Драмски театар утре онлајн ја прикажува претставата „Огнени јазици" од Горан Стефановски

Утревечер (петок, 15.5.2020) со почеток во 20:00 часот, на Јутјуб каналот на Драмски театар Скопје ќе биде прикажана претставата „Огнени јазици" од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски.

За сабота (16.5) во исто време (20:00 часот) ќе може да ја видите претставата „Кандид во земјата на чудата" по текст на Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски.

Овие претстави ќе останат на Јутјуб каналот на Драмски театар и ќе можат да се гледаат и во иднина, соопштуваат од театарот.

притисни ентер