Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Белград - Канал 5

Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Белград

Драмски театар настапува во Београдско драмско позориште со претставата „My name is Goran Stefanovski“ („Се викам Горан Стефановски“)

Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА Група Триглав во Белград

По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА Група Триглав од 1 до 6 декември ќе се одржи во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува на 2 декември со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“.

Со оваа претстава театарот годинава гостуваше на регионалните фестивали во Подгорица, Нови Сад, Ниш и Крагујевац на кои доби значајни театарски награди. Текстовите на Горан Стефановски како хроника на едно време се актуелни и се играат во повеќе театарски куќи на задоволство на неговата читателска и театарска публика.

Режисер на претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во периодот од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“).

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Драмски театар Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги поддржа американските напади врз повеќе од 80 цели во Иран, извршени како одговор на иранските напади врз три трговски брода што минуваа низ Ормутскиот теснец.

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на НАТО.

„Апсолутно е клучно САД да одговорат решително“, додаде тој пред консултациите на лидерите на 32-те членки на НАТО Во меѓувреме, Кувајт беше нападнат, додека утрово во Бахреин се огласија сирени за воздушен напад, откако иранските медиуми објавија дека иранската војска најавила одговор на американските напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на Судскиот совет, на дневен ред одлука за избор на претседател на Кривичен суд

Судскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки.

Седница на Судскиот совет, на дневен ред одлука за избор на претседател на Кривичен суд

Судскиот совет на Македонија денеска треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и избор и разрешување на судии поротници и формирање комисии на известители по барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка силно го нападна Иран, следуваше жестока одговор

Америка ноќва изврши силни напади врз Иран по нападот на неколку танкери во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека утрово возвратил со напади врз американски воени цели во регионот.

Америка силно го нападна Иран, следуваше жестока одговор

Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни објекти и лансери на крстосувачки ракети против бродови.

Иран утрово одговори на ноќешниот напд.

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ) објави дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Како што се наведува во соопштението, нападот бил изведен како одговор на она што го нарекоа „кршење на примирјето“, до кое дошло откако Соединетите Држави извршиле серија воздушни напади во јужниот дел на Иран.

Претходно беше јавено дека во Бахреин и Кувајт се огласиле сирени за предупредување од ракетни напади, додека иранската војска упатила официјално предупредување дека подготвува „разорен одговор“ на американските напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер