Драмски театар одбележува 80 години постоење - за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски - Канал 5

Драмски театар одбележува 80 години постоење - за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски

Со вечерашната премиера на претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, Драмски театар ќе одбележи 80 години постоење. 

Драмски театар одбележува 80 години постоење - за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски

Ова, како што беше речено денеска, е огромен јубилеј, не само за Драмскиот театар, туку за македонскиот театар воопшто и за македонската култура.

Почетоците на Драмски театар датираат од 1946 година кога на овој ден, 21 април, на сцената на тогашниот Македонски народен театар во Скопје, премиерно била изведена „Силјан Штркот“, приказна во четири чина, работена според мотивите на приказната за Силјан Штркот на Марко Цепенков, во драматизација на Петре Прличко. Наредните три години Драмски опстојува како Куклена сцена при Македонскиот народен театар, изведувајќи по една премиера годишно.

- На денешен ден пред 80 години, на сцената на тогашниот Македонски народен театар, по формирањето на куклената сцена, е одржана премиерата на претставата „Силјан штркот“, работена по мотиви на Марко Цепенков, во режија на Петре Прличко. Ова е датумот и ова е претставата од која денешната Национална установа Драмски театар Скопје ги влече своите почетоци и денеска е 80-годишен јубилеј на Драмскиот театар Скопје. Немам точен историски податок, но веројатно, бидејќи е куклена претстава, сосема е возможно токму во овие минути од 10 часот таа претстава да се играла на сцената на МНТ. Последните три години, до 1949 година, тој театар опстојува на сцената на МНТ, потоа се осамостојува, станува куклен театар и се сели во старата скопска женска гимназија. Таму функционира до 1958-ма, една од круцијалните години за формирањето на Драмскиот театар, кога на сцената заедно со куклите се појавуваат и живи актери. Тоа е круцијален момент што ја отвора можноста да се случи она што денеска го именуваме како Драмски театар, истакна денеска на прес-конференција директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски.

Со влегувањето во оваа зграда на 4 март 1965 година, театарот функционира на уште еден простор во Скопје кој оваа година, најпосле, по сите урбанистички промени во градот, е лоциран.

- Потоа се сели овде, во населбата Карпош 2 и од '65-та Драмски егзистира тука, на оваа сцена. Во '58-ма го добива името Младинско-детски театар, а во '67-ма дефинитивно станува Драмски театар, откако претходно во '65-тата е додадена додавката Драмски и младинско-детски театар. Тоа е она што го вели историјата за нашиот театар, дополни Вељановски.

„Мачкина глава“ е 461-ва премиера на сцената на Драмски. Играат Рубенс Муратовски, Билјана Драгичевиќ Пројковска, Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Сара Климоска, Игор Ангелов, Сања Арсовска, Златко Митревски и Предраг Павловски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Марија Папучевска, а композитор на музиката е Горан Трајковски.

За Андоновски е оргомна чест што Драмски ќе го одбележи големиот јубилеј со претстава направена по негов текст.

- Кога оваа зграда, овој објект е пуштен во употреба, јас сум имал една година и сум живеел во бараката на моите родители во Влае. Тогаш некој да ми кажел дека ќе ми биде направена чест 80 години Драмски театар да се одбележи со мој текст, веројатно прво не би го разбрал, но, како и да е, би било нешто неверојатно. Направена ми е огромна чест. Ако се погледне што сѐ овој театар исфрли пред сѐ како артисти, и како режисери, и како писатели, како сценографи, како костимографи... тоа е еден град. Тоа е еден мал град на луѓе кои живееле овде, потенцира Андоновски.

Во врска со „Мачкина глава“, напомена дека направил постмодерна рециклажа на „Диво месо“ од Горан Стефановски, задржувајќи ги основните драмски конфликти. Во текстот, сепак, има и многу индивидуални содржини, како и доза на хумор.

- Се обидов да се прашам, кога сега Горан би го пишувал „Диво месо“, дали воопшто би било тоа можно? Светот многу се измени од времето кога Горан го правеше своето „Диво месо“. Мислам дека во текстот успеав да фатам контури... Разочарувачки е што она што Горан го кажа во „Диво месо“ сега е десеткратно зголемено и потрагично. Живееме во луд свет кој страда од шизофренија. Порано схизоморфијата се лекуваше на индивидуално ниво. Во овој свет тоа очигледно станува колективна појава. Војните се враќаат, а тие се секогаш знак на схизоморфија или шизофренија. Тој свет не заслужува никаков друг коментар освен театарска претстава. И мојата „Мачкина глава“ е всушност еден крик над овој свет. „Мачкина глава“ се вика зашто сум се обидувал да ја запомнам физиономијата на мачките. Ги разликуваме, нели, меѓутоа сите имаат иста физиономија и освен мјаукањето, ништо друго како јазик од нив не можете да чуете. Ми се чини дека планетата се претвора полека во една таква мачкина глава, која апсолутно нема свој јазик. А кога нешто нема свој јазик, станува бесповесно, нагласи авторот.

И Пројковски се заблагодари за честа што е дел од екипата на јубилејната претстава. „Мачкина глава“, објасни, е обид да се создаде постмодерна драма базирана на традицијата. Изобилува со многу сатира и автоиронија, а едно од важните прашања што ги отвора е, зошто никој досега ништо не научил и зошто секогаш секоја нова генерација ги почнува истите работи, истите глупости од почеток.

- Драмски за мене е многу важен театар, бидејќи мојата прва професионална претстава е тука: „Падот на невиноста“. Потоа беше „Јона Даб“, „Хамлет“, „Генетика на кучињата“, „Кармен“, „Падот на Масада“... „Мачкина глава“ почнува со основната идеја што ја кажа и Венко: можно ли е денес да се напише „Диво месо“ и како тоа би изгледало?, една голема референца и голема точка во македонскиот театар и уште поважно – една од идентитетските точки на македонскиот театар. Од друга страна, тоа беше само почетната тема на претставата. Претставата се обидува да прави деконструкција на „Диво месо“ и преку текстот да ги видиме работите денес. Човек се прашува, дали е ова истата цивилизација која најдобро и најлесно произведува војни? Зошто и како човештвото се претвори во најголемата фабрика за производство на детски солзи?, рече Пројковски.

Според него, театарот, за разлика од животот, ја има среќата и можноста да ги пробува новите општествени форми, новите системи, без ниту една капка крв.

-Тоа е разликата меѓу театарот и животот, бидејќи во животот сите вежби за нови концепти и нови системи завршуваат со многу тони, литри крв и со многу детски солзи. Всушност, во претставата се прашуваме зошто тоа се случува и секогаш кога мислиме дека сме ги фатиле крајните граници на човечката лудост, веќе следниот ден имаме негација. Од друга страна, претставата се занимава со индивидуата, со малиот човек, што би рекол Чехов. Распнат помеѓу страстите... малиот човек, помеѓу страстите, желбите и соништата. Мислам дека во претставата стигнуваме до уште една тема на Горан - „Лет во место“ што ни се случува и забораваме, додека се занимаваме со Истокот и Западот, на човечкиот живот, на времето што тече. Сега и тука, на малите работи кои се всушност важни, личната среќа, љубовта, додаде режисерот.

„Мачкина глава“ ќе биде третата премиера годинава на сцената на Драмски театар, втора од програмата за 2026-та.

НУ Драмски театар – Скопје е добитник на речиси сите релевантни награди, признанија и одликувања во областа на културата и театарската уметност, како во поранешната СФРЈ, така и во Република Македонија. На МТФ „Војдан Чернодрински“ наградата за уметничко остварување на претстава во целина Драмскиот театар ја има освоено 10 пати од 1979 до 2012 година. Во 2021 година на истиот фестивал е доделена наградата за севкупен уметнички ангажман и резултат на авторот и актерите на претставата „Мојот маж“.

Драмски театар е одликуван и од двајца претседатели: (1976) Орден за заслуги за народ со златна ѕвезда од Јосип Броз Тито и (2016) Орден за заслуги за Македонија од Ѓорге Иванов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна воен хеликоптер во Турција- нема информации за жртви

Воен хеликоптер С-70 се урна и се запали во турскиот град Малатја, објавија локалните медиуми.

Се урна воен хеликоптер во Турција- нема информации за жртви

Според Ројтерс, откако се слушнал силен тресок во близина на контејнерската населба Саманкој, воениот хеликоптер се урнал и се запалил.

На местото на настанот во источна Турција пристигнале пожарникари, медицински служби и екипи за пребарување и спасување, додека полицијата презела безбедносни мерки во поширокото подрачје.

Сè уште нема прецизни информации за бројот на лица во воениот хеликоптер, ниту за нивната здравствена состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца загинати, меѓу кои и напаѓачот во пукотницата во близина на Белата куќа (ВИДЕО)

Едно лице е убиено, а четворица други се повредени во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. 

Двајца загинати, меѓу кои и напаѓачот во пукотницата во близина на Белата куќа (ВИДЕО)

Осомничениот напаѓач, исто така, почина откако се забарикадирал во стан на седмиот кат од зграда над теретаната Вида Фитнес, објави NBC Washington. Смртта на осомничениот беше потврдена за NBC News од два извори на федералните органи за спроведување на законот и еден полициски службеник.

Вршителот на должноста шеф на полицијата Џефри В. Керол претходно на прес-конференција изјави дека стрелецот бил пронајден со прострелна рана во станот каде што се забарикадирал. Според него, стрелецот се чини дека се застрелал во себе.

Полицијата влегла во станот откако слушнала истрел

Полициските преговарачи претходно стапиле во контакт со осомничениот. Откако слушнале истрел од станот, полицајците ја отвориле вратата насилно и влегле, каде што го пронашле ранет.

Полицијата, исто така, потврди нови информации за жртвите од пукотницата. Вкупно пет лица биле застрелани, од кои едно починало на местото на настанот. Останатите четири се однесени во болница. Едно лице е во критична состојба, додека другите тројца имаат повреди кои не се опасни по живот.

