како за дел од мојот живот. Кога и ќе го облечам косимот на МакМарфи, напросто станувам „Тој“, а кога ќе го соблечам костумот тој останува во мене...изјави Бјелогрлиќ.

За самата претстава што е напишана некаде во 60-тите години на минатиот век, рече дека е ода на слободата, дека таа добива на актуелност во секој миг кога има појави на скратување на слободите во општеството.

- Појавите на масовно скратување на слободата во Србија, однеднаш повторно го оживуваат МекМарфи. Претставата и само по себе како е квалитетна, добра, опстојува, но секој миг на посегнување по слободите, по демократијата, само придонесува токму оваа претстава да остане актуелна на сцената, рече Бјелогрлиќ.

Актерот Мима Караџиќ рече дека многу ја сака улогата и претставата, која е вели, хит на белградската драмска сцена.

- Тука сме прекрасна актерска екипа, уверен сум дека вечер ќе имаме една извонредно убава приказна. Публиката ќе ужива, рече тој.

Милица Зариќ вели дека оваа претстава е нешто повеќе од театарот, повеќе и од самиот живот...

- Претставата за нас е многу значајна...Доживеа многу промени, а сепак опстана, што е еден од показателите дека е посилна од животот. Она што за мене е посебно важно за оваа претстава, тоа е тој колективитет, свртеноста на луѓето едни кон други што ни недостасува во овие времиња. Претстава осмислена да ја врати човечноста кај луѓето, емпатијата, некои работи на кои треба да се потсетиме и за што уметноста и постои и за што треба да служи, рече таа.

Актерот Слободан Нинковиќ кој во претставата го толкува ликот на индијанецот кој прозборува на самиот крај на приказната, вели дека се работи за таков тип претстава од која тешко е да се одвоиш...

- Претставата за жал доживеа многу измени во актерскиот состав, многу од актерите на првата постава и веќе не се меѓу нас. Но, сепак, ценам дека претставата не што ништо нема загубено, дури можеби нешто и добила. Индијанецот кој го толкувам е ликот кој ја разрешува приказната, кој проговорува на самиот крај, за со главниот лик да ја завршиме претставата. Тој го претставува она што навистина се случило на неговиот народ во САД, да им е одземена земјата на домородните луѓе во Америка, да не смеат ниту да зборуваат...рече Нинковиќ кој првпат настапува пред публиката во Охрид, изразувајќи уверување дека публиката ќе ужива онолку колку што очекува да ужива и целокупната актерска екипа на Драмскиот театар од Белград.

Претставата „Лет над кукавичјото гнездо“ е драмски текст на Дејл Васерман, работен според роман на Кен Кесеј, а во режија на Жанко Томиќ.

На Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва од 21 часот уште ќе се појават актерите Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Владан Милиќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Ана Гаќеша, Александра Ања Алач и Неда Мацановиќ.

Потврда за големиот интерес за претставата е што билетите се целосно распродадени уште пред неколку дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Илјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно.

Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај.

,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД

И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува.

,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,,

Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност.

,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,,

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавува

Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. 

19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавува

„Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал.

„Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка.

Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето?

„Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена.

Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер