Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
1Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!
КултураДрамски театар Скопје гостува во Велес со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Драмскиот театар денеска гостува во Велес. Претставата ќе се игра во 20 часот на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“.Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, aсистент на режија е Димче Николовски a драматург на претставата е Александра Бошковска. Костимите се креирани од костимографката Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката е на Симон Симоновски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска. Режисерката Зоја Бузалковска истакнува дека она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла, претставата има и едукативно – воспитна функција и може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика. Премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021. Интересот на публиката и во третата сезона е голем и претставата привлекува публика од сите возрасни групи, информираат од Драмскиот театар. Надвор од матичната сцена гостувала на Охридско лето во 2022 додина и на театарскиот фестивал Рута во Скопје во октомври 2022 и Рута Љубљана во 2023 година. Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ aнсамблот на Драмски театар Скопје настапи на минатогодишниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и доби пет високи признанија: награда за главна машка улога на актерот Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер Бун, награда за женска епизодна улога се додели на актерката Емилија Мицевска за улогата на Џуди. Наградата за сценографија ја доби Константин Трпеноски, а наградата за костимографија се додели на Елена Вангеловска и Раде Василев за костимите во претставата и награда за кореографија и сценски движења се додели на Симон Симоновски. Претставата на гостувањето во Велес ќе ја има својата триесетта изведба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаЧилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност. Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба. „Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП). За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки: - Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена. - Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања. - Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите. - Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија. - Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства. „Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов. На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат. „Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава. ЛДПТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаОпштина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“ Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка. Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога. Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените. Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНајчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинакуКонцептот Фиат Мултиплеј го најавува враќањето на името Мултипла во сосема нова форма.Фиат подготвува необичен концепт за Саемот за автомобили во Париз – Мултиплеј, модел кој се потпира на наследството на два различни автомобили со името Мултипла, но носи сосема поинаква каросерија. За разлика од претходните модели, новиот Мултиплеј не е миниван. Фиат го опишува како комбинација од теренец и пикап, со отворен товарен простор и флексибилен ентериер. Теренец и пикап во едно Идејата е дека конфигурацијата на возилото може да се промени само со неколку движења, благодарение на посебен механизам. Така, Мултиплеј би можел да понуди практичност на отворен товарен простор кога е потребно, но и удобност на теренец за секојдневно возење. Фиат го опишува возилото како „нов концепт за мобилност“, со фокус на пристапност, флексибилност и практичност. Иако во моментов е концепт, Фиат не го крие фактот дека Мултиплеј би можел да послужи како основа за иден производствен модел. Компанијата вели дека би можела да создаде нова категорија возила и да ја прошири својата понуда за прифатливи семејни возила. Доколку производството навистина се одвива, се очекува да се користи платформата Смарт Кар на Стелантис, која поддржува бензински, благ хибрид и целосно електрични погонски склопови. Враќање на името Мултипла Првиот Фиат 600 Мултипла беше претставен во средината на 1950-тите. Беше долг околу 3,5 метри, имаше три реда седишта и можеше да смести шест патници. Името беше повторно користено кон крајот на 1990-тите. Фиат Мултипла од 1998 година стана познат по својот многу необичен дизајн и двојни фарови, но во исто време нудеше простор за шест патници во два реда седишта. Должината на овој модел беше компактна 399,4 см. Новиот Мултиплеј сега можеше да ја комбинира практичноста на тие модели со модерен концепт на теренец/пикап. Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата во Париз. Извор: Б92Тагови: Мултипла фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05