Пукањето се случило на раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападен Вашингтон. Сè уште не е јасно дали жртвите биле застрелани внатре или надвор од зградата. Идентитетот на стрелецот не е објавен.

Сведок: „Слушнавме многу гласни истрели“

Оскар Васкез, менаџер на блискиот центар „Повикај ја мајка ти“, рече дека првпат го слушнал противпожарниот аларм во зградата. Минута до два откако сите го напуштиле местото, ги слушнале истрелите. „Слушнавме многу гласни, силни истрели. Не звучеа како истрели“, рече Васкез.

„Видовме луѓе како трчаат кон нас. Целиот тим се врати внатре и се обиде да извлече што е можно повеќе луѓе од улицата. После тоа, ги заклучивме сите врати. Полицајците ни рекоа да не пуштаме никого внатре и се држевме подалеку од прозорците“, рече тој.

Вида Фитнес се наоѓа на источната страна од 15-та улица, додека „Повикај ја мајка ти“ се наоѓа на северната страна од улицата П, веднаш зад аголот, во истиот блок.

Полицијата ги блокираше околните улици

Полициската управа на Вашингтон претходно издаде итно предупредување до жителите да ја избегнуваат областа околу 15-та улица и улицата П.

Спроведувањето на законот ги блокираше околните улици, а издадена е наредба за засолнување на местото за блокот 1500 на 15-та улица. Полицајци во тактичка опрема и бројни служби за итни случаи пристигнаа на местото на настанот.

Агенти од федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така беа вклучени во операцијата, помагајќи ѝ на локалната полиција.

13 училишта во готовност

13 училишта во близина на местото на пукањето беа ставени во готовност, потврди портпаролот на јавните училишта во Вашингтон (DCPS). Ова значеше дека никој не можеше да влезе или да излезе од училишните згради, додека часовите и другите активности во училиштата се одвиваа нормално.

Рајан Дубики, жител на блиската зграда, рече дека околу 8 часот наутро по локално време, слушнал приближно пет гласни тресоци од неговиот стан.

„Беа доста распоредени, па помислив дека станува збор за градежни работи“, рече тој.

Набргу потоа, како што раскажа тој, „полицијата беше насекаде“. Управата на неговата зграда потоа испрати предупредување до станарите за можен активен напаѓач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Субару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили

Субару се збогува со боксер автомобилите во Европа. 

Субару со нов пристап кон европскиот пазар: Од 2028. остануваат само електричните автомобили

Од 2028 година ќе продаваат само електрични автомобили.

Субару ќе ги повлече сите модели со мотори со внатрешно согорување од европската гама до крајот на 2027 година. Брендот, кој со децении се карактеризираше со боксер мотори и погон на сите тркала, треба да им понуди на европските клиенти исклучиво електрични автомобили од 2028 година. Одлуката ја потврди германското претставништво на Субару за списанието Auto Motor und Sport.

Промената ги вклучува и бензинските и хибридните модели, па така Outback, Impreza, Crosstrek и Forester во нивните сегашни верзии постепено ќе исчезнат од понудата. Нивното место ќе го заземат електричните модели развиени во соработка со Тојота.

Прв што ќе си замине е бензинскиот Outback

Повлекувањето започнува со Outback, чија сегашна верзија со 2,5-литарски атмосферски боксер мотор од 169 КС треба да ја напушти европската понуда подоцна оваа година. Во 2027 година, Impreza, Crosstrek и Forester ќе следат со дволитарски e-Boxer хибриден погон со 136 КС.

Ова ќе го остави Subaru во Европа без дизајнот на моторот што стана еден од неговите заштитени знаци. Сепак, ова не е глобално збогување со boxer: брендот продолжува да развива вакви погони за други пазари, меѓу другите во комбинација со целосен хибриден систем.

Европските регулативи ги зголемуваат трошоците

Како причини за промената, Subaru ги наведува европските ограничувања за просечните емисии на CO₂ и барањата за безбедносни системи и системи за помош на возачот. Прилагодувањето кон тие правила ја отежнува хомологацијата и продажбата за помалите марки на автомобили.

За Subaru, кој продава релативно малку автомобили во Европа, инвестирањето во адаптирање на постојните бензински модели станува сè потешко да се оправда. Затоа тие ќе се фокусираат на електричната понуда.

Три електрични модели ја преземаат понудата

Според сегашниот план, европската понуда од 2028 година ќе се состои од Solterra, Uncharted и E-Outback. Сите три модели се технички поврзани со автомобилите на Тојота: Solterra со bZ4X, Uncharted со C-HR+ и E-Outback со bZ4X Touring.

Subaru официјално го најави електричното трио во јули 2025 година, тогаш како проширување на гамата на постојните модели со боксер мотори. Особено го истакна подобрениот погон на сите четири тркала, подолгиот досег и побрзото полнење. Интересно е што името Outback ќе остане во Европа дури и откако бензинскиот модел ќе исчезне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер