Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати
2Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати
3Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите
КултураДрамски театар потпиша меморандум за соработка со Народниот театар НишВо рамките на регионалната соработка на институциите од културата, директорот на Драмски театар Скопје, Роберт Вељановски оствари работна посета на Народниот театар Ниш.Како што соопштија од Драмскиот театар Скопје, со взаемна согласност на двете театарски институции за развивање на партнерски односи во делот на гостувања на театрите, реализирање на копродукциски театарски проекти, како и други видови соработка кои би биле од интерес на двете институции, официјално бил потпиша Меморандум за соработка. Договорот го потпишале директорот на Драмски театар Скопје, Роберт Вељановски и Ана Савиќ в.д. директорка на Народниот театар Ниш. -Овој чин подразбира соработка која ќе вклучува размена на претстави, уметнички идеи и остварување на можни копродукции и заеднички проекти, со што ќе ги зајакнат врските меѓу двата театра, се наведува во соопштението од Драмски театар. За значењето на потпишувањето на Договорот за соработка со Народниот театар Ниш, директорот Вељановски истакнал дека придонесот од гостувањата и размената на искуства на регионалната театарска сцена е огромен во делот на професионалниот и личен развој за актерскиот и уметничкиот дел од ансамблите, но исто така, тоа е убава прилика на публиката во Скопје и во Ниш да и овозможиме во еден пријатен ревијален амбиент, на сцените на нашите матични театри да ги види актерите и актуелните претстави на Народниот театар Ниш и на нашиот Драмски театар Скопје. Со верба во новата соработка со колегите од Ниш, Вељановски како потврда за успешното остварување на една визија за регионална соработка го истакнал значењето на Унијата на театрите од регионот - РУТА која веќе пет години е препознатлива театарска приказна на Балканот и која продуцираше триесетина театарски фестивали и неколку копродукции. -Во моментов во Драмски театар Скопје ја подготвуваме копродукција „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ по текст на Душан Јовановиќ, во режија на хрватскиот режисер Иван Пеновиќ. Станува збор за четирипартитна копродукција во која учествуваат Драмски театар Скопје, Белградскиот Драмски театар, МГЛ од Љубљана и НУ„ Будва град театар“ . Премиерата ќе се игра во Црна Гора, на фестивалот во Будва на 10 август. Потоа следуваат изведбите на Охридско лето и Бриони во Хрватска, а скопската публика претставата ќе има можност да ја гледа во рамките на македонското издание на фестивалот РУТА во октомври во Драмски театар Скопје, истакнал Вељановски. Во рамките на разговорите при потпишувањето на Договорот за соработка со Народниот театар Ниш, директорката Ана Савиќ најавила дека е договорено гостување на ансамблот со нивна претстава во Скопје на почетокот на новата театарска сезона.Тагови: Драмски театар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ЕвропаЗеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на миротУкраинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната. Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница. Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПродолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинатиНајмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата. Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините. Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачитеПостигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоследните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00